Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кинески Вухан затвори област со 1 милион луѓе поради 4 асимптоматски случаи на Ковид

0
By Соња Крамарска on July 28, 2022 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, СВЕТ
Вухан
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 28, 2022 09:35

Кинеската метропола Вухан затвори област од речиси милион луѓе откако откри четири асимптоматски случаи на Ковид, бидејќи како област каде за првпат изби пандемијата сега не толерира ни најмали знаци на Ковид водејќи се од  строгата кинеска политика за нулта Ковид.

Властите во областа Џиангсија во Вухан, дом на повеќе од 970.000 луѓе, објавија дека ќе спроведат тридневни „привремени контролни мерки“.

Местата за забава – вклучувајќи барови, кина и интернет кафулиња – малите клиники и пазарите за земјоделски производи се затворени; Јадење во ресторан и големи собири, од настапи до конференции, се суспендирани; сите места за богослужба се затворени и верските активности забранети, се вели во соопштението на владата.

Целиот јавен превоз, од автобуси до услугите на подземната железница, е суспендиран, а жителите се повикани да не ја напуштаат областа освен ако е апсолутно неопходно.

Властите идентификуваа и четири високоризични населби каде на жителите им е забрането да ги напуштаат своите домови. Уште четири населби се означени како среден ризик, што значи дека жителите не можат да ги напуштат своите соби.

Мерките имаа за цел „ да го намалат протокот на луѓе, да го намалат ризикот од вкрстена инфекција и да постигнат  нула-Ковид во најкус можен рок“, се вели во соопштението.

Сеопфатните ограничувања дојдоа веднаш откако властите во областа Џиангсија објавија откривање на четири асимптоматски инфекции во вторникот. Двајца биле откриени при редовно тестирање, додека другите двајца биле пронајдени меѓу нивните блиски контакти.

Вухан, транспортен и индустриски центар во централната кинеска провинција Хубеи, го прогласи првиот карантин во светот на почетокот на 2020 година за да го ограничи дивеењето на коронавирусот, откако првично се обидуваше да ја скрие епидемијата и ги замолчуваше здравствените работници кои се обидоа да алармираат. (Си-Ен-Ен)

Вухан затворена област Ковид
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.