Author: Соња Крамарска

Државната комисијата за спречување на корупцијата на денешната седница донесе одлука да предложи кривично гонење за екс-генералните секретари на Владата Драги Рашковски и Мухамед Зеќири, за незаконски ангажирања на лица за работа со договор на дело, и ангажирања преку приватна агенција за привремени вработувања, како и за ангажман на лица за вршење на интелектуални услуги. Претседателката Билјана Ивановска, нa денешната седница на Комисијата реферирајќи за овој предмет рече дека ДКСК ќе побара кривично гонење за екс-генералните секретари на Владата Драги Рашковски и Мухамед Зеќири, за злоупотреба на службената положба, според членот 353 од Кирвичниот закон. Ивановска појасни дека Комисијата извршила…

Read More

Граѓаните од денеска ќе можат да аплицираат за субвенција за станбен кредит од државата преку проектот „Купи куќа, купи стан“. Објавен е јавен повик согласно кој ќе можат да поднесат барање, заклучно со 31 август 2022 година, за државна субвенција на учеството или на месечната рата за купување на нов стан или изградба/купување на нова куќа. Субвенцијата се одобрува за станбен кредит до 50.000 евра, чиј рок на отплата не е пократок од 20 години и истата може да достигне и до 20.000 евра, согласно избраниот модел на субвенционирање и висината на кредитот. Согласно избраниот модел субвенционираниот период може да биде и до 11 години.…

Read More

Не, не преговараме, се подготвуваме за официјална посета на стручните тимови на МНР на Бугарија и МНР на Северна Македонија. Ова денеска на брифинг во МНР го истакна министерката Теодора Генчовска, јави репортерот на БГНЕС. Генчовска ова го изјави по написите дека наскоро ќе биде организирана посета на Франција на претседателот Румен Радев и премиерот. Во нивната делегација ќе биде и претставник на бугарското МНР. Во Париз се очекува да го одобрат предлогот на Емануел Макрон за укинување на ветото за преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Шефицата на бугарската дипломатијата исто така рече дека нема конкретни резултати. Последните разговори…

Read More

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска ја доби интерпелацијата поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, по која тој ќе постапи согласно роковите и процедурите предвидени со Деловникот на Собранието, соопшти пред малку неговиот кабинет. Според Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, интерпелацијата се поднесува до претседателот на Собранието, кој веднаш ја доставува до оној на кого му е упатена и до пратениците. Џафери во рок од 15 дена има право писмено да одговори на интерпелацијата. Интерпелацијата се става на дневен ред на првата наредна седница на Собранието, по истекот на 15 дена од денот на доставувањето на одговорот…

Read More

Состанокот меѓу заедничкиот истражен тим – составен од Украина, Литванија и Полска – и обвинителот на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан, доаѓа откако руските сили беа обвинети за убиства на цивили во Буча и напади врз цивилна инфраструктура во Мариупол. Присутна ќе биде и државната јавна обвинителка на Украина, Ирина Венедиктова, чија канцеларија веќе отвори повеќе од 8.000 кривични истраги и идентификуваше над 500 осомничени кои опфаќаат руски министри, војска и команданти, јави Асошиетед Прес. Заедничкиот истражен тим првпат беше формиран кон крајот на март, набргу откако Меѓународниот кривичен суд отвори истрага. Истовремено, надвор од Хаг, обвинителите во Полска, Германија,…

Read More

Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ги посетија домовите на двајца корисници на проектот „Сервис застари – „Центар се грижи за возрасните“ преку кој повозрасните жители на Центар добиваат нега во своите домови. „Со овој проект помагаме на 90 граѓани од општина Центар да добијат помош и поддршка при извршувањето на домашните работи, од страна на стручни и обучени лица. Корисниците добиваат медицинска нега, вежби и совети од лиценцирани физиотерапевти, психолози, негуватели исоцијални работници, 3 пати по 2 часа во неделата во нивните домови. Со јавниот повик кој е во тек…

