Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Белгискиот државјанин Л.Д.С. склучил договор со Е.А. и Ф.Б. родители на 14-годишно девојче, да стапи во брак со неа, јави Министерството за внатрешни работи. Во информацијата од МВР се наведува дека намерите на Белгиецот, биле за сексуална експлоатација на младата девојка која сеуште немала наполнето ни 14 години. За да ја оствари својата намера да ја однесе малолетничката во Белгија, белгискиот државјанин чие полно име и презиме не се објавува, престојувал во Македонија во повеќе наврати. За да ја помине границата на девојчето му требале лични документи, за кои Белгиецот им дал на родителите, како што вели МВР, околу 2.500…
Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш се обидува да најде решение со Русија, Турција и со уште неколку држави, за да се отвори украинскиот извоз и да се избегне недостиг од храна во светот, тврди добро упатен дипломат. Русија блокираше украински пристаништа на Црното Море за да ја ослабне државата и да го освои нејзиниот брег, пишува Волстрит журнал. Гутереш ја замолил Москва да дозволи извоз на житарки од Украина, а за возврат ќе се овозможи извоз на руски и белоруски ѓубрива. Според дипломати, Русија засега не делува како да сака да се договори. Турција изразила подготвеност да учествува во постигнување…
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во понеделникот потврди дека Грција се стреми конкупување на напредни борбени авиони Ф-35 произведени од САД и дека водечки американски одбранбен изведувач се обидува да инвестира во воздушната индустрија на земјата, пишува Катимерини. „Ќе го започнеме процесот за набавка на ескадрила од авиони Ф-35 и се надеваме дека ќе можеме да го додадеме овој фантастичен авион во грчкото воздухопловство пред крајот на оваа деценија. И јас сум среќен што во петокот Локхид Мартин официјално го изрази својот интерес за оваа инвестиција“, рече Мицотакис на отворањето на приемот по средбата со американскиот претседател Џо Бајден. „Нашите две нации работат заедно…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека приклучувањето на Финска и Шведска во НАТО веројатно „нема голема разлика“ бидејќи двете земји долго време учествуваа во воените вежби на Алијансата. „Финска и Шведска, како и други неутрални земји, учествуваат во воените вежби на НАТО со години“, рече Лавров, пренесува Ројтерс. „НАТО ја зема предвид нивната територија кога планира воен напредок на исток. Значи во оваа смисла веројатно нема многу разлика. Ајде да видиме како нивната територија се користи во пракса во северноатлантската алијанса“, изјави Лавров.
Бугарското општество има најголема доверба во шефот на државата Румен Радев – 48 посто, а недовербата кон него изнесува 33 посто, покажа анкетата спроведена од Маркет Линкс. Премиерот Кирил Петков во оваа анкета се наоѓа дури на петтото место според довербата што во него ја имаат бугарските граѓани, и таа изнесува 17 посто доверба и 68 посто недоверба. Пред него се поранешниот привремен премиер Стефан Јанев со 28 посто доверба и 72 посто недоверба кој е на второ место, лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов со 22 посто доверба и 65 посто недоверба, кој е на трето место.…
На 28 мај во Крушево ќе се одржи Меѓународен турнир во фудбал во чест на Тоше Проески. Настанот во чест на Тоше ќе трае 3 дена, односно ќе започне во петок на 27-ми мај кога се очекува да пристигне градоначалникот на Нова Градишка заедно со фудбалска екипа, а на турнирот ќе учествуваат екипи од Крушево и Скопје. „За прв пат во Крушево ќе се одржи овој настан кој започна пред 12 години. Заедно со Нова Градишка и здружението Мандра ќе организираме меморијален турнир и посета на Крушево. Ова е уште еден настан со кој се одбележуваат ликот и делот на…
