Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Денови на македонската литература“ почнува со „Лирскиот дом на Ацо Шопов“

0
By Соња Крамарска on May 19, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 19, 2022 09:57

Со настан по повод 70 години од објавувањето на стихозбирката „Стихови за маката и радоста“ и 40 години од смртта на Ацо Шопов, денес ќе започне манифестацијата „Денови на македонската литература“ во организација на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.

Во тие рамки ќе се одржи настанот „Лирскиот дом на Шопов – отворени образовни и културни ресурси“. Со овој настан ќе бидат одбележани два јубилеја – 70 години од објавувањето на стихозбирката „Стихови за маката и радоста“ и 40 години од смртта на поетот Ацо Шопов.

Акцентот на настанот ќе биде ставен на повеќејазичната веб-платформа „Лирскиот дом на Ацо Шопов“ – отворен, интернетски ресурс преку којшто е достапен голем дел од творештвото на Шопов, голем фонд на документи и податоци, како и критички одгласи за неговата поезија и голем обем на видеоматеријали и фотодокументација. Целта на настанот е да придонесе за поголема достапност на платформата за книжевните истражувачи, лингвистите и преведувачите, како и за студентите и за македонската академска заедница.

На настанот ќе говорат деканката на Филолошкиот факултет Анета Дучевска, продеканката Маја Бојаџиевска и раководителката на Катедрата за македонска книжевност и култура Кристина Николовска. Реч за поетот Шопов и за веб-платформата „Лирскиот дом на Ацо Шопов“ ќе одржи Весна Мојсова-Чепишевска, по што ќе следи и презентација на веб-платформата, од страна на Јасмина Шопова, ќерка на Ацо Шопов.

Ацо Шопов е еден од основоположниците на современата македонска поезија – автор и на првата поетска книга на македонски јазик во слободна Македонија („Песни“, 1944), но и автор којшто се вбројува во редот на еминентните поети во Југоисточна Европа во XX век. Стихозбирката „Стихови за маката и радоста“, објавена пред точно 70 години е едно од неговите позначајни дела, едновремено многу значајно и за историјата на современата македонска книжевност.

Во рамките на литературната манифестација „Денови на македонската литература“, во виртуелен формат, на 25 мај 2022 година, со почеток во 10.30 часот ќе се одржи средба со писатели, а на 26 мај 2022 година, со почеток во 11 часот ќе се одржи поетско читање на млади македонски автори.

Ацо Шопов Денови на македонска литература
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.