Published: Thursday, April 14, 2022 08:50
САД ја разгледуваат можноста висок претставник да го посети Киев, во знак на солидарност со Украина, објавија дел од американските медиуми повикувајќи се на неименуван владин извор.
Според него потенцијални кандидати за посета на Киев се американскиот државен секретар Ентони Блинкен или министерот за одбрана Лојд Остин.
Досега во посета на Киев беа повеќе европски политичари.




