Author: Соња Крамарска

Руското Министерство за надворешни работи објави забрана за влез во земјата на 154 членови на Домот на лордовите на британскиот парламент, како одговор на санкциите на Велика Британија против руски официјални лица поради војната со Украина. Министерството соопшти дека 154-те лица „дале директен придонес во развојот на лондонските антируски санкции“ со цел создавање услови за „политичка изолација на Русија и уништување на нејзината економија“. Русија исто така ги обвини дека „го искористиле својот авторитет за да подигнат антируска хистерија во Велика Британија“ и дека се „наклонети кон русофобниот политички курс на британската конзервативна влада“. Меѓу оние на црната листа е…

Read More

Веста за заедничката литургија на македонската и српската православна црква во Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје за одобрувањето и благослов на српскиот патријарх Порфириј за автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е објавена и на официјалниот сајт на Српската православна црква, а се најде и во ударните наслови во сите српски медиуми, јави дописникот на МИА од Белград. На официјалниот сајт на СПЦ, под наслов, „Патријархот Порфириј – Бог е Алфа и Омега на нашето постоење во историјата и вечноста“, се соопштува одлуката на СПЦ. „Светиот архиерејски Собор едногласно и еднодушно излезе во пресрет на барањата на…

Read More

Унгарскиот премиер Виктор Орбан рече дека Будимпешта не е во позиција да се согласи со предложените нови санкции на ЕУ, вклучително и нафтено ембарго кон Русија. Во писмото до претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, Орбан рече дека е „неверојатно“ да се најде решение до самитот на лидерите на ЕУ следната недела и дека лидерите не треба да разговараат за ова прашање на состанокот. Во писмото тој вели: „Гледајќи ја тежината на прашањата кои уште се отворени, малку е веројатно дека може да се најде сеопфатно решение пред специјалниот состанок на Европскиот совет на 30-31 мај“. Орбан додава дека е…

Read More

Истражување на Меѓународниот институт за социологија покажа дека 82 отсто од Украинците сметаат дека нивната земја под никакви околности не треба да отстапи дел од својата територија при мировен договор со Русија. Истражувачите од Меѓународниот институт за социологија во Киев разговараа со 2.000 возрасни граѓани на Украина помеѓу 13 и 18 мај. Тие откриле дека 82 отсто од испитаниците рекле дека не поддржуваат територијални отстапки. Само 10 отсто верувале дека некои територии може да бидат напуштени за да се постигне мир и да се зачува независноста. Според анкетата, 77 отсто од Украинците кои живеат на територијата окупирана од Русија се…

Read More

Повеќе од 200 тела се пронајдени во подрум во Мариупол, изјави пред малку украински претставник. Телата се откриени во урнатините на висока станбена зграда во украинскиот пристанишен град Мариупол, информира Петро Андриушченко советник на градоначалникот на Мариупол. Тој рече дека работниците ги пронашле телата додека копале низ подрумот под урнатата зграда. Веста ја соопшти на Телеграм. „При демонтирање на блокадите на висококатница во близина на приградската бензинска пумпа, пронајдени се околу 200 мртви тела во подрумот, со висок степен на распаѓање“, објави тој. Поради одбивањето на локалното население да ги собере и пакува телата на загинатите, руското Министерство за вонредни…

Read More

„Демократската Унија за интеграција им честита на сите верници од православна вероисповед во Северна Македонија за признавањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, по едногласната одлука што денес ја усвоија членовите на Советот на Српската Православна Црква“, соопшти денес партијата. Во честитката се вели и дека признавањето на автокефалноста е од голема важност не само за нашата земја, туку и за стабилноста на целиот регион, бидејќи стави крај на долгогодишниот спор што создаде многу контроверзии кои ги потресоа темелите на мирот. „По Охридскиот и Преспанскиот договор, и овој решен спор е пример за мирен протагонизам на двете…

Read More

Турското Министерство за надворешни работи потврди дека турските власти утре во Анкара ќе се сретнат со шведските и финските делегации за да разговараат за кандидатурите за НАТО на двете нордиски земји. Министерот за надворешни работи на Финска, Пека Хаависто, претходно изјави дека неговата земја и Шведска ќе испратат делегации во турскиот главен град во среда за да се обидат да го решат противењето на Турција на нивните апликации за членство во воената алијанса. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во саботата имаше одделни телефонски разговори со лидерите на Финска и Шведска и разговараше за неговата резервираност. Турција вели дека Шведска и…

Read More

„Голем ден за нашата света Македонска Православна Црква – Охридската Архиепископија. Нашата црква мора да е обединета, нашиот Синод, свештенството, исто како што мора да биде обединет и нашиот народ, и тогаш сите искушенија, бури и премрежија ќе бидат премостливи“, се вели во честитката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод автокефалноста на Македонската православна црква. „Честитки за мудроста, обединетоста и достојноста на Синодот и неговото блаженство г.г. Стефан, за градењето на мостови, за бранењето на нашиот идентитет и вредности во кои веруваме, за премостените децениски и вековни јазови. После одлуката на Вселенската патријаршија, како и оваа денес, сведоци сме…

Read More

„Голем е денешниот ден, историски, кога ги чествуваме Светите браќа Кирил и Методиј, да ја добиеме и автокефалноста на нашата црква како рамноправна со другите и како признание за нејзиното наследство во духовната величина на древната Охридска Архиепископија, и како автентичен дел на македонскиот идентитет. Се радуваме заедно со сите православни христијани во нашата земја на историската вест со која Македонската православна црква – Охридска Архиепископија се стекнува со автокефалност“, вели во честитката претседателот на Владата Димитар Ковачевски. Честитајќи го, како што вели, овој голем ден за сите православни верници и сите граѓани, премиерот дополни дека „оваа со векови очекувана…

Read More

„Не врне ли дожд од Бога подеднакво за сите? А сонцето не грее ли исто така за сите?” – ова се зборови на Светите браќа Кирил и Методиј кои го отсликуваат овој радосен ден, ден на восклик, историски миг на исполнување на сонот на многу генерации“, вели во честитката по повод автокефалноста на МПЦ-ОА министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. „По молитвите на Светите браќа Кирил и Методиј, Светиот сабор на СПЦ со зборовите на српскиот Патријарх Порфириј по долгата заедничка богослужба во Соборниот храм во Скопје ни донесе убава вест – да ја благослови и признае автокефалноста на Македонската…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Рим се сретна со претседателот на Советот на министри на Италија, премиерот Марио Драги. На средбата со италијанскиот премиер, на која присуствуваа и министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, беше потенцирано дека Северна Македонија и Италија негуваат исклучително блиски политички и економски односи, соопшти владината прес-служба. Премиерот Ковачевски го поканил италијанскиот колега, премиерот Марио Драги, да ја посети Северна Македонија. Македонскиот премиер на средбата со Драги ја потенцирал улогата на Италија како гласен промотор на проширувањето на ЕУ со земјите на Западен Балкан,…

Read More

„55 години седевме и чекавме во тремот и не наоѓајќи некој да се погрижи некој за нас. Потоа ни пристапи друг човек, нашиот собрат денешниот сослужител неговата светост српскиот патријарх Порфириј и еве сега имаме и кој да ни нацрпи вода од кладенецот на Јаков и сите ќе видат колку е нашата нива плодна и дека посеаното стигна за жетва“, рече денеска поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан. Сега, додаде тој, целосно ги гледаме сите убавини на рајот затоа што имаме со кого да ги споделиме и не тагуваме веќе како Адама туку се радуваме како апостолите на денот на педесетицата…

Read More