Read More

Во која мера брендовите како МекДоналдс, Кока-кола, Леви’с, Малборо, или филмските, уметничките или рок звездите од Џемс Дин, Мерлин Монро, Енди Ворхол, Елвис Присли, Дејвид Бови до Боно, Бијонсе или Бред Пит и Анџелина Џоли..влијаеле за да ја засакаме западната култура и цивилизација? Од Гутенберг до Мартин Лутер за време на Реформата и од појавата на филмот, радиото, телевизијата, рекламата до денес, овие алатки се трансформираа во најмоќниот вектор на влијание врз масите. Дури и Сталин со голема страст ги гледал холивудските продукции на Чаплин, Тарзан со Џон Вајсмилер, Џон Вејн, иако последниов го осудил на смрт заради „империјалистичките говори и нападот врз СССР..“ Сите споменати…

Read More

Наскоро ќе биде организирана посета на Франција на претседателот Румен Радев и премиерот Кирил Петков. Во нивната делегација ќе биде и претставник на бугарското МНР. Во Париз се очекува да го одобрат предлогот на Емануел Макрон за укинување на ветото за преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, јави утринава бугарската агенција БГНЕС. Според агенцијата посетата на Париз била дел од договорот што паднал на последниот коалициски совет што се одржа во петокот вечерта на 27 мај. Во текот на разговорот, владата информираше дека „француското претседателство ветило дека ќе ги вклучи сите бугарски барања во преговарачката рамка и нивното…

Read More

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска денеска на работниот состанок со претседателот на државата Стево Пендаровски, на Собранието Талат Џафери и  на Владата Димитар Ковачевски, информираше за сериозноста на ситуацијата со која е соочен Уставниот суд во последните шест месеци бидејќи функционира со пет судии од вкупно девет, колку што се предвидени во Уставот. „Поради недостаток на судии повеќе од 30 предмети не може да добијат мнозинство и се одолговлекуваат  за понатаму, а штетата ја трпат граѓаните“, посочи Кацарска. „Судот не може во целост да ја оствари улогата на заштитник на граѓанските слободи и права и да одлучува за согласноста…

Read More

Викендов, нашата земја беше зафатена од нестабилни временски услови кои предизвикаа пороен дожд и град на повеќе места низ државата. Екипи на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска се на терен низ повеќе региони и вршат увид на состојбата и штетите предизвикани од невремето. Министерот Николовски заедно со директорот на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) Ивица Тодоровски, го посетија Лозово кое вчера во текот на ноќните часови беше зафатено од силно невреме проследено со град. „Денеска сме во Лозово заедно со земјоделците и директорот на УХМР, Ивица Тодоровски каде вршиме увид врз штетите кои ги предизвика невремето. За жал најголеми…

Read More

На самитот во јуни во шпанската престолнина Мадрид, НАТО „ќе го трасира патот напред за следната деценија“, рече лидерот на Алијансата, Јенс Столтенберг. „Ние ќе ја прилагодиме нашата одбрана на новиот ‘поопасен’ свет“, рече Јенс Столтенберг на церемонијата во Шпанија по повод 40-годишнината од пристапувањето на земјата во НАТО. Тој потсети дека на самитот во Мадрид во 1997 година почнале преговорите за можното членство на Унгарија, Полска и Чешка во НАТО. „Овој самит означи нова ера на надеж и аспирација. Отворената врата на НАТО и проширувањето на Европската унија помогнаа во ширењето на слободата, демократијата и просперитетот во Европа. Тоа…

Read More

Инфлацијата во нашата земја во април достигнала 10,5 отсто, а Народна банка преку своите инструменти почнала со постепена нормализација на монетарната политика, вели гувернерката Анита Ангеловска – Бежоска. Зборувајќи за инфлациските движења и проекции таа рече дека во Централна и Југоисточна Европа инфлацијата во тој период била 11,4 отсто. „Инфлацијата е зголемена и во домашната економија и изнесувала 10,5 отсто во април, со оглед на исклучително високата трговска отвореност на земјата, што значи голем број продукти коишто ги користиме се од увоз“, посочи гувернерката Бежоска во својот говор на Годишната меѓународна конференција „Одржување на растот во време на неизвесност и…

Read More