Знам дека бевте во кремот на ВМРО-ДПМНЕ и иако сте доаѓале во посета на Македонски Брод лично мене не само вие, никој ми нема вршено притисок како да гласам на Советот на општината, изјави сведокот Стојан Секулоски, поранешен советник во локалната власт во Македонски Брод, а сега пензионер кој како што рече пред судот прв пат во своите 74 години влегува во судница, а денеска беше сведок во судскиот процес познат во јавноста како „Моќник“. Овој судски предмет се однесува на продажба на имот, зграда од 157 квадратни метри, изградена во 1950 година и дворно место од 3.920 квадратни метри…
Американскиот гигант за брза храна Мекдоналдс ќе излезе од рускиот пазар и ќе го продаде својот бизнис, соопшти денес компанијата. Во соопштението се вели дека по повеќе од 30 години работење во земјата, корпорацијата Мекдоналдс објави дека ќе излезе од рускиот пазар и започна процес за продажба на својот бизнис во Русија. „Хуманитарната криза предизвикана од војната во Украина и непредвидливата бизнис клима, го наведоа Мекдоналдс да заклучи дека бизнисот во Русија повеќе не е одржлив, ниту е во согласност со вредностите на Мекдоналдс“, се наведува при објавувањето на одлуката. Портпаролката на компанијата рече дека Мекдоналдс сака да го продаде „целото свое…
За дискусија за влезот во НАТО се пријавија 150 од 200 пратеници во Финска, Русија ги удвои заканите
Шведскиот и финскиот парламент денеска почнаа да расправаат по прашањето за влез во НАТО, а седницата во Хелсинки најверојатно ќе трае неколку дена. Додека 85 отсто од 200-те пратеници на Финска го поддржуваат членството, 150 побараа да зборуваат и не се очекува дискусиите да завршат и да има гласање денеска. „Нашето безбедносно опкружување фундаментално се промени“, рече премиерката Сана Марин отворајќи ја дебатата во парламентот. „Единствената земја што ја загрозува европската безбедност и сега отворено води војна на агресија е Русија“, додаде. Русија и денес им порача на Финска и Шведска дека нивната одлука да се приклучат на воената алијанса…
И оваа, и следната година, се очекува побавен раст на македонската економија отколку во 2021 година, прогнозира Народната Банка. Во прогнозата објавена денес се вели и дека се очекува економски раст од 2,9 отсто во 2022 година, по што ќе следи раст од 3,6 отсто во 2023 година. „Најновите проекции упатуваат на просечна инфлација од 8,8 отсто во 2022 година, неизвесноста во однос на идните движења на цените е исклучително висока, но согласно со проекциите на меѓународните финансиски институции во следната година се очекува забавување на ценовниот раст и на инфлацијата, при што за 2023 година, се очекува инфлација од 3…
Речиси шест од десет млади, доколку имаат можност, би се иселиле од државата, а околу 29 проценти не би се иселиле. Речиси осум од 10 млади луѓе, пак, мислат дека не можат да влијаат на начинот на кој работи Владата, односно немаат надеж за промена, покажува истражувањето на Фондацијата за демократија Вестминстер. Како што изјави Рита Бехадини, претседателка на Центарот за еднакви можности „Буба мара“, презентирајќи го извештајот пред почетокот на настанот „Социополитичко учество на младите”, ако одлучат да си заминат, само осум проценти од младите изјавиле дека сигурно би се вратиле во земјава. „Ова значи дека веќе не се…
Русија соопшти дека нејзините сили собориле три украински борбени авиони, еден во близина на островот Змија во Црното Море, а другите во регионите на Миколаев и Харков, додека руските проектили продолжиле да гаѓаат цели на истокот на земјата. Веста прв ја пренесе Ројтерс наведувајќи дека руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили собориле авиони Су-25 во близина на населбите Јевхенивка во регионот на Миколаев и Велика Комишуваха во Харков и Су-24 во близина на Змискиот остров, кој постигна светска слава во првите часови од конфликтот кога стационираните украински граничари таму го отфрлија барањето на руски воен брод да се…