Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Граѓаните на Унгарија излегоа на избори во голем број, што беше само по себе знак дека конзервативниот премиер Виктор Орбан ќе однесе уште една победа и ќе освои четврти по ред мандат. Според првите проекции Орбан и натаму ќе ја предводи Унгарија. Првичните резултати покажуваат дека национално-конзервативната граѓанска алијанса на премиерот Виктор Орбан, позната под името Фидес, може да се надева на 121 место во парламентот, додека опозицијата би освоила 77 места. Тоа би значело прилично убедлива победа за Орбан, но сепак не двотретинска победа. На изборите им претходеа разместувања во опозицискиот блок кои резултираа со сојуз на шест политички партии…
Заедничките историски книги на 13 земји од Југоисточна Европа во периодот од 1998 до 2016 година добија нов дигитален дом на интернет страницата http://www.jointhistory.net/ . Содржините можат да се читаа бесплатно и тоа на девет јазици, меѓу нив и на македонски јазик. Се работи за уникатна збирка на историски извори создадена во периодот од 1998 до 2016 година од страна на повеќе од 100 историчари и 300 наставници од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Грција, Косово, Црна Гора, Романија, Словенија, Србија и Турција. За целта на овој проект и неговата содржина Борјан Јовановски разговараше со координаторката на проектот Звездана…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес е во посета на Норвешка. Посетата, како што соопшти Министерството е на покана на министерката за надворешни работи на Кралството Норвешка, Аникен Хјуитфелд. Од содржината на средбата со норвешката колешка се пренесува дека двајцата министри „изразија задоволство што двете држави, во речиси 30-годишната соработка, воспоставија партнерски и пријателски односи, кои се карактеризираат со редовен политички дијалог”. Понатаму се додава и дека Османи изразил благодарност за континуираната поддршка што ја добива нашата земја од Норвешка во изминатите три децении, при што оваа нордиска земја се вбројува меѓу земјите најголеми донатори за спроведување на реформската ЕУ…
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, однесе победа во две тужби за клевета и навреда кои ги поднел, едната против СДСМ, а другата против Љупчо Ристовски од Интегра. Основниот граѓански суд Скопје пресуди во корист на Мицкоски во случајот против СДСМ, поради тоа што СДСМ на својата Фејсбук страница го нарекле „антизападен пион“ и „продолжена рака на ‘криминалецот’ Никола Груевски“. Според судот, објава во која од СДСМ напишале „Антизападниот пион Христијан Мицкоски е продолжена рака на криминалецот Никола Груевски“, согласно членот 6 од Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, претставува навреда. Мицкоски барал симболичен надомест од едно евро. Исто…
Постигнат е напредок и прогрес во разговорите и работата на мешовитата историска комисија. Оваа информација ја споделија историчарите од Бугарија пред денешниот состанок. За кои точно историски личности станува збор и каде е точно напредокот официјално ќе кажат по завршувањето на средбата. Она што е сигурно и извесно е дека темата Цар Самоил е завршена, договорено е негово заедничко чествување, додека пак темата за Гоце Делчев се уште не е на дневен ред и за неа ќе се расправа само доколку се најде време на денешниот ден од состанокот, изјавија денес претставници од бугарската страна.
По најавениот концерт на Deep Purple се најавува и концерт на Масимо Савиќ, за 29-ти мај во Скопје. „Со голема надеж дека лошите денови се зад нас, задоволство ни е да ви го најавиме вториот пост-ковид open air концерт во Македонија (само еден ден после концертот на Deep Purple), на 29-ти мај на стадионот на АРМ во Скопје“, се вели во објавата на Авалон. Концертот како што се посочува ќе се одржи на отворено.
Европската комисија не ги доведува во прашање резултатите и методологијата на пописот во Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел. На прашање на МИА дали Европската комисија има коментар за разните заедници и чинители кои не се согласуваат или не ги признаваат резултатите од пописот, Европската комисија вели дека е задоволна од методологијата. – Не ги коментираме тие наводи. Како што е кажано во Извештајот за Северна Македонија од 2021, Законот и Методологијата, врз кои се базирани подготвувањето, организацијата и спроведувањето на пописот, се широко усогласени со релевантните стандарди дефинирани со статистичкото законодавство на Европската Унија, изјави денеска за…
Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква -Охридска Архиепископија (САС на МПЦ-ОА), разгледувајќи ги официјaлните резултати на пописот на населението, изразува сомневање во неговата статистичка прецизност, соопштија денеска. Во соопштението се вели дека применетата методологија во графата религиска припадност очигледно не разликува припадност на религија (христијанство, ислам,јудаизам итн.), на вероисповед (православно христијанство, сунитски ислам, хасидски јудаизам итн.) и на Црква или верски заедници/групи (Македонска православна црква, Исламска верска заедница, Еврејска заедница итн.). „Ова ги прави презентираните резултати конфузни, а со тоа и неточни, затоа што очигледно не ја одразуваат реалната состојба на верска припадност во земјата. Зошто вероисповедта како опција не е дадена само кај…
Заедничките историски книги на 13 земји од Југоисточна Европа во периодот од 1998 до 2016 година добија нов дигитален дом на интернет страницата http://www.jointhistory.net/ . Содржините можат да се читаа бесплатно и тоа на девет јазици, меѓу нив и на македонски јазик. Се работи за уникатна збирка на историски извори создадена во периодот од 1998 до 2016 година од страна на повеќе од 100 историчари и 300 наставници од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Грција, Косово, Црна Гора, Романија, Словенија, Србија и Турција. Проектот заживеа со помош на Европскиот фонд за Балкан (ЕФБ), кој го поддржа создавањето…
Пратеникот Зеќир Рамчиловиќ добил известување од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, со кое му го прифаќа тврдењето дека во учебниците по историја има содржини кои значат вознемирување врз етничка припадност и религија. „Правдата може да е бавна, но секогаш излегува на виделина како и вистината. Пред некој ден го добив Мислењето од Комисијата донесено на 17.02.2022, кое исто така е објавено и на нивната веб страница со кое се утврдува вознемирување врз основа на етничка припадност и религија или верско уверување во областа на образованието. Моето Барање со кое треба да се отстранат несоодветни содржини во учебниците по…
Од денес, 80.000 вработени работници во различни дејности и индустрии, земаат 18.000 денари минимална плата според последните законски измени и дополнувања за раст на минималната плата од март годинава. Дефинирано е дека висината на минималната плата нема да може да биде пониска од 57 отсто од просечната плата. Ова значи дека растот на минималната плата во иднина ќе биде возможен без дополнителни интервенции и Владата очекува многу брзо, таа да ја надмине и сегашната договорена сума. Државата ќе го субвенционира делот врзан за придонеси, со што се олеснува процесот. Процентуално во периодот 2012-2016 година минималната плата е зголемена за 25,2…
Гутереш: 95 отсто од Авганистанците немаат доволно за јадење, а девет милиони се во опасност од глад
Авганистанската економија ризикува да падне во „спирала на смртта“ без итна помош, при што некои Авганистанци веќе се принудени да ги продаваат своите деца и делови од телото за да преживеат, изјави денеска шефот на ОН, Антонио Гутереш. ОН постигнаа помалку од 13 отсто од целта за собирање средства од 4,4 милијарди долари за Авганистан оваа година, рече генералниот секретар на виртуелната конференција на донатори, чиј кодомаќин беа ОН заедно со Велика Британија, Германија и Катар. „Богатите, моќни земји не можат да ги игнорираат последиците од нивните одлуки врз најранливите“, рече тој, откако западните земји се повлекоа од Авганистан минатата…