Author: Соња Крамарска

Бродот ноќеска беше погоден од два украински проектили во Црното Море, после што изби пожар. Во соопштението на руското Министерство за одбрана се вели: „Пожарот на крстосувачот ‘Москва’ е ставен под контрола. Нема видлив пламен. Залихите со муниција повеќе не експлодираат“. Министерството појасни дека воениот крузер сеуште плови и дека главниот ракетен оклоп не е оштетен. „Екипажот на крстосувачот беше евакуиран во бродовите на Црноморската флота во близина. Се преземаат мерки за влечење на крстосувачот во пристаништето. Во моментов се утврдуваат причините за пожарот“, се додава во соопштението. Министерството претходно соопшти дека бродот бил „сериозно оштетен како резултат на детонација на…

Read More

Русија го предупреди НАТО дека доколку Финска и Шведска се приклучат на воената алијанса, тогаш ќе преземе мерки на Балтикот. Дмитриј Медведев, како што пренесува Ројтерс, рекол: „Не може повеќе да се зборува за статус, без нуклеарно оружје за Балтикот – рамнотежата мора да се врати. До денес Русија нема преземено такви мерки и немаше да ги преземе“. Медведев е заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија од 2020 година. Тој претходно беше претседател и премиер на Русија, а е долгогодишен сојузник на Владимир Путин. Финска и Шведска вчера најавија приклучување кон НАТО, откако нивните премиери рекоа дека руската инвазија…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика Европската унија да воведе ембарго на руската нафта. „Пред се, ни треба ембарго на руската нафта. И јасна подготвеност на Европа да се откаже од сета руска енергија. Европската унија мора да престане да ја спонзорира руската воена машинерија“, рече Зеленски, а пренесува Гардијан. Претседателот на Украина додаде дека разговарал за западните санкции против Русија со група меѓународни и украински експерти кои „ги процениле воведените санкции и како Русија се обидува да ги заобиколи“. Тој изјави дека групата подготвила конкретни предлози за тоа како да се елиминираат слабостите во санкциите и како веднаш да се…

Read More

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и репрезентативец на Колумбија, Фреди Ринкон, почина на 55-годишна возраст, соопшти прес-службата на ФИФА. Тој имаше сообраќајна несреќа на 11 април во Кали (Колумбија), неговиот автомобил се судри со автобус. Поранешниот фудбалер со сериозни повреди на главата е пренесен во болница и опериран. Денес, 14 април, Ринкон почина во болница. Ринкон играше за Реал Мадрид од 1995 до 1996 година, во Европа играше и за Наполи. Фудбалерот двапати стана шампион на Колумбија како дел од клубот Америка (Кали), а три пати го освои и бразилското првенство (еднаш со Палмеирас и двапати со Коринтијанс). Покрај тоа,…

Read More

Бугарија има значителни проблеми со човековите права, сериозни проблеми со независноста на судството, корупција, нетолеранција и ограничувања на слободното изразување, вклучително и закани за насилство врз новинарите и корпоративен и политички притисок врз медиумите во земјата. Тоа е наведено во годишниот извештај на Стејт департментот за човекови права на во Бугарија минатата година. Амбасадата на САД во Софија го објави делот од извештајот кој се однесува на Бугарија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, во извештајот се соопштува за сериозна корупција. Корупцијата, заедно со неефикасноста и недостиг на отчетност, се меѓу причините за ниското ниво на доверба во…

Read More

САД ја разгледуваат можноста висок претставник да го посети Киев, во знак на солидарност со Украина, објавија дел од американските медиуми повикувајќи се на неименуван владин извор. Според него потенцијални кандидати за посета на Киев се американскиот државен секретар Ентони Блинкен или министерот за одбрана Лојд Остин. Досега во посета на Киев беа повеќе европски политичари.

