Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Здружението за социјални иновации „АРНО“ и Министерството за локална самоуправа, потпишаа договор за кофинансирање на проектот „SEEDs: Социјални претпријатија за економски развој и социјална инклузија“, кој е финансиран од ЕУ, во рамки на Програмата за прекугранична соработка меѓу Србија и Северна Македонија. Проектот е еден од седумте проекти коишто беа избрани на првиот повик од меѓугранична соработка меѓу двете земји за периодот од 2016 до 2020 година. „Благодариме на државата за одобрените средства, навистина ни значи кофинансирањето и можноста да придонесеме кон развој на зелената и солидарната економија. Сигурни сме дека овој регион има многу што да понуди – потенцијалот на нашите две…
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во емисијата „Утрински брифинг“ во врска со штрајкот организиран од синдикатот на образованието информираше дека од вкупно 75 јавни установи во 29 нема штрајк, вработените се на своите работни места и згрижувачко-воспитниот процес се одвива непречено. Во останатите градинки штрајкуваат дел од вработените, но градинките функционираат. Таа посочи дека тоа што втора недела учениците не се во училиштата, а дел од децата не се во градинките, и воедно одбивањето на зголемувањето од 10 отсто на платите на вработените во училиштата и градинките е потврда дека интересите на децата не се земаат предвид,…
„Не дозволивме да потпаднеме под провокацијата при отворањето на културниот клуб на бугарската заедница во Битола. Некои луѓе во бугарската делегација беа дојдени со цел да провоцираат реакција која ќе им биде алиби пред Европа и светот, дека во Северна Македонија се газат човековите права и правата на етничките заедници“, рече денес министерот за надворешни работи Бујар Османи на брифинг со новинарите. Османи рече дека не е проблем отворањето на клубот во Битола туку името што му е дадено и Бугарија ќе треба да објасни пред еврејската заедница и пред светот зошто им се важни личности како Ванчо Михајлов. „Процесот…
Командант на единицата на украинските маринци во опколениот град Мариупол напиша писмо до папата Франциско во кое апелира тој да ги спаси луѓето што останале во градот кој е под опсада и под силно бомбардирање. Во писмото, објавено на веб-страницата „Украинска правда“, мајор Серхи Волина, командант на 36-та одделна поморска бригада, напиша: „Не ги видов вашите апели до светот и не ги прочитав сите ваши последни изјави, се борев повеќе од 50 дена во целосно опкружување бидејќи единствено за што имам време е жестока битка за секој метар од градот опколен од непријателот“. Волина рече дека е подготвен „да се…
Холандија ги известила албанските власти дека постојат основи за сомневање дека албански граѓани се вмешани во „Ponzi“ шема или со други зборови измамничка пирамидална штедилница, пренесува Топ чанел. „Од Управата за спречување перење пари, пред неколку дена била издадена наредба за времено блокирање на сметки на име на албанскиот државјанин Б.Б.(31). Но, заедно со него се открива и името на неговиот соработник, В.Т. (40), од градот Елбасан за даночна измама и незаконско стекнати 3,7 милиони долари“, наведува телевизијата. Судот В.Т. го прогласил за виновен и го осудил на три години затвор, заедно со трето лице, осомничени за сомнителни и нејасни…
Дебарската полиција поднесе кривична пријава за „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“ против А.Ц.(39) и Ќ.Ц.(46), сопружници од Дебар. Сопружниците во периодот од 2010 до 2022 година, во неколку наврати изманипулирале повозрасна жителка од Дебар која, од една банка и две финансиски друштва, подигнала кредити и им ги дала како заем, а тие и ветиле дека парите ќе и ги враќаат на рати. Сопружниците ги злоупотребиле личните податоци од личната карта на дебарчанката и од нејзината е-маил адреса, и во нејзино име поднеле и онлајн апликација за добивање брз кредит по што ги подигнале парите од нејзината трансакциска сметка. Со…
Со голема тага ја примивме веста за заминувањето на големиот уметник Омер Калеши, кој повеќе од педесет години живееше и твореше во Париз, објави македонската амбасада во француската престолнина. Омер Калеши беше и ќе остане симбол на балканскиот мултикултурализам, искрен поборник за мир и соживот, автор со автентичен стил и универзална порака која остави длабок печат во современата европска уметност и ќе претставуваат неисцрпна инспирација за хуманост, љубов и почит, се додава во објавата. Омер Калеши е роден во 1932 година во кичевското село Србица, матурирал во средното техничко училиште во Скопје, во 1965 ги завршува студиите на Ликовната академија…
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денес до Собранието поднесе измени на Законот за служба во Армијата. „Предлагаме подобрување на условите за пензионирање на активниот воен персонал и давање на можност на активниот воен ицивилен персонал во Армијата да му престане работниот однос по сила на закон со остварување на право на пензија со навршување на 40 години стаж без оглед на годините на возраст за мажи, и 38 години стаж за жени“, рече пратеникот Драган Ковачки, армиски полковник кому поради пратеничката функција му мирува работното место во Армијата. Ковачки дополни и дека измените предвидуваат и корекција на висината на пензијата и на воениот…
По двонеделниот штрајк кој предизвика различни коментари во јавноста, синдикатот на образованието се најде под жесток притисок да ги прифати понуденото 10 отсто зголемување на платите кое во сума изнесува околу 2.500 денари. Премиерот Димитар Ковачевски пред малку остро реагираше дека одбивањето на понуденото покачување е уцена од страна на синдикатот. „Со одбивањето на понудата за покачување на платите од 10 отсто, СОНК реши да продолжи со уцени кои се единствено на штета на образованието на учениците и им го отежнува секојдневието на родителите. И во вакви тешки услови на светска криза, ние сме веројатно единствената Влада која овозможи историско…
„Ние сме најголемите пријатели на Северна Македонија, ништо не бараме од нив, само да бидеме пријатели и браќа“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, коментирајќи ги резултатите од истражувањата на Преспа институтот дека граѓаните на Северна Македонија ја сметаат Србија за свој најдобар пријател. „Да, го видов тоа и за политичарите и за земјите. Србија, се разбира, им е најдобар пријател“. На прашањето дали е изненаден од одговорот на Македонците, претседателот Вучиќ одговори: „Како да бидам изненаден? Ние сме најголемите пријатели на Северна Македонија. Кој е поблизок до Србија? Ние сме единствените кои не бараме од нив да ги сменат своите…
Скопското јавно обвинителство поведе постапка против пензиониран полициски службеник од Скопје кој му се заканувал на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој од својот мобилен телефон, се јавил во полициска станица во Центар со закана дека ќе биде убиен министерот за внатрешни работи, по што веднаш ја прекинал врската. Откако бил идентификуван и лоциран, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени еден карабин марка Ц3 со калибар 8Х57, пиштол марка „Чешка Зброевка“ со калибар 7,65мм, пиштол марка „Смит енд Весон“ модел 38/2, повеќе куршуми од различни калибри, еден пар лисици и телескопска палка. Обвинителството соопшти дека…
Британскиот историчар Еван Маудсли, кој е специјализиран за руската историја и Втората светска војна, за Би-Би-Си изјави дека последен пат руски крстосувач бил потопен пред 81 година, и тоа од страна на Германија во близина на Крим за време на Втората светска војна. Тој додаде дека Русија изгубила други видови воени бродови за време на Втората светска војна, но „Чернова -Украина“ е последниот руски крстосувач што бил потопен и тоа во 1941 година. Професорот Маудсли додаде дека крстосувачот „Москва“, иако беше стар речиси 40 години, е еден од најголемите бродови во руската морнарица и дека од 1980-тите не се изградени нови…