Author: Соња Крамарска

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против претседателот на Државната изборна комисија во период од јули 2018 година до јануари 2021 година, и против претседателот и двајца членови на комисија за јавни набавки на ДИК во 2019 година, поради злоупотреба на службена положба и фаворизирање на компании на тендери за јавни набавки. Во наведениот период претседател на ДИК беше Оливер Деркоски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ. На Деркоски му се става на товар што како претседател на ДИК без да објави јавен оглас и без да спроведе јавна набавка, извршил набавка…

Read More

Германија ќе престане да користи руска нафта и гас „што е можно побрзо“, но ако го стори тоа веднаш ќе предизвика премногу економска штета дома, изјави министерот за финансии Кристијан Линднер. Шефот на Комисијата на ЕУ, Урсула фон дер Лајен, изјави пак, дека Европската унија ќе воведе дополнителни санкции кон Русија, најверојатно за гасот и нафтата. Вчера ЕУ ги објави своите планови да воведе петти пакет санкции кон Русија, вклучувајќи забрана за увоз на руски јаглен. „Овие санкции нема да бидат нашите последни санкции. Да, сега го забранивме јагленот, но сега треба да ја разгледаме и нафтата“, рече фон дер…

Read More

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски ќе ја предводи владината делегација на седмиот „Делфи економски форум” во Грција. Во рамки на Форумот во различни денови учествуваат и вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори Фатмир Битиќи, како и министрите за надворешни работи Бујар Османи, за финансии Фатмир Бесими, за економија Крешник Бектеши, за одбрана Славјанка Петровска и министерот за животна средина Насер Нуредини. „Делфи економскиот форум” се одржува од 6 до 9 април и е под покровителство на претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу. Во рамки на посетата на Грција, премиерот Ковачевски ќе оствари средби и работни состаноци со лидери и…

Read More

Вечерва со почеток во 19 часот, во ресторанот „Валтер“ во трговскиот центар Галерија (Белград на вода), филмските фанови и љубители на културно -историското наследство од поранешна СФРЈ ќе се потсетат на култниот филм „Валтер го брани Сараево“. Повод е 50-годишнината од неговата премиера. На настанот ќе присуствува и Игор Гало, актер, режисер и продуцент кој ја играше улогата на Малиша и е единствениот жив актер од плејадата врвни актери кои играа во филмот. „Валтер го брани Сараево“ е возбудлив, преполн со акција, шпионски филм за сараевските илегалци и нивниот водач, партизанскиот разузнавач Владимир Периќ Валтер, кој го игра Велимир Бата…

Read More

Владата и официјално ја донесе одлуката за амбасадори на Република Северна Македонија во Вашингтон, мисијата во ЕУ во Брисел и во Париз да ги именува Зоран Попов, Теута Арифи и Виктор Димовски. Зоран Попов е актуелен државен секретар во МНР. Попов е дипломат од кариера кој пред назначувањето за државен секретар во 2017 беше во дипломатска мисија во Брисел. Попов има искуство и во меѓународните организации каков што е Регионалниот совет за соработка со седиште во Сараево. Ова ќе биде прв амбасадорски мандат на Зоран Попов. Одлуката на Владата Попов да ја извршува оваа престижна дипломатска функција дојде по неуспехот…

Read More

„Доцна вечерва би сакал да ја соопштам и оваа позитивна вест директно од овде, од Берлин. Со мојот колега, министерот за земјоделие на Република Бугарија, Иван Иванов, договоривме дека од Република Бугарија ќе обезбедиме дополнителни количества на пченица. Заедно со нашите соседи на ваков начин градиме вистинско добрососедство и сплотени многу полесно ќе ја пребродиме и ќе се справиме со постоечката криза”, објави вечерва на својот Фејсбук профил министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Министерот се наоѓа во Германија каде што на покана на германскиот министер за храна и земјоделство Џем Оздемир учествуваше на конференција во Берлин во рамките на…

