Санкциите наметнати на Русија од Западот „провоцираат“ глобална криза, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин за време на состанокот за економски прашања.

„Нивните одлуки, водени од кусогледи, надуени политички амбиции, русофобија, во поголема мера ги погодија сопствените национални интереси, сопствените економии, благосостојбата на нивните граѓани. Тоа го гледаме, пред сè, во нагло зголемување на инфлацијата во Европа“, рече Путин.

Според рускиот лидер, продолжувањето на „опсесијата со санкции“ на Западот неизбежно ќе доведе до „најтешките, нерешливи последици“ за Европската Унија, како и за најсиромашните земји во светот. „Вината за ова е целосно кај елитите на западните земји, кои се подготвени да го жртвуваат остатокот од светот за да ја задржат својата глобална доминација“, рече тој.

Путин додаде дека Русија се справува со надворешните предизвици предизвикани од западните санкции и дека инфлацијата во земјата се намалува. „Неделното зголемување на цените веќе се намали на 0,1 отсто – ова е веќе блиску до неделната стапка на раст што одговара на целта за инфлација на Банката на Русија“, рече тој.