Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украинското обвинителство посочи 10 руски војници осомничени за злосторствата во Буча

0
By Соња Крамарска on April 28, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 28, 2022 15:23

Украинската јавна обвинителка Ирина Венедиктова изјави дека се идентификувани голем број руски војници, кои според обвинителството се вмешани во кршење на човековите права во градот Буча.

Во објава на Фејсбук, Венедиктова рече дека 10 војници биле идентификувани како „вклучени во тортура врз мирни цивили“ за време на нивната окупација на градот. Војниците биле со различни чинови, рече таа, именувајќи четворица војници, четворица капелари и двајца наредници. Тие беа од 64-та Посебна моторизирана стрелачка бригада, додаде таа.

На почетокот на овој месец, на 64-та бригада и беше доделена почесна титула од рускиот претседател Владимир Путин, кој го пофали нивниот „голем хероизам и храброст“ и ѝ ја додели на единицата титулата „гарда“ за „заштита на суверенитетот на Русија“. „Ова високо признание ги препознава вашите посебни заслуги, големото херојство и храброста во одбраната на вашата татковина и во заштитата на суверенитетот и националните интереси на Русија“, рече тогаш Путин честитајќи им за херојство.

За „многу кратко време, истрагата утврди дека за време на окупацијата на Буча, тие земале невооружени цивили како заложници, не им обезбедувале храна и вода, ги држеле на колена со врзани раце и со очи покриени со селотејп лента, при што биле исмејувани и тепани. Ги тепаа за да добијат информации за локацијата на украинските вооружени сили и резервни одбранбени сили, а некои беа мачени и без никаква причина“, рече Венедиктова.

Таа додаде дека „руските војници се закануваа дека ќе ги убијат жртвите, па дури и имитираа егзекуција пукајќи во нивна насока“, додаде таа. „Улогата и учеството на секој од нив во овие злосторства е утврдена преку истражна и координирана работа на обвинителите и полициските службеници“, посочи обвинителката.

воени злосторства во Буча обвинителка Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.