Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес по повод 100 дена од стапувањето на должност на актуелната Влада, говорејќи за блокадата од Бугарија рече дека преостануваат само уште две недели како можност да се постигне договор меѓу Македонија и Бугарија, и да се отстрани пречката на патот на нашите евроинтеграции.

„Прозорецот на можности е краток и се затвора за две недели. Топката не е веќе во нашиот двор туку е во Софија. Ние направивме се што можевме. Процесот веќе не зависи од нас туку дали ЕУ ќе преземе стратешко лидерство во овој регион затоа што тоа веќе не е ни прашање на проект туку е прашање на безбедност“, рече Османи.