Read More

Обезбеден е природен гас до 15 април, кога завршува грејната сезона во Скопје, а од страна на Макпетрол сме известени дека има договорени и веќе платени количини на природен гас до крајот на април, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Во врска со евентуалното барање на Русија земјава природниот гас да го плаќа во рубљи, Бектеши рече дека се во постојан контакт со Народната банка и со Европската централна банка, бидејќи од почетокот на март рубљата повеќе не е застапена на курсните листи во земјава. -За тоа како ќе се одвива ситуацијата од мај па натаму редовно правиме консултации…

Read More

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска рече дека последните истражувања покажуваат дека сензибилитетот на граѓаните против корупцијата е зголемен, а толеранцијата намалена, што за Владата вели таа значи поголема одговорност и поттик да работи поефикасно на сузбивање на корупцијата. „Спречувањето на корупцијата е процес во кој треба активно да бидат вклучени сите институции, МВР, Финансиската полиција, Обвинителството, ДКСК, ДЗР и сите останати институции. Бидејќи ако една од нив затаи, овој ланец не може да функционира соодветно, а процесот нема да биде ефикасен“, оцени вицепремиерката Грковска на денешната работилница за јакнење на капацитетите и имплементацијата на Конвенцијата…

Read More

Вчера на 60-годишна возраст во Скопје почина Владо Богоев, новинар и еден од основачите на весникот „Дневник“. Веста денеска ја објави неговиот син Стефан Богоев, кој на Фејсбук напиша: „Си замина мојот татко, а ваш другар и пријател Владимир Богоев. Тажен сум зошто го нема, пресреќен сум зошто го имав во животот“. Богоев припаѓаше на средната генерација новинари. Беше познат „дескаџија“ во дневниот весник „Вечер“, но и автор на текстови од областа на политиката. Кариерата ја продолжи како еден од тројцата основачи на весникот „Дневник“, во кој остана до пред затворањето на весникот. Неговите колеги од медиумската сцена денес со…

Read More

За ефикасна борба против корупцијата, освен законската рамка, е неопходно нејзина доследна примена преку ефикасен систем кој нема да зависи од човечки фактор или гарнитура на власт туку ќе функционира транспратентно и ефикасно, како и поединечна посветеност на сите институции влучени во системот за борба против корупцијата, но и нивна меѓусебна соработка, порачаа учесниците на Националната работилница за имплементација на Конвенцијата на ОН против корупција. На конференцијата учестуваа и вицепремиерката Славица Грковска, министерот за правда Никола Тупанчески како и претседателката на ДКСК Билјана Ивановска. Вицепремиерката Славица Грковска на конференцијата истакна дека „треба да се работи на воспоставување систем за борба против корупцијата кој ќе…

Read More

Пријателски со моите колеги од Бугарија – објави на социјалната мрежа Фејсбук заменичката на премиерот Славица Грковска која е на чело на ресорот што се грижи за добро владеење на Владата и на владиниот апарат. Грковска притоа објави и фотографија со гостите од Бугарија на која е во друштво и со министерот за правда Никола Тупанчески, за кого јавноста очекува да ги достави до вицепремиерката уплатниците и другите докази дека платил за летот до Палермо и другите трошоци при неговото патување и следење на фудбалскиот натпревар меѓу македонската и италијанската репрезентација. Тупанчески деновиве изјави дека сите сметки и извршени трансакции…

Read More

Трите ексклузивни стана од вкупна површина од околу 750 квадратни метри во објектот „Панорама резиденс“, за кои во предметот „Плацеви на Водно“ бизнисменот Јордан Камчев рече дека се чуваат за експремиерот Никола Груевски, од денеска се замрзнати. Обвинителката Лиле Стефанова, на денешното судско рочиште, го достави предлогот тие да се замрзнат, а судот одлучи да прифати. Овие станови се во сопственост на фирмата „СС инвестмент“, чиј сопственик е Мето Стојчевски, сопруг на сестрата на Орце Камчев, и за нив Камчев во својот исказ кажа дека биле дадени како замена за атрактивните парцели на Водно кои се предмет на обвинение. Покрај…

Read More