Author: Соња Крамарска

Шефот на дипломатијата Бујар Османи пред малку соопшти дека пристигнал во Блед, Словенија каде што денес и утре се одржува традиционалниот Бледски стратешки форум. Османи на форумот ќе учествува на утрешниот панел „ЕУ и Западен Балкан: кој е подготвен?“ „Штотуку пристигнав во Блед, Словенија на реномираниот Бледски стратешки форум, партнер но и инспирација за нашиот Преспа форум за дијалог. Морам да кажам дека ова најверојатно е првиот форум после 20 години во кој претставник на Република Северна Македонија ќе треба да има поинаков наратив: сега имам привилегија на овој форум да претставам држава која што има започнато преговори со Европската…

Read More

Секојдневно во светот полетуваат и слетуваат повеќе од 200.000 авиони и други летала. Тоа вклучува комерцијални, товарни и чартер авиони – кои сочинуваат околу половина од вкупниот број – како и деловни авиони, приватни авиони, хеликоптери, воздушни амбулантни возила, владини и воени авиони, беспилотни летала, балони со топол воздух и едрилици. Повеќето од нив се опремени со транспондер, уред кој ја соопштува позицијата на авионот и другите податоци за летот до контролата на летање, а тој сигнал може да се сними со евтини приемници за автоматско следење и емитување. Оваа технологија ја користат веб-локаторите за следење летови, обезбедувајќи им на…

Read More

„Рано утрово ги посетив семејствата на опожарените куќи и сочувствувам со нивната трагедија. После удар на гром за неполн час изгореа 4 семејни куќи, кои што оставија пустош зад нив и сета онаа печалба во животот на луѓето ја снема за 5 минути“, рече градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески при денешата посета на семејните куќи кои изгореа во синоќешниот пожар. „За среќа пожарот не однесе човечки жртви, причинета е огромна материјална штета, речиси до темел се изгорени четирите семејни куќи. Ги повикувам сите општествено одговорни компании да помогнат секој во доменот на можностите, како и хуманите граѓани на општина Прилеп,…

Read More

„Морам да признам дека после подолго време за прв пат можеби сме на иста бранова должина со Пендаровски, во таа насока и јас размислувам да излезам со формулација на прашањето пред Извршниот комитет, но и пред граѓаните. Но и очекувам Пендаровски потоа да ги повика и останатите политички партии во Македонија доколку таа биде суштината на прашањето и да излезат на референдум“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Кавадарци, одговарајќи на прашање за изјавата на Пендаровски околу формулирање на прашањето за референдум. Мицкоски додаде дека тој е пријатно изненаден од ставот на Пендаровски бидејќи е позитивен за референдумското изјаснување.…

Read More

Со 88 гласа, без ниту еден против, Собранието ги донесе измените на Законот за Служба во Армијата, со кој се менуваат правилата на игра во најважната но и најчувствителната институција во државата. Законот нуди поволности за сите 6713 припадници на Армијата. Со новите измени е предвидено зголемување на платите на активниот воен и цивилен персонал за над 2000 денари. Во однос на пензионирањето, пак, стекнувањето право на пензија ќе биде со навршени 40 години работен стаж, односно 38 години за жени, без оглед на возраста. Има измена и во начинот на пресметката на износот на пензијата, сега како основа за…

Read More

Руската армија беше принудена да го собори својот хеликоптер Ка-52 во околината на регионот Керсон, откако хеликоптерот вреден 15 милиони долари ненадејно почна да пука кон руските војници, соопшти Генералштабот на украинската армија. Според информациите, три хеликоптери Ка-52 ја прелетале областа Керсон и отвориле оган врз руски војници на земја, мешајќи ги со Украинци. Потоа Русите возвратиле, при што собориле еден од нив. Украинските воени водачи се пошегуваа дека тоа не е грешка, туку „гест на добра волја“ од страна на напаѓачите.

Read More

Бугарскиот премиер Кирил Петков приреди работен појадок за шефовите на дипломатските претставништва во Бугарија, со кои Бугарија има силни врски и активна соработка. На настанот учествуваа амбасадорите на земјите членки на ЕУ и НАТО, земјите од Западен Балкан, Украина, Република Молдавија и Грузија. Ова го објави Министерскиот совет на нивната Фејсбук страница. Премиерот Петков им се заблагодари на амбасадорите што се мост меѓу Бугарија и нивните земји. Премиерот рече дека заедничкото присуство на дипломатите на средбата е уште еден знак за многуте заеднички сработени проекти во последните 8 месеци. (24 Часа)

Read More

Минатата ноќ удрил гром во една куќа во Прилеп, при што бил предизвикан пожар кој зафатил уште четири куќи. На терен интервенирале екипи на противпожарната бригада, при што пожарот бил изгаснат околу 3 часот по полноќ. Се очекуваат повеќе информации во текот на денов.

Read More

Иако вертикалните градини не се нови, една привлече внимание бидејќи ова е најголемата вертикална зеленчукова градина во светот и може да произведе повеќе од 900.000 килограми зеленчук годишно. Отворена е во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, недалеку од меѓународниот аеродром Ал Мактум. Наречена е Бустаника, а ја изгради „Кроп уан холдингс“ во соработка со „Емирејтс флајт кетеринг“. Површината на градината е 30.658 квадратни метри. Зелјестите растенија што ќе се одгледуваат ќе бидат „целосно чисти“ бидејќи ќе растат без пестициди и други хемикалии. Исто така, тука ќе се користи 95 отсто помалку вода во споредба со традиционалните градини, а ќе дава три…

Read More

Кинеската метропола Вухан затвори област од речиси милион луѓе откако откри четири асимптоматски случаи на Ковид, бидејќи како област каде за првпат изби пандемијата сега не толерира ни најмали знаци на Ковид водејќи се од  строгата кинеска политика за нулта Ковид. Властите во областа Џиангсија во Вухан, дом на повеќе од 970.000 луѓе, објавија дека ќе спроведат тридневни „привремени контролни мерки“. Местата за забава – вклучувајќи барови, кина и интернет кафулиња – малите клиники и пазарите за земјоделски производи се затворени; Јадење во ресторан и големи собири, од настапи до конференции, се суспендирани; сите места за богослужба се затворени и…

Read More

Латино-ѕвездата Шакира го отфрли договорот за признавање вина пред обвинителите во случајот за даночна измама во Шпанија, од 14,5 милиони евра, и сега е чекор поблиску до судење, изјави нејзин претставник. Колумбиската пејачка, која има продадено повеќе од 80 милиони плочи ширум светот, е целосно убедена во својата невиност и затоа не ја прифаќа спогодбата. Шакира секогаш ги плаќала сите даночни обврски и смета дека случајот е „целосно кршење на нејзините права“, се вели во соопштението. Шакира е обвинета дека не платила 14,5 милиони евра даночен приход во периодот од 2012 до 2014 година. Ова е време кога, според адвокатите…

Read More

Американската компанија „Мета“ првпат од основањето соопшти за пад на приходите на „Фејсбук“ и „Инстаграм“, што веднаш по објавувањето на податоците резултираше со поевтинување на акциите на компанијата за околу 1,4 отсто. Приходите на компанијата што остварува добивка главно преку рекламирање, во вториот квартал на годинава опаднале на 28,8 милијарди долари, што е помалку за еден процент од 29,1 милијарди долари остварени за истиот период лани. Од почетокот на април до крајот на јуни „Мета” објави профит од 6,69 милијарди долари или 2,46 долари по акција, што е пад од 36 отсто во однос на истиот период минатата година (10,39…

Read More