Author: Соња Крамарска

Во рамки на учеството на Бледскиот стратешки форум, министерот за надворешни работи Бујар Османи имаше свое обраќање на панелот „ЕУ и Западниот Балкан: кој е подготвен?“, заедно со заменик помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар; министрите за надворешни работи на Косово, Доника Гервала Шварц, Црна Гора, Ранко Кривокапиќ и БиХ, Бисера Турковиќ; специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Србија и Косово и други регионални прашања, Мирослав Лајчак; високиот претставник за БиХ, Кристијан Шмид и Зоран Нечев од Институтот за демократија Социетас цивилис – Скопје. Панелистите дебатираа за иднината на Западниот Балкан, која е поврзана со европските и евро-атлантските…

Read More

Темата која летово силно ја затресе Владата на Северна Македонија – францускиот предлог за решавање на македонско-бугарскиот спор и добивање датум за преговори со ЕУ, се чини има мал одглас на домашното дипломатско поле затоа што клучните европски престолнини кои ни се важни за оваа тема Брисел, Софија и Париз, по смената на амбасадорите се уште ги чекаат новите македонски амбасадори. Тоа значи дека овие критични политички центри за Македонија, ги оставаме празни, без шанса да се влијае било како, да се дигне глас, да се однесат на ручек или вечера дипломати од земјите поддржувачи, што е недозволиво за држава…

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на маргините на Бледскиот стратешки форум имаше средба со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан. Коментирајќи ја средбата шефот на македонската дипломатија изрази задоволство од неодамна одржаниот Стратешки дијалог и првичните резултати во форма на грантови за зајакнување на владеењето на правото, културата и одбраната. „Стратешкото партнерство меѓу двете земји се зајакнува, а билатералните односи влегуваат во нова, подинамична фаза на развој. САД даваат недвосмислена поддршка на европските интеграции на Северна Македонија и отворањето на пристапните преговори со ЕУ, како значаен…

Read More

Едно лице загина денеска во несреќа што се случила околу 11 часот на влез во железничка станица Миравци-Гевгелија, откако воз удрил во автомобил. Имено, како што информираа од СВР Струмица, товарниот воз кој сообраќал од Трубарево кон Гевгелија удрил во автомобил „опел вектра“ со гевгелиски регистарски таблички управувано од Р.И. (76) од валандовското село Удово. Тој починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Во моментот полицијата врши увид, а железничкиот сообраќај на оваа делница е во прекин.

Read More

Денеска шефот на државата Стево Пендаровски ги прими акредитивните писма од новата амбасадорка на Украина во нашата земја, Лариса Дир. „Да се биде амбасадор на Украина во овие тешки времиња за земјата, која е жртва на брутална агресија од страна на Руската Федерација, е исклучителна задача. Доаѓате во пријателска држава која секојдневно сочувствува со вас и затоа Ве уверувам дека ќе ја имате нашата целосна поддршка, а сите наши институции ќе го олеснуваат Вашето работење и ќе се обидат да помогнат на сите можни начини“, и рече претседателот на Северна Македонија на новата украинска амбасадорка. (С.Д.)

Read More

Ќе продолжиме да стоиме зад Северна Македонија додека се справувате со тешките реформи за да осигурате дека сите се еднакви пред законот и оти корупцијата нема да се толерира, порача американската амбасадорка во Скопје. „Јасно го гледате патот на земјата кон ЕУ и препознавате што заслужуваат граѓаните на Северна Македонија. Се надевам дека лидерите низ политичката структура ќе видат колку е критично да се променат системите и мрежите кои дозволуваат корупцијата да предизвика таква штета. Како што рече претседателот Бајден, корупцијата е рак што ја јаде вербата на граѓаните во демократијата, го намалува инстинктот за иновација и креативност. Го троши…

Read More

Поранешниот актер на Џејмс Бонд филмовите Даниел Крег, повикува да се стави крај на „бруталното“ оружје ширум светот и го критикува Кремљ што го употребувал во агресијата врз Украина. Даниел Крег повика на прекин на употребата на касетни бомби ширум светот, бидејќи украинските цивили се соочуваат со немилосрдни напади од Русија, пишува британски Телеграф. Крег ќе се обрати на конференцијата на Обединетите нации во Женева, со која претседава Обединетото Кралство за време на нејзиното претседавање со Конвенцијата за касетна муниција. Конвенцијата за касетна муниција бара да се стави крај на производството, продажбата и складирањето на бомбите.

Read More

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утрово, на маргините на Бледскиот стратешки форум, учествуваше на состанок организиран од министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, на кој се разменија мислења за актуелните случувања на Западниот Балкан, со фокус врз неговата европска и евро-атлантска перспектива, регионалната соработка, како и за влијанието на војната во Украина врз политичките и економски процеси во регионот. На почетокот на своето излагање, министерот Османи истакна дека почетокот на преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ има историско значење, со оглед на седумнаесетгодишниот период на чекање од добивањето на кандидатски статус. Според Османи, овој чин…

Read More

Шефовите на дипломатиите на Западен Балкан имаа заеднички состанок во рамките на Бледскиот форум што започна вчера и продолжи денеска во познатиот туристички центар на Словенија. „Почетокот на преговори со Северна Македонија ја нагласува важноста на политиката на проширување, како еден од најуспешните проекти на ЕУ во зајакнувањето на европското единство и консолидација на безбедноста и демократските принципи и вредности“, подвлече министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи кој учествуваше на состанокот. Министерот нагласи дека е од голема важност нашата комуникација и размена на мислења да продолжи во континуитет, во интерес на долгорочната стабилност и просперитет. „Форматот Б6 претставува…

Read More

Соединетите Американски Држави го поддржуваат договорот за влезно-излезните документи меѓу Косово и Србија и го гледаат како важен чекор напред кон нормализација на односите засновани на меѓусебно признавање, соопшти Стејт департментот за Гласот на Америка во врска со постигнатиот договор од двете страни. „Договорот за влезно-излезните документи е пример за ефективна примена на дијалогот за решавање на спорови и напредок. Дијалогот за Србија и Косово е механизам чија цел е да се постигне сеопфатен договор за нормализација на односите. Постигнувањето решение преку дијалог е од клучно значење за двете земји на нивниот пат кон европската интеграција“, се наведува во одговорот…

Read More

Како продолжение на Саемот на вино, храна и туризам кој од 1-4 септември се одржува во Белград, Владата на 7 септември, во рамките на Отворен Балкан, организира и регионален Фестивал на храна и вино што ќе се одржи во Струмица. Овој фестивал на вино и храна се одржува во соработка со реномираната организација Егзит во чија организација е и веќе најавениот музички хепенинг Get EXITed каде покрај богатата музичка програма, ќе биде понудена и специфична и интересна етно-гастрономска програма. Фестивалот на храна и вино бесплатно ќе биде отворен за сите посетители и ќе се одржи во Градскиот парк во Струмица,…

Read More

Вечерва во 20 часот во кафе барот „Филхармонија“ (во зградата на Филхармонија) Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ ќе ја додели наградата „Роман на годината“ за 2021 година. Романот „Денот на црвот“  е богат на ниво на стил, книжевна постапка, тон на раскажување, а хуморот, иронијата, суптилната пародија се само некои од стратегиите што авторката ги користи за да го збогати читателското искуство и да ги нијансира значењата на текстот, стои меѓу другото, во образложението на жири-комисијата, во состав Владимир Јанковски, Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева. За наградата „Роман на годината“…

Read More