Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Тешката состојба во Украина е тема во целиот свет, но напливот на вести за воените дејствија ги загуши вестите за обичниот човек кој најмногу страда при војна, за луѓето чии домови се разрушени, кои не можат да заработуваат за живот, чии деца седат во скривници наместо во училишните клупи. На таа тема разговаравме со амбасадорката на Украина, Наталија Задорожњук, која е во секојдневна комуникација со својата татковина. Госпоѓа амбасадорке како сте? Ова интервју го правиме со цел македонската јавност да добие слика како им е на оние кои најмногу страдаат во Украина а за нив најмалку има вести, тоа се…
Поради неуспешниот трипартитен дијалог, како што се вели во соопштението, помеѓу Управниот одбор на Пошта на Северна Македонија, Владата и синдикатот на поштата како и нереализирање на барањата на вработените, поштарите најавија генерален штрајк за 14 април. Причините се неизвесната иднина на над 2200 вработени и иднината на компанијата, како и неизвесноста од зачувување на нивните работни места, и неоствареното барање за линеарно зголемување на платите од 3.000 денари. Вработените тврдат дека платите не им се зголемени повеќе од 30 години. Бараат итно линеарно зголемување на платите за 3000 денари, гаранција за зачувување на работните места, редовна плата и нова систематизација.…
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски денес имаше средба со Андреа Касконе, Директор за Јадранот и Западниот Балкан во Министерството за надворешни работи на Италија. На средбата Муцунски истакна благодарност за принципиелната поддршка од страна на Италија која ја дава на Македонија на нејзиниот пат кон членство во Европската унија. Муцунски пред Касконе ја потенцирал и поддршката која ВМРО-ДПМНЕ ја дава за побрзо отворање на пристапните преговори со ЕУ врз основна на европски вредности и критериуми, се вели во партиското соопштение.
Претседателот на рускиот Истражен комитет, Александар Бастрикин, побара Комитетот да ги анализира извештаите за цивилни убиства во киевското предградие Буча, повторувајќи го негирањето на руското Министерство за одбрана за каква било вмешаност во инцидентот. „Според нашите информации, со цел да се дискредитира рускиот воен персонал, Министерството за одбрана на Украина им дистрибуираше на западните медиуми видео снимки снимени во градот Буча, регионот Киев, од наводен масакр на цивили“, се вели во соопштението од Истражниот комитет. Кремљ ги доведе во прашање извештаите за Буча и ги отфрли сите обвинувања за руска воена вмешаност. „Од она што го видовме, на тие видеа,…
Финска може да донесе одлука дали да се приклучи на НАТО за само неколку недели а одлуката е можна „во текот на оваа пролет“. Одлуката ќе се забрза по сцените од воените злосторства од Украина, кои вчера го обиколија светот. Земјата може да се приклучи на трансатлантскиот воен сојуз и покрај предупредувањата за одмазда и „воените и политичките последици“ од Кремљ. Премиерката Сана Марин рече дека „и приклучувањето кон НАТО и неприклучувањето се избори што имаат последици“. „Треба да ги процениме и краткорочните и долгорочните ефекти. Во исто време, мора да ја имаме на ум нашата цел: обезбедување на безбедноста…
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки повика на формирање „независна комисија“ која ќе ги истражи руските воени злосторства во Украина, додека светските лидери продолжуваат да ги осудуваат злосторствата во Буча. „Предлагаме формирање меѓународна комисија за истрага на злосторствата во градовите во Украина“, рече денес Моравјецки на прес-конференција во Варшава. Во оваа комисија би биле вклучени лекари, криминолози и специјалисти, додаде премиерот. „Буча, Ирпин, Хостомел и Мотижин се местата што ќе ги паметиме. Русите извршија злосторство геноцид. Мора да биде соодветно документирано и проценето“, додаде Моравјецки во твитот објавен денеска. Во својот говор тој ја нарече Русија „тоталитарно-фашистичка држава“ која мора да