Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Поевтина струја за компаниите за стабилизирање на цените на храната

0
By Соња Крамарска on October 30, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Од денешната прес-конференција
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 30, 2022 17:40

Премиерот Димитар Ковачевски, на прес-конференција ги образложи новите одлуки од денешната владина седница, со кои се овозможува на компаниите што произведуваат основни прехранбени производи, основните и средни јавни училишта, јавните претпријатија за водоснабдување и одведување на отпадни води, да склучат договор со ЕСМ Продажба и да имаат поевтина струја.

„Ќе обезбедиме поевтина струја од 80 евра по мегават/час за компаниите кои вршат производство на основните прехранбени производи. Со овие мерки компаниите, производителите на основни прехранбени производи ќе имаат предвидливост, стабилна и поевтина струја, што ќе влијае и врз стабилизирање на цените на производите на овие компании“, рече тој.

Ковачевски потсети и дека беше јавно соопштено од производителите на основни производи дека со ваква одлука цените треба да се намалат за најмалку 10 отсто.

„Во оваа тешка криза им помагаме и на основните и на средните јавни училишта. За да имаат непречено и сигурно снабдување со евтина струја основните и средните јавни училишта при прогласена кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија може да склучат договор за снабдување со ЕСМ Продажба, по цена од 95 евра по мегават/час“, рече тој.

Премиерот дополни и дека е обезбедена и можност за снабдување со електрична енергија од ЕСМ за јавните претпријатија за водоснабдување и отпадни води кои работат со пумпни и пречистителни станици по цена од 95 евра за мегават/ час електрична енергија.

„Со цел да се спречат злоупотреби и манипулации при обезбедување на универзална услуга на пазарот на електрична енергија, Владата донесе одлука со која на општините и на Градот Скопје им се забранува да основаат јавно претпријатие, друштво со ограничена одговорност или акционерско друштво  за вршење дејност од јавен интерес-јавно осветлување. Оваа одлука е донесена поради тоа што сознанијата велат дека општините основале јавни претпријатија или дејности јавно осветлување или ја доделиле на постоечките јавни претпријатија“, објави Ковачевски.

Тој потсети и дека Владата ќе продолжи да ја субвенционираме струјата со 80 отсто за над 600.000 домаќинства и 72.000 мали потрошувачи фирми кои вработуваат 98 отсто од вработените во државата и дека и понатаму, и 42.000 граѓани од најранливи категории, ќе добиваат директна финансиска помош, а 330.000 пензионери покрај зголемените пензии ќе добијат 3.000 односно 6.000 денари поддршка согласно последниот пакет антикризни мерки.

владини одлуки Димитар Ковачевски прес цена на струја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.