„За нас Кирил Петков, Асен Василев или кој било кој од поранешната четворна коалиција, сегашната тројна коалиција или ‘Промените продолжуваат’ се персона нон грата“.

Вака пред новинарите во Собранието на Бугарија изјави шефицата на пратениците на ГЕРБ Десислава Атанасова.

Најдобрата опција е да има избори, беше категорична таа.

Целата одговорност за се што се случи е на Кирил Петков, нагласи Атанасова.

Со оваа ротација можеби до крајот на мандатот ќе имаме 8 премиери, но ова Народно собрание не е во состојба да формира стабилна работна влада, рече и Томислав Дончев.

„Овој парламент е исцрпен. Очигледно е неспособен да формира какво било работно мнозинство“, коментира Дончев.

Петков кој не може да состави мнозинство поставува услови – ГЕРБ без Борисов, ова е лудо“, рече тој. (Р.Н.)