биде…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги нападна западните лидери кои според него ги овозможиле руските воени злосторства во Украина, вклучително и поранешната германска канцеларка Ангела Меркел и поранешниот француски претседател Никола Саркози. Во обраќањето одржано синоќа по извештаите за воени злосторства извршени од руските сили Зеленски рече: „Ги поканувам г-ѓа Меркел и г-дин Саркози да ја посетат Буча, за да видат дека политиката на 14 -те години отстапки за Русија доведоа до тоа“, додавајќи дека сака тие „со свои очи да ги видат измачените Украинки и жени“. Зеленски истакна и дека Советот за безбедност на ОН ќе се состане утре за…
Овој четврток во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го изведе концертот насловен „Омаж за Саша Николовски -Ѓумар“, посветен на големиот македонски диригент кој почина во 2017 година. Пред концертот во фоајето на Филхармонија ќе биде отворена и изложба на дела од Саша Николовски -Ѓумар, кој освен диригирањето кое му беше професија, имаше пасија и кон сликањето и пишувањето. На програмата на овој концерт се две дела од рускиот композитор Сергеј Рахмањинов – Концерт за пијано и оркестар број 3 и „Симфониски танци“. Како солист на пијано ќе настапи македонскиот пијанист Дино Имери, а диригент е Вања Ѓумар Николовски. Дино Имери (1990) е еден од најреномираните македонски…
Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека неговата желба е да има целосно блокирање на рускиот извоз на јаглен и нафта во Европската унија оваа недела, по откривањето на, како што рече, „воените злосторства“ во украинскиот град Буча. Говорејќи за француската телевизија Франс Интер, Макрон рече дека има „многу јасни знаци“ дека се извршени воени злосторства во Буча и „прилично е утврдено дека руската армија е таа која е одговорна за нив. „Не можеме да дозволиме да се извлечат. Мора да имаме санкции како одговор на она што се случи во Буча и она што се случува во Мариупол“, рече тој.…
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со унгарскиот премиер Виктор Орбан, во штабот на Фидес во Будимпешта ја славеа победата и четвртиот премиерски мандат на лидерот на конзервативниот табор. „Голема победа за Виктор Орбан. Со среќа и успех нека е петтиот премиерски мандат, четврти по ред. Честитки и за убедливата победа на нашата сестринска партија СНС во Србија. Голема победа за претседателот на Србија Александар Вучиќ. Македонија има пријатели“, напиша Мицкоски на социјалната мрежа Фејсбук, објавувајќи селфи со унгарскиот премиер. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ негира дека во Будимпешта имал средба со неговиот претходник Никола Груевски. „Македонија има голем пријател во Виктор…
Општина Гази Баба објави јавен повик за финансиска поддршка на млади програмери од територија на општината. Предмет на јавниот повик е финансиска поддршка за ИТ обука до 60.000 денари на млади програмери до 29 години со живеалиште на територија во Гази Баба, согласно со утврдени критериуми во правилник. „Цели на јавниот повик за финансирање е финансиска поддршка за обука, усовршување или доедукација на млади програмери не постари од 29 години со живелиште на територија на општина Гази Баба, во некоја од напредните ИТ области во меѓународно сертифицираните едукативни тренинг центри за ИТ во Република Македонија“, велат од општините. Како што…
Според последните информации, на изборите во Унгарија се преброени голем број гласови, а актуелниот премиер Виктор Орбан доби 54,36 отсто од гласовите, опозициската Обединети 33,36 отсто и Наша Татковина 6,44 отсто. „Никогаш не сме се претставиле толку добро како вечерва“, рече Виктор Орбан во своето обраќање пред гласачите, додавајќи: „Почитувани пријатели, извојувавме голема победа, стопроцентно да се гледа од Месечината и од Брисел“, рече тој и се заблагодари за поддршката и помошта. „Победивме во 2010 и 2014 година кога не’ предизвикаа, потоа во 2018 кога беа против нас и во 2022 година кога сите се обединија против нас. Ќе треба…