Поради одлуката на Русија да го прекине учеството во договорот за извоз на жито, блокирани се 218 бродови, соопшти денеска украинското Министерство за инфраструктура.

Бидејќи Украина немала дозвола од заедничкиот координативен центар да помине низ безбедниот коридор, 218 пловни објекти биле блокирани на нивните сегашни позиции, објави Министерството на   Телеграм.

Министерството наведува дека 95 натоварени бродови што ги напуштиле украинските пристаништа чекаат на проверка за испорака до крајниот потрошувач, а 101 празен брод чекаат на проверка на влезот во украинските пристаништа.

Наведено е и дека 22 брода со земјоделски производи чекаат да ги напуштат украинските пристаништа.

Извор: МИА