Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто за британската мрежа BBC рече дека Северна Македонија има инвеститори од европските земји, Кина, канадски компании, а најголемиот инфраструктурен проект што ќе го има е изградбата на Коридорот 8 кон Албанија и коридорот 10Д, автопат меѓу два големи македонски града, Битола и Прилеп, кои ќе бидат изградени од американскиот „Бехтел“ во конзорциум со турската компанија „Енка“. Во однос на енергетската криза, дополни дека е обезбеден финансиски антикризен пакет. „Преку Светска банка, го обезбедивме најголемиот финансиски антикризен пакет, меѓу сите земји во регионот, којшто ќе биде наменет за најранливите категории на граѓани во земјата и за…
„Производството и снабдувањето со струја од АД ЕСМ е стабилно“, порача претпладнево премиерот Димитар Ковачевски преку неговиот Фејсбук профил. Во изминатото деноноќие АД ЕСМ целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети, вели тој. „Во текот на вчерашниот ден АД ЕСМ произведе 13.309 MWh електрична енергија. Во термоелектраните се произведени 8.954 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци се произведени 4.355 MWh електрична енергија“, посочи премиерот додавајќи дека информирањетоза енергетската состојба во државата ќе продолжи и понатаму.
Делегациите на ОН, Турција и Украина денеска го одобрија распоредот за движење на 14 бродови во хуманитарниот поморски коридор. Ова беше речено во соопштението објавено од мисијата на светската организација во Заедничкиот координативен центар (ЗКЦ) со седиште во Истанбул. „Делегациите на Украина, Турција и Обединетите нации го договорија планот за движење на 14 бродови вдолж поморскиот хуманитарен коридор за утре, 31 октомври, од кои 12 од украинските пристаништа и 2 до украинските пристаништа“, се вели во соопштението. ОН за ваквата одлука ја информираа руската делегација. Во меѓувреме, ЗКЦ информираше шест бродови почнале да се движат од украинските пристаништа, но се…
„Штедењето е еден од битните предуслови за подобар живот на секој поединец и семејство, но и значаен фактор за унапредување на економскиот развој“, истакна Евица Делова-Јолевска, директорка на Дирекцијата за заштита на потрошувачите и финансиска едукација при Народната банка во гостување на Македонската телевизија по повод Денот на штедењето. Делова-Јолевска истакна дека населението е традиционално најзначајниот доверител на домашните банки. Депозитите на населението се со највисоко учество од околу 66 отсто во вкупната депозитна база на банките и историски наназад бележат постојан раст со различна динамика. Така, на крајот на третиот квартал од оваа година вкупните депозити на населението изнесуваат…
Воени тимови од Индија и денеска трагаат по исчезнати лица откако еден век стар висечки мост се урна во река вчера во западната индиска држава Гуџарат, при што загинаа најмалку 133 лица а повеќе стотици паднаа во водата. Ова е една од најтешките несреќи во земјата во последните години. Додека семејствата ги оплакуваат загинатите, вниманието се сврте кон тоа зошто мостот, изграден од Британците кон крајот на 1800-тите и кој се сметаше за „инженерско чудо“, се урнал и кој би можел да биде одговорен. Мостот бил под реконструкција и на 26 октомври повторно беше отворен. Весникот Indian Express објави дека…
Овој четврток, во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Омаж на маестро Александар Џамбазов“ во рамки на 45. издание на фестивалот „Денови на македонска музика“, посветен на големиот македонски композитор. Концертот е хуманитарен, а парите од билетите ќе бидат донирани на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија „Баланс-МК“. На концертниот омаж публиката ќе може да проследи дела од неговиот симфониски опус – „Седумте танцови варијации“ со Елена Атанасовска-Ивановска како солист на пијано и „Рапсодија за Скопје“ со Иво Настевски како солист на пијано, потоа дела од опусот на маестро Џамбазов напишани за ревиски оркестар – „Реминисценија“, „Балада за Шпато“ и други, како и избор од многубројните песни…
