Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И покрај скапата струја некои семејства се уште копаат криптовалути, злоупотребувајќи ги буџетските субвенции

0
By Соња Крамарска on September 6, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Од денешната седница на Советот за безбедност на која се расправаше за енергетската криза
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 6, 2022 15:26

И покрај енергетската криза, некои семејства се уште прават за 100 проценти повисоки сметки за електрична енергија, што укажува на копање криптовалути, беше објавено денес по седницата на Советот за безбедност во прилог на информацијата дека струјата треба да се штеди. Премиерот Ковачевски ги повика копачите на криптовалути да престанат да ја злоупотребуваат субвенционираната електрична енергија. На прашањето зошто не се прогласи копањето криптовалути за незаконско, Ковачевски рече дека за тоа ќе треба да се донесе законска регулатива.

Денешната седница на Советот за безбедност што ја свика шефот на државата Стево Пендаровски, се одржа во знакот на надоаѓачката криза за електрична енергија и суровините за нејзино производство, при што во изјавата по седницата премиерот Димитар Ковачевски порача дека Владата ги презема сите мерки за да се преброди претстојната зима. Тоа ќе биде најтешка зима во поновата историја на светот, рече тој.

„Владата побара од ЕСМ да го зголеми производството на електрична енергија за 25 проценти. Извршувањето на таа задача ќе го следиме секојдневно. Во најтешкиот период за нас кој почнува на 1 октомври и ќе трае до април идната година или и до летото, на сите граѓани и на малиот бизнис, ќе им обезбедиме најниска можна цена на електрична и топлинска енергија, по сегашната цена, со задржување на ефтина струја и 24 часовна достапност на електрична енергија без рестрикции“, рече Ковачевски.

Сепак, премиерот на прашање подоцна најави дека е можно зголемување на цената на струјата од почетокот на идната година, но рече дека Владата ќе стори се за да се ублажи ценовниот шок.

И малите и средните фирми ќе користат електрична енергија по цена која е далеку пониска од берзанските цени, рече Ковачевски. Тој подвлече дека цената на електричната енергија за домаќинствата и за малите и средни претпријатија е субвенционирана од Владата во износ од 80 проценти и нагласи дека доколку не е таа буџетска субвенција сметките на граѓаните ќе бидат пет пати повисоки.

За Скопје премиерот упати порака дека ЕСМ е во фаза на преземање на БЕГ бидејќи скопската власт одбила да ја преземе оваа комунална дејност што е во нејзина надлежност, и дека сите 55 илјади домаќинства ќе добиваат топлинска енергија за нивните домови кои се греат на парно греење.

Ковачевски информираше и дека е обезбеден јаглен и мазут за РЕК Битола, ТЕЦ Неготино и РЕК Осломеј, но дека може во текот на зимата да дојде до непредвидени испади на дотраената и стара опрема која е во функција 40-50 години. Тој исто така навести и можни проблеми со транспортот бидејќи сите држави се во трка за енергетски набавки.

Премиерот ситуацијата што претстои ја нарече „ужасна“. Додаде дека Владата веќе прави енергетски план за следната пролет. „Бараме штедење на електрична енергија од сите граѓани, а владата ќе биде пример за тоа со планот кој важи од 1 септември“, рече Ковачевски.

Тој рече и дека соработката со соседите ќе биде многу важна бидејќи Бугарија произведува базна енергија за целиот регион а Грција е логистички центар на таа дејност и притоа ја пренесе подготвеноста на Софија, каде вчера беше на разговори, да ни помага во пребродувањето на зимата. Помошта ќе биде насочена кон електричната енергија за стопанството кое ја набавува на слободен пазар каде цената е во постојан пораст.

Бројките говорат дека  покрај домаќинствата, субвенционирана цена на струја користат и околу 72 илјади мали фирми со до 50 вработени.

На слободен пазар се 1350 приватни компании и 350-400 институции, за кои Владата ќе се грижи да добиваат струја по цена пониска од берзанската, за да можат да преживеат. „Меѓу нив се и компании кои произведуваат храна“, рече Ковачевски.

Планот за справување со енергетската криза „тежи“ околу 300 милиони евра за наредните два квартали. (С.К.)

 

енергетска криза Ковачевски Совет заљ безбедност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

ВЕСТИ May 1, 2026

Протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се…

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.