Read More

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Косово. Министерката во Приштина, ќе има средба со министерот за одбрана на Косово, Арменд Мехај, со кого ќе потпишат договор за соработка. Петровска во командата на НАТО мисијата на Косово, КФОР, ќе се сретне со заменик – командантот на мисијата, италијанскиот бригаден генерал Лука Пиперни, по што во Командата на регион Запад, во Пеќ, ќе се сретне со командантот на оваа команда, полковникот Марко Јавароне, како и со контингентот од 74 припадници на Армијата на Македонија кои се дел од оваа мисија. Северна Македонија од 2007 година обезбедува…

Read More

Агенцијата за бегалци на ОН ја повика владата на Обединетото Кралство да интервенира за да спречи самци Британци да приоѓаат на осамени Украинки кои бараат засолниште од војна и кои притоа се изложени на сексуална експлоатација. По тврдењата дека осамените мажи ја користат шемата „Домови за Украина“ за да ги таргетираат ранливите жени од Украина, високиот комесар на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) изјави за Гардијан дека бараат „посоодветен процес на поврзување“ за да се осигура дека жените и жените со деца се прифатени од семејства или од брачни парови. Барањето на глобалната агенција за бегалци следи по извештаите дека…

Read More

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар затвори градилиште на Водно лоцирано на улицата „Христо Чернопеев“ бб. Овластен градежен инспектор доднесе решение со кое се наредува на инвеститорот, физичко лице со живеалиште во Струга, во законски предвидениот рок да прекине со сите градежни активности и да ја отстрани градбата. Се работи за објект од втора категорија со намена А1 – домување во станбени куќи, со димензии 11.8 метри на 8.9 метри, изграден од армирано бетонска конструкција на улица „Христо Чернопеев“ бб, дел од локалитетот Тасино Чешмиче 1 и Тасино Чешмиче 2. На инвеститорот на објектот, овластен градежен инспектор во јули минатата година, му издал решение со…

Read More

Нивниот свет е свет на приватни авиони, луксузни париски апартмани, австриски скијачки одмори и школување на елитните универзитети во Лондон и Њујорк. Нивните родители поседуваат врвен недвижен имот на најексклузивните авении на европските метрополи. Нивните профили на социјалните мрежи се исполнети со дизајнерски фустани и настани на црвениот тепих. Додека нивните родители јавно се противат на Западот, нивните деца растат токму во земјите чии општества тие тврдат дека не ги сакаат. Тоа се децата на Кремљ. Самиот Путин во говорот минатиот месец ги критикуваше Русите кои можеби „ментално“ се согласуваат со Западот, обвинувајќи ги дека мислат дека се дел од…

Read More

Господине Заев, доаѓате во Атина како гостин на Алексис Ципрас за конференцијата на СИРИЗА. Вие двајца, заедно со министрите за надворешни работи Никос Коѕијас и Никола Димитров, го постигнавте Преспанскиот договор. Договор кој доведе до изборен пораз на СИРИЗА во 2019 и ваше отстранување и отстранување на министрите од политичката сцена. Дали Преспанскиот договор беше причина за тоа? Сакам да ми одговорите од срце, да знаевте дека тоа ќе се случи дали ќе ставевте потпис на Преспанскиот договор?  -Договорот од Преспа го претвори проблемот во решение, конфликтот во соработка, непријателството во сојузништво. Дали пред 2018 година бевме соседи кои не…

Read More

Откако тројца од обвинетите Орце Камчев, Ненад Јосифовиќ и Ристо Новачевски – кум на Груевски детално го потврдија обвинителниот акт за предметот „Плацеви на Водно“, а сами со своите тврдења останаа обвинетиот Сашо Мијалков и неговиот братучед Никола Груевски – првообвинет во случајот, обвинителката Лиле Стефанова побара затворски казни за Мијалков и за Груевски. „Покрај кривичното дело перење пари, на Груевски му се става на товар и противправно стекнување имот и негово прикривање. Дополнително, тој се крие и е во бегство, па оттаму барам да му се одредат највисоките пропишани казни”, рече Стефанова. Во однос на Мијалков таа подвлече дека…

Read More