Author: Соња Крамарска

Новиот финансиски директор на „Модерна“ за првпат дојде на новото работно место во понеделникот, а следниот ден му беше кажано дека повеќе не мора да доаѓа. Она што е уште поинтересно е што тој работен ден ќе си го наплати 700.000 долари. Причината поради која Хорхе Гомез толку брзо го напушти производителот на вакцини против Ковид-19 е во неговата поранешна компанија. Отказот дојде кога се дозна дека производителот на стоматолошка опрема, „Дентсплај Сирона“, поранешен работодавач на Гомез, започнал внатрешна истрага, во која е вклучен и Гомез, во врска со протекување на финансиски податоци. „Одборот за ревизија исто така ги истражува наводите…

Read More

Руското Министерство за одбрана тврди дека нивните сили ја нападнале нафтената рафинерија Кременчуг во централна Украина, уништувајќи го нејзиниот производствен капацитет и резервоари за гориво. Ројтерс објави дека Министерството исто така соопшти дека нивните сили собориле украински авион Су-27 во регионот Харков. Извештаите не се независно проверени. Гувернерот на Харков, пак, Олег Синјехубов, утрово на Телеграм напиша дека „ноќта беше релативно мирна“. Тој рече дека ракета ја погодила „територијата на аеродромот во Харков“, но дека нема повредени. Тој наведе мал број повредени и загинати во Салтивка, Дергачи, Золочив, Балаклија и Шебелинка. Гувернерот рече и дека во Дергачи „Русите го оштетиле…

Read More

Шест лица починаа, а 350.000 се лекуваа од зголемена температура и треска што се проширија „експлозивно“ низ Северна Кореја, објавија државните медиуми денеска, откако вчера Северна Кореја за прв пат призна пандемија од Ковид – 19. Северна Кореја веројатно нема доволно тестови за Ковид -19 и рече дека не ја знае причината за масовните трески. Но, големата епидемија на коронавирусот може да биде катастрофална во земја со нарушен здравствен систем и невакцинирано население. Севернокорејската централна новинска агенција соопшти дека од 350.000 луѓе кои развиле „треска“од крајот на април, 162.200 се опоравиле. Се вели дека 18.000 луѓе биле новооткриени со симптоми…

Read More

Денеска во Киев ќе почне судењето на руски војник за убиство на невооружен украински цивил. Тоа е прво такво судење по почетокот на инвазијата, и прв официјален случај припадник на руската војска да биде кривично гонет за воено злосторство. Наредникот Вадим Шишимарин е обвинет дека застрелал 62-годишен маж во глава преку отворен прозорец на автомобилот во североисточното село Чупахивка. Тој се соочува со доживотен затвор според казните наведени во делот од украинскиот кривичен законик кој се однесува на законите и обичаите на војната. Адвокатот на Шишимарин, Виктор Овсијаников, призна дека случајот против неговиот клиент е силен, но рече дека конечната…

Read More

Бројот на загинатите во несреќата што вчераутро се случи во хемиската фабрика во Кочевје, Словенија, се зголеми на шест, откако синоќа во љубљанскиот клинички центар почина еден од двајцата работници кои се здобија со тешки изгореници во експлозијата и пожарот, потврди директорот Сречко Стефаниќ, јавуваат медиумите во регионот. Се очекува денеска полицијата да излезе со првите резултати од истрагата за несреќата, но од компанијата проценуваат дека настанала поради човечка грешка. Причина за трагичниот настан најверојатно е човечката грешка на еден од вработените, која се случила при испумпување на суровини во складишниот простор, изјави вчера Стефаниќ, додавајќи дека дошло до трагична…

Read More

Русија соопшти дека ќе биде принудена да преземе „одмазднички чекори“ поради потегот на нејзиниот сосед Финска да се приклучи на НАТО. Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија се вели дека овој потег сериозно ќе им наштети на билатералните односи, како и на безбедноста и стабилноста во северна Европа. Реакцијата уследи откако финскиот претседател и премиерка повикаа земјата да поднесе барање за членство во НАТО „без одлагање“. Финска дели 1.300 километри граница со Русија. Досега, таа остана надвор од НАТО за да избегне кавга со својот источен сосед. Финска официјално ќе ја објави својата одлука во недела откако…