Фондацијата „Бугарска меморија“ ги избриша фотографиите од директорката на техничкото училиште во Битола, Жанета Сервини и заменикот Љупчо Здравковски, како и дел од текстот каде се споменуваа во објавата на интернет страницата на Фондацијата. До вчера во истата објава дека македонски студенти „кои се истомисленици“ на клубот „Иван Михајлов“ се во посета на Бугарија, пишуваше дека таму пристигнале и првите луѓе на техничкото училиште „Ѓорги Наумов“, Битола кои го посетиле приватното основно училиште „Цар Симеон Велики“ во село Ивањане. Денес овој дел од информацијата е избришан и Сервини и Здравковски веќе не се спомнуваат во објавата. Дополнително, Фондација денес излезе…
Поради одлуката на Русија да го прекине учеството во договорот за извоз на жито, блокирани се 218 бродови, соопшти денеска украинското Министерство за инфраструктура. Бидејќи Украина немала дозвола од заедничкиот координативен центар да помине низ безбедниот коридор, 218 пловни објекти биле блокирани на нивните сегашни позиции, објави Министерството на Телеграм. Министерството наведува дека 95 натоварени бродови што ги напуштиле украинските пристаништа чекаат на проверка за испорака до крајниот потрошувач, а 101 празен брод чекаат на проверка на влезот во украинските пристаништа. Наведено е и дека 22 брода со земјоделски производи чекаат да ги напуштат украинските пристаништа. Извор: МИА
Австралиската полиција на прес конференција извести за успешно спроведената заедничка акција на македонската и австралиската полиција, во која беше уапсен македонско-австралиски државјанин, во врска со недозволена трговија со наркотици. Акцијата е спроведена од страна на Секторот при МВР за криминалистички истраги и за недозволена трговија со дрога, секторите за прикриени полициски операции и меѓународна полициска соработка, САЕ – Тигар, обвинителството, и со соработка и размена на докази со Австралиската федерална полиција и американската ДЕА. По едногодишна истрага, во Струга, беше лишен од слобода 27 – годишен маж од Струга, со македонско и австралиско државјанство, кој бил координатор на меѓународна организирана…
Една жена го загуби животот, а нејзиниот 10-годишен син е полесно повреден откако во текот на ноќта се одронила огромна карпа и паднала врз хотелот во кој престојувале во туристичкото место Агиа Фотја во близина на Јерапетра во југоисточниот дел на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина. Карпата паднала врз собата од хотелот во која престојувало тричленото семејство, кое според локалните медиуми, денеска го завршувало одморот. Животот го загуби 45-годишната жена, нејзиниот син е полесно повреден, додека пак мажот кој е без повреди бил во делот од собата што останал недопрен од карпата. Од противпожарната служба на…
Денеска полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал Охрид и Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стење ги привеле Е. Ш. (22) и М.А. (25) од Република Албанија. При контрола во патничко возило „нисан“, со албански национални ознаки, биле пронајдени 139 парчиња охридска пастрмка со вкупна тежина околу 90 кг, кои биле предмет на недозволена трговија од Албанија кон Македонија . Е.Ш. и М.А. се приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Премиерот Димитар Ковачевски, на прес-конференција ги образложи новите одлуки од денешната владина седница, со кои се овозможува на компаниите што произведуваат основни прехранбени производи, основните и средни јавни училишта, јавните претпријатија за водоснабдување и одведување на отпадни води, да склучат договор со ЕСМ Продажба и да имаат поевтина струја. „Ќе обезбедиме поевтина струја од 80 евра по мегават/час за компаниите кои вршат производство на основните прехранбени производи. Со овие мерки компаниите, производителите на основни прехранбени производи ќе имаат предвидливост, стабилна и поевтина струја, што ќе влијае и врз стабилизирање на цените на производите на овие компании“, рече тој. Ковачевски потсети…