Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Столтенберг: НАТО се прилагодува на поопасен свет

0
By Соња Крамарска on May 30, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 30, 2022 15:43

На самитот во јуни во шпанската престолнина Мадрид, НАТО „ќе го трасира патот напред за следната деценија“, рече лидерот на Алијансата, Јенс Столтенберг.

„Ние ќе ја прилагодиме нашата одбрана на новиот ‘поопасен’ свет“, рече Јенс Столтенберг на церемонијата во Шпанија по повод 40-годишнината од пристапувањето на земјата во НАТО.

Тој потсети дека на самитот во Мадрид во 1997 година почнале преговорите за можното членство на Унгарија, Полска и Чешка во НАТО.

„Овој самит означи нова ера на надеж и аспирација. Отворената врата на НАТО и проширувањето на Европската унија помогнаа во ширењето на слободата, демократијата и просперитетот во Европа. Тоа беше и останува историски успех“, рече Столтенберг.

Тој додаде дека состанокот следниот месец во Мадрид ќе биде „уште еден историски самит“.

„Овој пат, сепак, контекстот е многу поинаков. Тоа не е нов наплив на слобода, туку студен здив на конфликт“, рече тој. „Русија води агресивна војна против Украина. Авторитарните режими се обидуваат да го поткопаат меѓународниот поредок заснован на правила. Присилната политика на Кина ги доведува во прашање нашите интереси, безбедност и вредности. И Кина ѝ се придружи на Русија во отворено оспорување на правото на секоја земја да го избере своето сопствен пат“, истакна генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Според Столтенберг, НАТО се стреми да ја „продлабочи соработката со слични земји и организации, вклучително и Европската унија и земјите од индо-пацифичкиот регион“.

„Самитот во Мадрид е можност да ја потврдиме нашата посветеност на вредностите на НАТО и виталната важност Европа и Северна Америка да работат заедно во НАТО“, рече тој.

Столтенберг, придружуван од шпанскиот крал Фелипе и премиерот Педро Санчез, потврди дека Финска и Шведска – последните европски земји што ќе се приклучат на НАТО исто така ќе присуствуваат на самитот од 29 до 30. јуни во Мадрид.

Јенс Столтенберг НАТО самит во Мадрид
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

ВЕСТИ June 20, 2026

Висока иранска делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, отпатува во Швајцарија на…

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.