Read More

Американскиот Стејт департмент објави дека највисокиот дипломат на Џо Бајден, државниот секретар Антони Блинкен, ќе допатува во Европа во сабота на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО. Во соопштението се вели: „На 14 мај, секретарот ќе отпатува во Берлин за да присуствува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО, каде сојузниците и партнерите ќе разговараат за нивниот единствен одговор на континуираната брутална војна на Русија против Украина и за претстојниот самит на лидерите во Мадрид“. Следниот ден Блинкен ќе има трговски состаноци со лидерите на ЕУ во Париз, заедно со американската трговска претставничка Кетрин…

Read More

Една од најголемите рокенрол групи на сите времиња „Дип парпл“ (Deep Purple) на 28 мај ќе настапи на стадионот на АРМ во Скопје, во организација на „Авалон продукција“. Македонската и регионалната публика ќе може во живо да ги слушнат класиците: „Smoke on the water“, „Hush“, „Strange kind of woman“, „Woman from Tokyo“, „Knocking at your back door“, „Highway star“ и уште многу други хитови што го одбележаа петдецениското постоење на овој легендарен бенд. Првиот човек на „Авалон“, Бобан Милошески денеска на прес-конференција во Скопје најавувајќи го концертот изјави дека без разлика што членовите на Deep Purple се веќе навлезени во…

Read More

Санкциите наметнати на Русија од Западот „провоцираат“ глобална криза, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин за време на состанокот за економски прашања. „Нивните одлуки, водени од кусогледи, надуени политички амбиции, русофобија, во поголема мера ги погодија сопствените национални интереси, сопствените економии, благосостојбата на нивните граѓани. Тоа го гледаме, пред сè, во нагло зголемување на инфлацијата во Европа“, рече Путин. Според рускиот лидер, продолжувањето на „опсесијата со санкции“ на Западот неизбежно ќе доведе до „најтешките, нерешливи последици“ за Европската Унија, како и за најсиромашните земји во светот. „Вината за ова е целосно кај елитите на западните земји, кои се подготвени да го…

Read More

Патник без искуство во летање слетал авион на Флорида откако пилотот се онесвестил. Во аудио-снимката од летот, се слуша како патникот Дарен Харисон и кажува на контролата на летање дека се случува „сериозна ситуација“. Контролорот на летање му помогнал на човекот да го спушти авионот на меѓународниот аеродром во Палм Бич. Тие двајца подоцна се сретнале на аеродромот и се сликаа гушнати. Пилотот, пак, заврши во болница. Разговорот помеѓу Харисон и контролата на летање кој им беше даден на увид на медиумите, сликовито ја опиша драмата што се случувала во тие неколку минути. Харисон: „Имам сериозна ситуација овде. Пилотот стана неконтактибилен. Немам…

Read More

„Денеска сте сведоци на еден многу мил настан кој за радовишани многу значи, а тоа е отворање на нов простор за венчавање кој што исто така ќе биде истовремено и мултифункционален. Односно во него ќе биде сместена и галерија, постојана галерија каде што уметниците ќе ги излагаат своите дела и каде што ќе креираат“, рече градоначалникот Ацо Ристов на отворањето на новата сала за венчавки. Салата е направена на барање на граѓаните на општина Радовиш кои велат дека со години просторот за венчавање бил „понижувачки“ за место за одржување на убави настани како што е склучување на бракови, рече градоначалникот.…

Read More

„Европската комисија е зафатена со изготвување на своето формално мислење за вонредната понуда на Украина за пристапување во Европската унија. Иако на емоционално ниво, одговорот на ЕУ кон апликацијата беше срдечен, при добивањето на документот, кој се очекува да биде објавен во јуни, Европскиот совет мора да го остави настрана сочувството. Кога станува збор за иднината на проширувањето, лидерите мора да бидат јасни и самокритични, бидејќи мислењето мора да се заснова на официјалните процедури за пристапување на ЕУ и да посочи зошто се неопходни“, пишува за европски Политико, Ендрју Даф, поранешен член на Европскиот парламент. Во подолгиот текст тој понатаму…

Read More