Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје: Досега се пријавени 67 корисници на проектот „Центар се грижи за возрасните“, има простор за уште 23

0
By Соња Крамарска on May 31, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 31, 2022 13:03

Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ги посетија домовите на двајца корисници на проектот „Сервис застари – „Центар се грижи за возрасните“ преку кој повозрасните жители на Центар добиваат нега во своите домови.

„Со овој проект помагаме на 90 граѓани од општина Центар да добијат помош и поддршка при извршувањето на домашните работи, од страна на стручни и обучени лица. Корисниците добиваат медицинска нега, вежби и совети од лиценцирани физиотерапевти, психолози, негуватели исоцијални работници, 3 пати по 2 часа во неделата во нивните домови. Со јавниот повик кој е во тек 67 наши сограѓани имаат поднесено барање за користење на услугите, но има простор да се пријават уште, сѐ додека бројката не ја стигне границата од 90 жители“, изјави Герасимовски.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска порача дека грижата за граѓаните, со посебен акцент на ранливите категории на граѓани е врвен приоритет на Владата и на Министерството за труд и социјална политика.

„Нашите највозрасни сограѓани, се едни од најранливите во општеството, на кои помошта и поддршката им е и повеќе од неопходна. Како Министерство ја поздравуваме секоја иницијатива која има за цел да даде помош и поддршка и на било каков начин обезбеди подобрување на квалитетот на живот на старите и изнемоштени лица и лица кои не можат самостојно да се грижат за себе“, изјави Тренчевска.

Јавниот повик за проектот е отворен за уште 23 корисници по што Герасимовски ги повика граѓаните кои имаат потреба од нега во домашни услови да поднесат барања потенцирајќи дека услугите во рамки на проектот се најдрагоцени за највозрасните жители во општината.

Проектот оваа година започна од 12. мај од кога се примаат барања, а ќе трае се до исцрпување на финансиските средства предвидени за оваа намена.

Проектот Сервис за стари – „Центар се грижи за возрасните“ општина Центар го реализира шеста година по ред и има највисоки оценки од корисниците. (Р.Н.)

градоначалник Герасимовски Општина Центар помош на стари граѓани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.