Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски поверува во објективноста на судството- доби спор против СДСМ

0
By Соња Крамарска on April 1, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 1, 2022 14:15

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, однесе победа во две тужби за клевета и навреда кои ги поднел, едната против СДСМ, а другата против Љупчо Ристовски од Интегра.

Основниот граѓански суд Скопје пресуди во корист на Мицкоски во случајот против СДСМ, поради тоа што СДСМ на својата Фејсбук страница  го нарекле „антизападен пион“ и „продолжена рака на ‘криминалецот’ Никола Груевски“.

Според судот, објава во која од СДСМ напишале „Антизападниот пион Христијан Мицкоски е продолжена рака на криминалецот Никола Груевски“, согласно членот 6 од Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, претставува навреда.

 Мицкоски барал симболичен надомест од едно евро.

Исто така, судот ги оценил како клевета и фејсбук објавите на СДСМ во кои пишувало дека „Мицкоски е пион кој се збогатил благодарение на неговиот шеф и ментор“, како и дека „во 2015 година, Груевски доделил на фирмата на Мицкоски ’Енерготек’ ДОО 33 000 квадрати метри државно земјиште за изградба на хидроцентрали“. Во истата пишувало и дека „Фирмата е 99% сопственост на Мицкоски, а не 7%, како што ја лаже јавноста“.

Уште една клевета, според Граѓанскиот суд, било пишувањето дека „Мицкоски му е вечен должник на Груевски. Тој мора да го штити и прави онака како што сака Груевски. Политиките на Мицкоски се политики на Никола Груевски“.

Тужбата против Љупчо Ристовски од Интегра, пак, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја доби поради изјавата дека Мицкоски го продал името и бил уценет.

СДСМ Суд Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.