Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Крајбрежната служба на Грција спречила над 590 мигранти со девет чамци, од туското крајбрежје да влезат во грчките територјални води, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката Крајбрежна служба соопштија дека во период од неколку часа, рано утрово, во поширокиот морски регион меѓу островите Хиос и Самос, биле забележани пет чамци кои се обиделе да влезат во грчките територијални води, а крајната дестинација била Италија. Дополнително, бил откриени уште четири чамци, кои исто така се обиделе да влезат во грчките води. Патролните бродови на крајбрежната служба на Грција употребиле светлосни и звучни сигнали и никој од чамците не влегол во…
Безбедноста и стабилноста на регионот е заеднички приоритет на Северна Македонија и на Бугарија и затоа и двете сојузнички земји ќе продолжат интензивно да соработуваат на планот на одбраната, заклучија на денешната средба во Софија, министерката за одбрана Славјанка Петровска и нејзиниот бугарски колега, Драгомир Заков. Министерката Петровска истакна дека двете земји веќе соработуваат во многу сегменти на одбраната, но дека постојат многу други можности кои треба да бидат развиени, особено во доменот на резервните сили. Она што е најважно е соработката помеѓу припадниците на двете Армии да се одвива во континуитет. „Бугарските војници беа дел од големите вежби во…
Герхард Шредер, кој е платен речиси 1 милион долари годишно од енергетските компании под контрола на Русија, стана симбол на германската политика кон Русија. Вечерта на 9 декември 2005 година, 17 дена откако Герхард Шредер ја напушти функцијата канцелар на Германија, тој доби повик на неговиот мобилен телефон. Тоа беше неговиот пријател, претседателот Владимир Путин од Русија. Путин го притискаше Шредер да ја прифати понудата да го води акционерскиот комитет на „Северен тек“, компанијата под руска контрола, задолжена за изградба на првиот подморски гасовод што директно ги поврзува Русија и Германија. „Дали се плашите да работите за нас?“, се шегуваше…
Руската државна нафтена компанија Роснефт соопшти дека поранешниот германски канцелар Герхард Шредер и бизнисменот Матијас Варниг информирале дека не можат да продолжат да служат во одборот на директори. Тоа доаѓа откако Европскиот парламент побара Шредер да биде на црната листа доколку не се повлече од управниот одбор на Роснефт, пренесува Ројтерс. Во соопштението, Роснефт рече дека има разбирање за одлуката на Шредер и Варниг и им се заблагодари за нивната „постојана поддршка“. Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер од руската државна компанија Роснефт примаше годишна плата од 600.000 долари.
Проруски хакери нападнале веб-страници на неколку институции и владини министерства во Италија, соопшти италијанската полиција. Италијанската сајбер-безбедносна група Yarix во соопштение рече дека нападот бил извршен во синоќа од хакерската група позната како Killnet. Рано утрово сè уште не беше можно да се пристапи до веб-страниците на италијанското Министерство за надворешни работи и на Националното здружение на судии. Ројтерс објави дека сличен напад се случи на 11 мај, а минатиот викенд полицијата соопшти дека спречила сајбер-напад на последните фази на натпреварот за песна на Евровизија во Торино.
„Премиерот не прави самостојни договори. Ако нешто се случи, тоа мора прво да се усогласи со Министерството за надворешни работи, кое ќе ги извести владата, коалициониот совет и парламентот за да одлучат“, рече бугарскиот премиер Кирил Петков одговарајќи на новинарско прашање дали на вчерашната средба со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји се обврзал на давање зелено светло за Македонија. Петков на новинарите им рекол и дека Бугарија ја спасила ЕУ од кризата за енергенси предизвикана од руските уцени за гас и за плаќање во рубљи. „Не мислам дека руската држава може да си дозволи да ја изгуби целата…
Американскиот професор, водечки колумнист во Њујорк Тајмс и нобеловец Пол Кругман, доаѓа во Скопје. Кругман ќе има 30-минутно обраќање на отворањето на годинешната конференција на Економскиот и финансиски форум (СЕФФ), платформа за дијалог на економски и финансиски теми, организирана од Министерството за финансии. Нобеловата награда за економија Кругман ја доби во 2008 година за истражување за меѓународната трговија и економска географија, со што беше нов модел на меѓународна трговија. Пол Кругман е се смета за еден од највлијателните економисти во денешницата. Освен по редефинирањето на теоријата за меѓународна трговија, тој е познат и како основач или коосновач на неколку нови дисциплини во…
„Незнам кога ми беше поголема радоста. Кога го примав томосот за автономија на Православната охридска архиепископија од рацете на блажениот патријарх Павле, или денес кога се воспоставува потполно литургиско општење со сите архиереји на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Ако смеам да избирам би дал предност на денешната радост“, рече денеска архиепископот охридски и митрополит скопски Јован Вранишковски, на денешната заедничка литургија меѓу ПМЦ-ОА и СПЦ. Вранишковски му се заблагодари на архиепископот Стефан, како што рече на „подготвеноста за лична жртва, да ги поднесе озборувањата на нецрквените луѓе во Северна Македонија“. Најавувајќи го настапот на Вранишковски, патријархот Порфириј рече:…
„Нашата радост денес е неизмерна, изобилна затоа што е радост на Божјата љубов, Божја благодат, едно сме во Христа и едно во Црквата, а овој одговор на браќата и сестрите од Белград, Србија и Македонија покажува дека срцата на верните и чесните народи чукаат и сега чука за сите нас, во Христовиот ритам, ни покажува дека Господ нè погледнал и нè помилувал, а ние сме разбрале како недостојни луѓе“, рече патријархот Порфириј на Литургијата на помирување во храмот Свети Сава во Врачар. Радоста на празникот, рече тој, кој годинава се празнува во деновите на велигденската радост, беше надополнета со спроведувањето…
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека архиепископот Стефан и останатите владици во Синодот ја имаат неговата поддршка бидејќи се што прават ќе биде во насока на заштита на интересите на православните христијани и во насока на заштита на македонскиот народ. „Ја користам оваа прилика да упатам порака до сите православни верници да се обединиме околу МПЦ-ОА. Јас сум свесен, како многу пати во минатото и вековите наназад дека ќе имаме луѓе кои ќе сакаат да направат поделба, кои ќе шират скептицизам, недоверба, свесен сум дека тие луѓе се под жестоко влијание на оние сили на кои што не им…
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски потпишаа Договор за изградба на нова детска градинка која ќе обезбеди опфат на нови 130 деца од оваа општина. За изградба на оваа детска градинка Министерството од својот буџет инвестира 50,6 милиони денари, и за опремување дополнително уште 5,6 милиони денари. Општина Делчево учествува со околу 5 отсто во изградбата. „Секое дете заслужува можност за квалитетно предучилишно воспитание, затоа што тоа е клучно за правилниот детски развој и претставува подготовка за понатамошниот тек во образовниот процес“, рече министерката Тренчевска. Од 2017 година се изградени 69 градинки…
Со настан по повод 70 години од објавувањето на стихозбирката „Стихови за маката и радоста“ и 40 години од смртта на Ацо Шопов, денес ќе започне манифестацијата „Денови на македонската литература“ во организација на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Во тие рамки ќе се одржи настанот „Лирскиот дом на Шопов – отворени образовни и културни ресурси“. Со овој настан ќе бидат одбележани два јубилеја – 70 години од објавувањето на стихозбирката „Стихови за маката и радоста“ и 40 години од смртта на поетот Ацо Шопов. Акцентот на настанот ќе биде ставен на повеќејазичната…