Author: Соња Крамарска

Орце Камчев со спогодба признал вина за случајот Империја и е осуден на една година затвор, изјави раководителката на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во интервју за Топ тема на Телма. Русковска појасни дека Камчев поднел барање за спогодба пред 15-тина дена, а пред два дена спогодбата поминала и на суд. Покрај затворската казна, Камчев ќе уплати и 5,1 милиони евра (околу 320 милиони денари) на државниот буџет преку УЈП. -Предлог спогодбата со Камчев е прифатена во средата. Од фирмата Кара односно Орка Холдинг ќе бидат уплатени 320 милиони денари (околу 5,1 милион евра). Фирмата…

Read More

На форумот „100 дена од мандатот на новата Влада“ премиерот Ковачевски и министрите направија резиме на досегашното работење и одговараа на прашања, при што главната улога му беше доделена на шефот на Владата. На прашањето за перспективите на ЕУ интеграцијата на Македонија и пораките од САД и Франција дека стабилноста на Западен Балкан зависи од овој процес, Ковачевски одговори со осврт на дијалогот со Бугарија и рече дека тој треба да се води со взаемна почит и водење сметка за достоинството на двете страни. „Мора да се сочува достоинството на граѓаните на двете држави. Така дијалогот ќе вроди со резултат…

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес по повод 100 дена од стапувањето на должност на актуелната Влада, говорејќи за блокадата од Бугарија рече дека преостануваат само уште две недели како можност да се постигне договор меѓу Македонија и Бугарија, и да се отстрани пречката на патот на нашите евроинтеграции. „Прозорецот на можности е краток и се затвора за две недели. Топката не е веќе во нашиот двор туку е во Софија. Ние направивме се што можевме. Процесот веќе не зависи од нас туку дали ЕУ ќе преземе стратешко лидерство во овој регион затоа што тоа веќе не е ни…

Read More

Одговарајќи денес на прашање на настанот организиран од Владата по повод 100 дена од стапувањето на должност на кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски, неговиот заменик за европски прашања Бојан Маричиќ рече дека оваа влада „доби на маса тешки проблеми и сите мора да ги решава одеднаш“. „По првпат оваа година воспоставивме систем на рационални разговори со Бугарија. Процесот не е веќе заробен само во историја и тој нов пристап дава резултати без разлика на сите пречки. Ги подобривме односите и ја интензивиравме комуникацијата. Добро е што Франција претседава со ЕУ затоа што е една од највлијателните држави во Унијата а…

Read More

Во Пекинг денеска се затворени дополнителен број продавници и објекти поради ширењето на Ковид-19, станбените блокови се под строги мерки за изолација, а властите се обидуваат да откријат што е можно повеќе контакти на заразените, додека во Шангај, каде веќе еден месец се во сила строги рестриктивни мерки, незадоволството се повеќе расте. Областа Чаојанг во Пекинг, со 3,5 милиони жители, е првата во која започна масовно тестирање. Во меѓувреме, цели станбени блокови се „заклучени“ и станарите не можат да ги напуштат своите домови. Во Пекинг вчера се регистрирани 49 случаи на инфекција, во споредба со 50 претходниот ден. Градските власти во…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски и неговиот заменик за европски прашања Бојан Маричиќ, се сретнаа со Карен Донфрид помошник државна секретарка на САД за европски и евроазиски прашања, како и со нејзиниот заменик Габриел Ескобар кој е специјален претставник за Западен Балкан и со американска делегација, придружувана од амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнз. На состанокот е заеднички истакнато значењето на стратешкото партнерство на Северна Македонија со САД. Помошник државната секретарка на САД Донфрид, пренесе порака дека Северна Македонија е важен трансатлантски партнер на САД. Изразена е силна поддршка од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден за развојот и европските…

Read More

Парламентарното собрание на Советот на Европа повика на „итно“ формирање на специјален трибунал за истрага и гонење на кривичното дело агресија извршено од политичкото и военото раководство на Русија во Украина. Дефиницијата на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за кривично дело агресија вклучува инвазија на друга држава, бомбардирање и блокада на пристаништата. Меѓутоа, ако една држава не е дел од МКС, нејзините поединци не можат да бидат кривично гонети од судот. Тоа ги поттикна поранешните премиери на Обединетото Кралство Гордон Браун и Сер Џон Мејџор, да повикаат на создавање нов меѓународен трибунал кој ќе го истражи Владимир Путин и оние кои…

Read More

Украинската јавна обвинителка Ирина Венедиктова изјави дека се идентификувани голем број руски војници, кои според обвинителството се вмешани во кршење на човековите права во градот Буча. Во објава на Фејсбук, Венедиктова рече дека 10 војници биле идентификувани како „вклучени во тортура врз мирни цивили“ за време на нивната окупација на градот. Војниците биле со различни чинови, рече таа, именувајќи четворица војници, четворица капелари и двајца наредници. Тие беа од 64-та Посебна моторизирана стрелачка бригада, додаде таа. На почетокот на овој месец, на 64-та бригада и беше доделена почесна титула од рускиот претседател Владимир Путин, кој го пофали нивниот „голем хероизам…

Read More

Канцеларијата за печат на фудбалскиот менаџер Мино Рајола и директорот на болницата Сан Рафаеле во Милано негираат дека Мино Рајола починал, иако тој е во критична состојба. Медиумите пак, тврдат дека тој починал, по кратко боледување. Репрезентативецот стана можеби најпознатиот агент во фудбалот, со клиенти како напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, дефанзивецот на Јувентус, Матијс де Лигт, голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума и ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба. Тој беше во болницата Сан Рафаеле на 12 јануари, а во изјава  инсистираше на тоа дека е дојден само за тестови за кои е потребна…

Read More

Во размена на прашање и одговор со пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи на денешната седница на Собранието за пратенички прашања, премиерот Димитар Ковачевски рече дека ќе го информира бугарскиот колега Петков за намера на Македонија за отворање културен клуб во Бугарија. „Ќе го информирам премиерот Петков дека имаме намера да отвориме нов културен клуб на Македонија во Бугарија, овојпат во Благоевград, а името ќе го договориме со нашиот Институт за историја“, рече Ковачевски. Во врска со обвинувањето дека Владата не реагирала на бугарскиот клубот во Битола што го носи името на Ванчо Михајлов, Ковачевски и рече на Мизрахи: „Мене ме…

Read More

Локалните власти во украинскиот град Мариупол предупредија на опасност од епидемии со оглед на ужасните санитарни услови во поголемиот дел од градот и фактот што илјадници тела остануваат да лежат под урнатините. Се проценува дека околу 100.000 луѓе сè уште живеат во градот, и покрај неколкунеделните тешки борби и отсуството на централизирано водоснабдување. Пред малку градскиот совет соопшти дека постои ризик од колера, дизентерија и ешерихија коли – бактериска инфекција која може да предизвика силна стомачна болка, крвава дијареа и откажување на бубрезите. Советот рече дека има неподносливи услови за живот кои ќе се влошат со загревање на температурите. „Веќе…

Read More

Првите количини на линдан од малата депонија во ОХИС ќе бидат извезени на 3 мај, порачаа од Министерството за животна средина при денешната посета во кругот на поранешниот хемиски гигант. Станува збор за 450 тони линдан и 150 тони на контаминирана почва. Транспортот ќе оди преку пристаништето во Солун, до крајната дестинација во Франција. Работите во малата депонија во ОХИС почнаа во средината на март и според проектната динамика треба да завршат за 12 месеци. Она што било, можеби, изненадување досега при ископот е живата која е лоцирана на неколку места. „Задоволни сме во секој случај од текот на работите.…

Read More