Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шакира го отфрли договорот со шпанското обвинителство околу даночниот долг

0
By Соња Крамарска on July 28, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 28, 2022 08:58

Латино-ѕвездата Шакира го отфрли договорот за признавање вина пред обвинителите во случајот за даночна измама во Шпанија, од 14,5 милиони евра, и сега е чекор поблиску до судење, изјави нејзин претставник.

Колумбиската пејачка, која има продадено повеќе од 80 милиони плочи ширум светот, е целосно убедена во својата невиност и затоа не ја прифаќа спогодбата. Шакира секогаш ги плаќала сите даночни обврски и смета дека случајот е „целосно кршење на нејзините права“, се вели во соопштението.

Шакира е обвинета дека не платила 14,5 милиони евра даночен приход во периодот од 2012 до 2014 година. Ова е време кога, според адвокатите на пејачката, таа не живеела во Шпанија.

Современата „кралица на латино-музиката“, тврди дека се преселила во Барселона во 2015 година. Таму живеела со фудбалерот Жерар Пике. Двојката има две деца, но од неодамна веќе не живеат заедно.

Пејачката вели дека иако нејзиниот адвокатски тим не се согласил целосно за наводниот долг, таа платила 17,2 милиони евра кои шпанската даночна служба тврдела дека ги должи.

Според неа, таа со години нема неподмирен долг кон даночните власти. Сега судот ќе ѝ испрати покана за рочиште и треба да се одреди датум за судење. (МИА)

даночен долг обвинителство Шакира
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.