Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Управниот Одбор на Комерцијална банка АД Скопје го прошири својот состав со два нови члена. Во соопштението кое го објави банката стои дека новите членови се Билјана Максимовска Поповиќ и Никола Џамбазовски, кои се едни од раководните лица на Комерцијална Банка. Со тоа бројот на членови на Управниот Одбор на банката се зголеми од три на пет. „Комерцијална банка АД Скопје известува дека, согласно последните измени на Статутот на Банката, Управниот одбор на Банката во состав – Хари Костов, претседател и главен извршен директор, Илија Илоски, член и главен оперативен директор и Маја Стевкова Штериева, член и главен финансов директор,…
На грчките острови Миконос и Санторини 36,98 отсто, односно 25,32 проценти од направените тестови за Ковид-19 се позитивни во изминатата седмица, согласно официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), за стапката на позитивност во периодот од 6 до 12 јуни 2022 година, јави дописничката на МИА од Атина. За разлика од една седмица претходно, на Миконос има зголемување за 14 отсто на позитивните случаи (од 22,91 процент на 36,98 отсто), а на Санторини за два отсто. Според стапката на позитивност, следи западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина со 16,33 отсто, островот Карпатос со…
Флота од 12 противпожарни авиони и еден хеликоптер од денеска е во функција и е подготвена за интервенции ширум Европската Унија, соопшти денеска Европската комисија. Флотата е подготвена да се распореди летово, кога е потребен заеднички европски одговор, за да се спасат животи, средства за живот и животна средина, соопшти Комисијата. Дванаесет авиони и еден хеликоптер се наоѓаат во Хрватска, Франција, Грција, Италија, Шпанија и Шведска. Секоја од шесте земји обезбедува по два противпожарни авиони, а Грција обезбедува дополнителен хеликоптер. Противпожарната флота е дел од Механизмот за цивилна заштита, односно системот rescEU, европската резерва на дополнителни капацитети. „Минатата година бевме…
Првично, седницата на парламентот требаше да биде затворена и да се презентираат строго доверливи документи за да се расветлат „независните дејствија“ на премиерот Петков насочени кон заобиколување на МНР и Рамковниот став, кој беше усвоен едногласно од сите бугарски партии. Премиерот Петков испрати предлог со кој практично целосно се ревидира Рамковниот став донесен од Народното собрание и Владата, но тој беше одбиен од МНР, објасни шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска на денешната седница на парламентот каде требаше да ги запознае пратениците со „сомнителните“ активности на премиерот Петков во врска со укинувањето на ветото за Македонија. „На 5 април годинава,…
Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека започнува нов механизам за дистрибуција на вакцини за да се запре ширењето на мајмунските сипаници во 30 земји надвор од Африка. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека организацијата работи на иницијатива за „фер пристап“ до вакцини и лекови за мајмунски сипаници. Механизмот беше предложен веднаш откако Велика Британија, Канада, Франција, Германија, САД и други земји пријавија стотици случаи на вирусот на мајмунски сипаници минатиот месец. Се смета дека вакцините против големи сипаници, кои се предизвикани од сличен вирус, обезбедуваат ефикасна заштита од мајмунски сипаници во 85 проценти од случаите. Директорот на СЗО…
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска информираше дека го потпишал Правилникот за обновливи извори на енергија со кој граѓаните и компаниите ќе можат да произведуваат електрична енергија на нивните покриви а воедно и да ја продаваат на откупувачот или дистрибутерот на електрична енергија. „Со Правилникот се воведуваат производителите потрошувачи како нови учесници во пазарот со електрична енергија. Согласно Правилникот, потрошувач-производител е домаќинство, мал потрошувач, буџетски корисник, кој може да изгради постројка за производство на електрична енергија од обновлив извор на енергија, при што произведената електрична енергија ја користи за сопствена потрошувачка, а вишокот го дава во електродистрибутивната мрежа“, рече министерот.…
Европската комисија денеска покрена постапка против Велика Британија поради кршење на меѓународното право, односно непочитување важни делови од Протоколот за Северна Ирска. Брисел забележува дека и покрај постојаните повици, британската Влада не успеала да го спроведе договорениот Протокол. „Ова е јасно кршење на меѓународното право. Целта на оваа постапка е да се воспостави усогласеност со Протоколот во голем број клучни области што Велика Британија не ги спроведувала правилно, а во крајна линија со цел заштита на здравјето и безбедноста на граѓаните на ЕУ“, соопшти Европската комисија. Комисијата денеска презентираше дополнителни детали за можни решенија за олеснување на движењето на стоки меѓу…
„Очите на 18 милиони луѓе се вперени во Софија каква одлука ќе донесе за почеток на преговори на Северна Македонија и Албанија со ЕУ. Мислам дека граѓаните на Бугарија не сакаат да бидат кочничари на европската иднина на 18 милиони луѓе бидејќи тоа веќе не е ни прашање дали Северна Македонија ќе почне преговори, туку дали Западен Балкан ќе има европска перспектива“, рече претпладнево шефот на дипломатијата Бујар Османи на прес-конференцијата во Скопје со хрватскиот колега Гордан Грлиќ Радман. „Во рацете на Република Бугарија, земја која што во 2018 година ја врати европската агенда на Западен Балкан преку самитот во…
На 15.06.2022 околу 02.30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Климештани и Ботун, општина Дебарца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Бмв“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.М.(21) од Струга и патничко возило „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Д.(62) од селото Ботун. Од здобиените повреди на местото починал Ѓ.Д., а М.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница Охрид. Увид на местото на настанот извршиле екипа на СВР Охрид и Јавен обвинител, по чија наредба врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.
Со гласови од ГЕРБ – СДС, ДПС, „Има таков народ“ и „Преродба“, бугарскиот Парламент одлучи како прва точка на дневниот ред, денеска, да ја сослуша министерката за надворешни работи Теодора Генчовска. Предлогот беше одобрен со 117 гласа „за“, 108 против и пет воздржани. Од „Продолжуваме со промената“, „БСП за Бугарија“, „Демократска Бугарија“ и четворица независни пратеници гласаа „против“ предлогот. На барање на „Има таков народ“, сослушувањето на министерката Генчовска е зад затворени врати. Затоа медиумските камери беа запрени и од пратениците беше побарано да ги остават телефоните надвор од салата. Генчовска е кандидат на партијата на Слави Трифонов и пред…
Владата на денешната седница донела решение за распуштање на Советот на Општина Тетово, дознаваме од владини извори. Решението е донесено врз база на информацијата поднесена од Министерството за локална самоуправа во која е наведено дека Советот до 31 март не ја усвоил завршната сметка за 2021 година. Тоа, пак значи дека ќе треба да се спроведат во Тетово вонредни локални избори за членови на советот на општината. Одлуката за избори, како и датумот за нивно одржување се во надлежност на претседателот на Собранието Талат Џафери. Прогнозите се дека Џафери ќе го определи 20 август за датум на изборите, бидејќи на…
Министерот задолжен за дијаспора Џемаил Чупи, за време на престојот во Република Италија, имаше средби и со дијаспората од Северна Македонија. Тие побараа од министерот Чупи да им се овозможи нова авионска нискобуџетна линија меѓу италијанскиот град Тревизо и Охрид. Во градот Тревизо, односно во регионот Венето живеат и работат околу 25.000 граѓани од Северна Македонија, од кои половината се од југозападниот регион кој ги опфаќа населените места Дебар, Центар Жупа, Кичево, Охрид, Струга, вклучително и општина Маврово-Ростуше.