Author: Соња Крамарска

Денеска во Скопје почна конференцијата на НАТО комуникатори, на која ќе учествуваат околу 300 експерти од оваа област. Отварајќи ја конференцијата премиерот Димитар Ковачевски рече дека за Македонија како најмлада членка на НАТО ваквите настани се од голема важност „бидејќи тие го детерминираат нашето натамошно внатрешно организирање и делување на полето на стратешките комуникации“. „Воените и политичките активности се тесно врзани со нивната комуникација и со умешноста истите да ги доближиме до граѓаните. Од комуникациите и од вашата отвореност зависи дали и како граѓаните ќе разберат на кои начини работиме на зачувување на нивната безбедност“, им порача Ковачевски на учесниците…

Read More

Неконзистентност и гледање лични, партиски интереси за задржување на функцијата, смета премиерот Димитар Ковачевски прашан за коментар во врска со барањето референдум на ВМРО-ДПМНЕ. Во овој момент, нагласи Ковачевски, какво било спречување на продолжување на процесот на евроинтеграции на државата е правење штета на граѓаните и на македонскиот евроинтегративен пат. „Ние сме држава која почна преговори со ЕУ со чист македонски јазик, со заштитен идентитет и тоа е направено врз основа на предлог којшто го добивме од ЕУ, предлог којшто беше изгласан во Собранието и против кој немаше ниту еден глас против. Тоа што опозицијата во моментов го прави, го…

Read More

И покрај енергетската криза, некои семејства се уште прават за 100 проценти повисоки сметки за електрична енергија, што укажува на копање криптовалути, беше објавено денес по седницата на Советот за безбедност во прилог на информацијата дека струјата треба да се штеди. Премиерот Ковачевски ги повика копачите на криптовалути да престанат да ја злоупотребуваат субвенционираната електрична енергија. На прашањето зошто не се прогласи копањето криптовалути за незаконско, Ковачевски рече дека за тоа ќе треба да се донесе законска регулатива. Денешната седница на Советот за безбедност што ја свика шефот на државата Стево Пендаровски, се одржа во знакот на надоаѓачката криза за…

Read More

Со цел промовирање на уште поактивно учество на домашните индивидуални инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност и вложување на населението во акции издадени од домашните компании што се тргуваат на Македонска берза, односно зголемување на знаењето за овие финансиски инструменти и подобрување на инвестициската култура во нашата држава, Берзата во вторник на 13 септември по трет пат ќе го одржи настанот „Инвеститорски ден“. Оваа иницијатива ја прифатија и во неа активно се вклучија Централниот депозитар за хартии од вредност, сите десет членки на Берзата и ЦДХВ, а настанот доби поддршка и од Комисијата за хартии од вредност. Одржувањето на „Инвеститорскиот ден“ значи дека…

Read More

Британскиот премиер Борис Џонсон пристигна на имотот на кралицата Елизабета Втора во Шкотска за официјално да ја понуди својата оставка за да го отвори патот Лиз Трас да го наследи во услови на акутна криза на трошоците за живот со која се соочува земјата. Џонсон конечно ќе ја напушти функцијата по внимателно подготвената кореографијата кај монархот во Балморал што се одржува два месеци откако тој ја објави својата намера да се повлече. Трас, која беше именувана за лидер на владејачката Конзервативна партија вчера, ќе биде назначена за премиер за време на нејзината средба со Кралицата кратко време подоцна во текот…

Read More

Владата ќе направи сѐ за да обезбеди на стопанството цена на електрична енергија која ќе биде оптимална на овие услови, да биде под берзанската цена и да биде издржлива за стопанските субјекти, изјави премиерот Ковачевски по работните состаноци со бугарскиот премиер Донев и претседателот на Бугарија Радев во Софија. Ковачевски рече дека ова треба да се реализира со формирање на работна група и други активности со Бугарија и соодветните тела во Европската Комисија бидејќи Бугарија е членка на ЕУ за да може да се комплетира тој дел. „Исто така македонскиот бизнис имаше барање да не бидат прекинати меѓународните текови на…

Read More

На 18-ти септември 2022-та во Скопје ќе се одржи првата Гран Фондо трка во Македонија, со што нашата земја и нашиот главен град ќе добијат свое место на мапата на светски познатите и реномирани велосипедски настани, кои се одржуваат во сите развиени земји. Гран Фондо е најатрактивната и најелитната велосипедска трка на светот, во која може да учествуваат професионалци и рекреативци. Тоа е најважниот глобален велосипедски настан на денешницата, кој доживеа експанзија особено во годините на и по пандемијата Ковид-19. „Македонија ќе добие одлична шанса за промоција на велосипедизмот со светски популарен настан, кој може да влијае позитивно и на…

Read More

За само две недели видовме две лица на Балканот, еден Балкан беше пред нас од 24 август до 1 септември, а сосема друг по првиот ден од септември кога се собраа претставниците на иницијативата „Отворен Балкан“ во Белград и напоредно со работниот дел покрај работата продефилираа и низ Саемот на вино. Првиот Балкан беше на работ на употреба на сила, а на вториот веќе се креваа чаши за вино и се наздравуваше.

Read More

Струмица од денес има нова детска градинка со современ ентериер. Фотографиите што ги објавуваме покажуваат иновативни решенија за најмладите, и современо уреден простор кој ќе биде пријатно катче за нивен престој додека родителите им се на работа, или пак вложуваат во воспитување и едукација на нивните најмили уште од најрана возраст. „Ентериерот на новата детска градинка во Струмица. Рај за очи, со преубави занимални, со потребните реквизити за дечињата, со простор за куклен театар и што ли уште не“, објави градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов промовирајќи ја детската градинка.

Read More

Поранешниот премиер Зоран Заев денеска во Белград, во рамки на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“, прими признание „Голема плакета“ од Стопанската комора на Северна Македонија за особен придонес во креирањето и продолжувањето на регионалната иницијатива Отворен Балкан, чија цел е промоција и развој на регионот, преку имплементирање на четирите слободи – слобода за движење на луѓето, стоките, услугите и капиталот. Плакетата е за личности кои најмногу придонеле за регионалната бизнис интеграција, а Комората ја доделува по повод 100 години од формирањето. Со оваа награда на Заев му се оддава длабока почит за креирањето на регионалната иницијатива Отворен Балкан. „Благодарам…

Read More

Во рамки на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ денеска во Белград, Северна Македонија, Србија и Албанија, потпишаа Договор за обезбеденост со храна. Како што објави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски кој е потписник на договорот од македонска страна, договорот ќе овозможи земјите членки на Отворен Балкан да си помагаат меѓусебно во случај на прекин на синџирите на снабдувањето со храна како последица од глобалната криза. „Денеска постигнавме уште еден голем успех, уште една цел од која најголем бенефит ќе имаат нашите народи. Овој Договор е само почеток на една многу поголема идеја, а тоа е развивање…

Read More