Американскиот Стејт департмент објави дека највисокиот дипломат на Џо Бајден, државниот секретар Антони Блинкен, ќе допатува во Европа во сабота на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО. Во соопштението се вели:

„На 14 мај, секретарот ќе отпатува во Берлин за да присуствува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО, каде сојузниците и партнерите ќе разговараат за нивниот единствен одговор на континуираната брутална војна на Русија против Украина и за претстојниот самит на лидерите во Мадрид“.

Следниот ден Блинкен ќе има трговски состаноци со лидерите на ЕУ во Париз, заедно со американската трговска претставничка Кетрин Таи и секретарката за трговија Џина Раимондо.