Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓаните во Македонија заштедиле 317 милијарди денари, пет отсто повеќе од лани

0
By Соња Крамарска on October 31, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 31, 2022 11:07

„Штедењето е еден од битните предуслови за подобар живот на секој поединец и семејство, но и значаен фактор за унапредување на економскиот развој“, истакна Евица Делова-Јолевска, директорка на Дирекцијата за заштита на потрошувачите и финансиска едукација при Народната банка во гостување на Македонската телевизија по повод Денот на штедењето.

Делова-Јолевска истакна дека населението е традиционално најзначајниот доверител на домашните банки. Депозитите на населението се со највисоко учество од околу 66 отсто во вкупната депозитна база на банките и историски наназад бележат постојан раст со различна динамика. Така, на крајот на третиот квартал од оваа година вкупните депозити на населението изнесуваат околу 317 милијарди денари, што е за 16 милијарди денари или за 5,4 отсто повеќе од истиот период минатата година.

Говорејќи за активностите за финансиска едукација коишто ги презема Народната банка, директорката на Дирекцијата за заштита на потрошувачите и финансиска едукација нагласи дека е обезбедена рамката за унапредување на финансиската едукација и инклузија,  преку донесувањето на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, од страна на сите финансиски регулатори, а под водство на Народната банка.

Делова-Јолевска, која зборуваше по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври, рече дека нема никаква дилема дека треба да се штеди во банките, бидејќи депозитите на граѓаните се безбедни, а банкарскиот сектор е стабилен. Таа истакна дека чувањето пари дома воопшто не е препорачливо, бидејќи се подложни на висок ризик од кражба и други несакани ситуации, наспроти нивната сигурност во банките и штедилниците, но и дека чувајќи пари дома, граѓаните губат средства врз основа на камата.

Народната банка и натаму ја одржува стабилноста на домашната валута, денарот е стабилен и ќе биде стабилен и во иднина, па директорката ја истакна и предноста од штедењето во денари, наспроти девизните депозити. „Држењето средства во странски валути е нерационална одлука и прави неоснована штета, бидејќи граѓаните плаќаат повисока цена и за промената на валутите и губат принос, со оглед на тоа дека каматните стапки на девизните заштеди се пониски“, вели Делова-Јолевска.

Народна банка Штедење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.