Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
„За нас Кирил Петков, Асен Василев или кој било кој од поранешната четворна коалиција, сегашната тројна коалиција или ‘Промените продолжуваат’ се персона нон грата“. Вака пред новинарите во Собранието на Бугарија изјави шефицата на пратениците на ГЕРБ Десислава Атанасова. Најдобрата опција е да има избори, беше категорична таа. Целата одговорност за се што се случи е на Кирил Петков, нагласи Атанасова. Со оваа ротација можеби до крајот на мандатот ќе имаме 8 премиери, но ова Народно собрание не е во состојба да формира стабилна работна влада, рече и Томислав Дончев. „Овој парламент е исцрпен. Очигледно е неспособен да формира какво…
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалува за 2,50, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1 ) за 2,00 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 104 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 103 денари за литар. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат. ЕУРОСУПЕР БС-95 и натаму ќе чини 109,00 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 111,50 , а Мазутот М-1 НС за 53,305 ден/кг. (Р.Н.)
Владата на Република Северна Македонија денеска на официјалната веб страница интегрално го објави предлогот на француското претседателство. Материјалот може да се види на следните линкови: Ministerial meeting of the intergovernmental conference – Completing the opening of the negotiations on the accession of North Macedonia to the European Union – General EU Position Draft Council Conclusions Draft EU Common Position for the first IGC Предлогот во кој се вградени забелешките на Валадата од денеска е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која започна утрово со состанок на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски со членовите на…
„Разговаравме со факти, детали и имајќи ја на ум наш стратешка цел членство на ЕУ. Нашите коалициски партнери го добија текстот на францускиот предлог, ќе го разговараат во нивните партии и на следниот состанок ќе заземеме став“, соопшти денес премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски по средбата со коалициските партнери. Ковачевски посочи дека одбивањето на првиот француски предлог дало резултати и дека сегашниот предлог го гарантира чистиот македонски јазик како и Протоколот меѓу Македонија и Бугарија да не биде дел од преговарачката рамка. „Сегашниот предлог е солидна основа за градење сериозен и одговорен државен став за можноста која се…
Директорите на јавните здравствени установи во Клинички центар и Министерот за здравство спротивно на законот, донесоа одлуки за прекин на договорот за вработување на поголемиот број здравствени работници, односно здравствени соработници кои наполниле 64 години возраст и имаат 15 години пензиски стаж, реагира денес синдикатот на Клиничкиот центар во Скопје. Синдикатот тврди дека некои директори на здравствени установи и министерот за здравство присилно праќаат медицински персонал во пензија, односно не го почитуваат нивното право со потпишана изјава да останат на работа до 67 години возраст. „Директорите на здравствените установи и Министерот за здравство немаат законски основ за донесување одлука за прекин на работен однос…
Расчистена е кражбата на уметнички слики, предложен е притвор за едно лице, јави денес и скопското обвинителство откако утринава полицијата соопшти дека го фатила сторителот. Информациите говорат дека сторителот, 33-годишен маж, на 26 и 27 јуни, два пати влегувал во книжарница на улицата „Ѓуро Стругар“ во Скопје, од каде противправно одзел 16 уметнички слики со вкупна вредност од 984.000 денари. На 26 јуни, во раните утрински часови, тој со употреба на погоден алат и физичка сила, го скршил катанецот на задната влезна врата на книжарницата и од ѕидовите откачил и зел 6 уметнички слики од уметникот Павле Кузмановски. Настанот бил пријавен…
Готови се прелиминарните резултати од државната матура, што е за 12 дена порано од законскиот рок, информираат во Државниот испитен центар (ДИЦ). Резултатите се испратени до училиштата, а секој кандидат може и електронски да провери што добил на тестот на следниот линк. „Државната матура оваа година се реализираше во согласност со договорот со средношколците, односно два екстерни, два интерни предмети и проектна задача и скратени испитни програми. Средната оценка на екстерните испити од прелиминарните резултати е 3,78 и е повисока во однос на минатата година кога изнесуваше 3,61“, се наведува во соопштението на Државниот испитен центар. Следува период на приговори, односно заклучно со…
Советот на Народната банка, на својата редовна седница, донесе одлука за натамошно раздвојување на стапките на задолжителна резерва од валутен аспект, заради стимулирање на штедењето во домашна валута. Притоа ја намали задолжителната резерва за денарските обврски од 6,5 отсто на 5 отсто, а истовремено ја зголеми стапката на задолжителна резерва за обврските во странска валута од 16,5 отсто на 18 отсто. Оваа мерка, којашто е втора по ред по мартовската промена на стапките на задолжителна резерва, е наменета за натамошно поттикнување на денаризацијата на билансите на банките, што би се постигнало преку промени во каматната политика на банките, поточно преку понуда…
„Денес сме пред Собранието на Македонија каде што заседава Комисијата за финансирање и буџет на која ќе се најде точка на дневен ред амандманот на Сојуз на синдикатите на Македонија. Затоа упатувам јасна порака до пратениците кои се членови на таа комисија и за кои ставивме 14 столчиња со осум жолти картони бидејќи минатиот пат не го изгласаа тој предлог амандман за 2806 денари линеарно зголемување на платите на работниците да се освестат и да го изгласаат“, порача денес пред Собранието лидерот на Сојузот на синдикати Дарко Димовски. „Јавно од тука им порачувам: сите овие работници што стојат зад мене…
Талат Џафери останува претседател на Собранието, откако синоќа пратениците не ја изгласаа интерпелацијата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ. Против интерпелацијата гласаа 61 пратеник, „за“ 43 и ниту еден воздржан. Во гласањето учествуваше и Џафери. „Нема да дозволам да се узурпира овој дом. Овој дом припаѓа на народот. Јас сум растоварен од партиските обврски и настојувам таа моја определба да ја терам до крај. Комуникацијата продолжува со секој од вас што има волја да комуницира со мене како претседател на Собранието“, рече Џафери по гласањето.
Имам апсолутна доверба во него, рече премиерот во оставка Кирил Петков, предлагајќи го Асен Василев за нов премиер на Бугарија во видео обраќањето кое заврши пред малку. Нема да дозволиме Бугарија да тргне во погрешна насока и странски дипломати да даваат насока, рече Кирил Петков. „Сметам дека Асен Василев е личноста која нема да го дозволи сето ова“. „Бугарија е на историски крстопат. Мораме да одиме напред. Најважните реформи за државата мора да се спроведат за 6 месеци. Да се обединиме во име на европската иднина на Бугарија“, рече Петков. „Нема поважна функција или позиција од оваа задача. Затоа вчера…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи утрово се сретна со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер. Нема детали за содржината на средбата освен фотографија со кус коментар на македонскиот шеф на дипломатијата: „Благодарност за посветеноста на Франција и напорите за да се отвори патот на Северна Македонија кон ЕУ. Уште денеска, францускиот предлог ќе се претстави кај сите институции на Република Северна Македонија, секако и пред граѓаните и целата јавност. Колку побрзо ќе се заврши консултативниот процес тоа е толку подобро за нас“, порача Османи. (С.К.)