Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Ивана Трајчева, Марија Ѓоргева, Валентина Беслимовска, Сузана Мирческа–Кузмановска и Енѓулуше Кадриу–Леши се петте обвинители на кои им беше истечен мандатот и денеска повторно беа избрани во конкуренција на десет обвинители за гонење организиран криминал. Во тимот на обвинителката Вилма Русковски влезе обвинителката Трајчева која претходно беше оценета со висока оценка, а која го застапува предметот „Софтвери“ во кој е обвинет поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски. За обвинители за организиран криминал конкурираа и Златко Биковски, Елизабета Јосифовска, Наташа Сарамандова, Имран Османи, Арсим Адеми, но не го добија потребното мнозинство гласови од Советот на обвинители. Зад реизбраните обвинители застанаа десет…
Девет рути за евакуација кои водат од различни украински градови, вклучувајќи го и опколениот југоисточен град Мариупол, се договорени за денес, соопшти украинската влада. Коридорите се воспоставени да овозможат безбеден транспорт на хуманитарна помош во градовите и безбедно поминување надвор за жителите кои сакаат да заминат. Во последниве денови, зголемен број приватни возила излегоа од Мариупол иако не беше воспоставен формален коридор. Хуманитарниот конвој наменет за градот со денови е заглавен во Бердијанск, околу 80 километри на запад. Украинската министерка Ирина Верешчук, рече дека се договорени други коридори во регионот на Киев, вклучително и од Бородинка до Житомир и од…
Кумановец на возраст од 34 години е осомничен дека сторил кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, додека 37-годишна жителка на Свети Николе е под истрага бидејќи му помогнала при изршувањето на кривичното дело. Основното јавно обвинителство Велес донeсе наредба за спроведување истражна постапка против двете лица откако на 15 март, на автопатот Скопје-Велес, крај наплатна рампа Сопот, полициски службеници откриле 33,82 грама хероин во нивното возило „Рено меган“. Сопатничката е осомничена бидејќи му го ставила на располагање автомобилот кој бил во формална сопственост на нејзината тетка. На кумановецот му е определен 30 – дневен притвор.…
Испитувањето на „Преспа институтот“ спроведено во Северна Македонија на репрезентативен примерок од 1002 испитаници во периодот од 10 до 26 февруари, покажало дека 38,6 отсто од испитаниците одговориле дека Србија е најголем пријател на земјава. Втори се САД со 16,8 отсто, а трета е ЕУ со 7,8 отсто. На истото прашање, но во 2020 година, на врвот била Европската Унија. Како главна причина за падот на рејтингот на ЕУ се смета разочарувањето од одложувањето на пристапните преговори и односот на Унијата кон земјава кога се делеше првичната помош за ковид-19. Додека пак Србија се смета за пријателска земја меѓу другото…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отвори своето обраќање пред Конгресот со пофалба за храброста на украинскиот народ и велејќи дека „судбината“ на неговата земја се решава токму сега среде инвазијата на Русија. Главниот град Киев е „под ракетни и воздушни напади од руските трупи секој ден. Но, тој не се откажува“, рече Зеленски, виртуелно обраќајќи му се на Конгресот, преку преведувач. Тој рече дека неговата земја е „во најтешката војна од Втората светска војна“. „Имам чест да ве поздравам во името на украинскиот народ, храбар и слободољубив народ, кој веќе осум години дава отпор на руската агресија“, рече тој. „Оние…
Во првите два месеца од 2022 година е остварена просечна годишна стапка на инфлација од 7,1 отсто. Забрзувањето на инфлацијата е главно одраз на растот на светските цени на примарните производи храна и енергија, но и општо на увозните цени. Ова доаѓа до израз особено во економиите што зависат од увоз, односно каде што значителен дел од потрошувачката е увезен, како што е случајот и со нашата економија, објави денес Народна Банка по седницата на Комитетот за оперативна монетарна политика. Се додава и дека промените на цените се можни и понатаму, поради пандемијата и случувањата во Украина, но се нагласува…
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе закон во итна постапка за намалување на акцизите на енергенсите за 50 отсто. „Моделот на Владата за намалување на акцизите е сложен и како што гледаме нема позначаен ефект. Во моментов акцизата за дизел и бензин горивата е намалена за само 1 денар. Намалувањето на акцизата не треба да биде врзано со движењето на цената на барелот, туку треба да е фиксно“, изјавија од пратеничката група обвинувајќи ја Владата дека нивниот пристап довел до гужви и недостиг на гориво поради непредвидливост на цените. Токму затоа, велат, бараме фиксно намалување за 50 отсто на акцизите за…
Откако изборите во редовниот рок во октомври пропаднаа поради неисполнување на цензусот, општините Маврово – Ростуше и Центар Жупа и натаму остануваат без градоначалник. Вонредните избори за градоначалник во двете општини требаше да се одржат на 17 април, меѓутоа рокот за кандидирање истекува а освен кандидатот од СДСМ, опозициската коалиција не поднесе кандидатура. „За жал ВМРО-ДПМНЕ не собра храброст да излезе пред граѓаните на Маврово и Ростуше на повторените локални избори кои треба да се одржат на 17 април“, вели Медат Куртовски, кандидат на СДСМ за Маврово-Ростуше. Кандидатот на владејачката партија притоа ја обвини опозицијата за неодговорност кон општината и…
Штрајкот на железничарите продолжи и денеска. Машинскиот и извршниот персонал во „Железници транспорт“ бара исплата на материјалните трошоци, и на првиот дел од платата за февруари. Вчера раководството на Железниците реагираше дека штрајкот на машинскиот персонал не бил писмено најавен и дека е незаконски. Тие тврдат дека редовно им ги исплаќаат платите и надоместоците на вработените, иако Друштвото се соочува со намалени приходи, а во исто време и зголемени трошоци во однос на користење на електричната енергија и нафтата, што енормно ги зголемува вкупните трошоци во редовното работење. Раководството наведе дека „Железници на Република Северна Македонија“ на вработените им ја…
Посетата на Борел беше и помина а одгласите од пораките што ги прати уште долго ќе се вртат низ јавноста која со право очекува Европската Унија да го исполни својот дел од планот Северна Македонија да ги почне преговорите за членство. Брисел прави фатална грешка со оставањето на Северна Македонија надвор од европското семејство, бидејќи проевропските сили кои се сега на власт во земјава, може многу лесно да бидат заменети со проруски односно антизападни сили. Владата веќе не го крие разочарувањето од застојот во европската агенда, се бори со тенко мнозинство во парламентот, а ВМРО-ДПМНЕ чека на следниот агол да…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во среда ќе има виртуелно обраќање пред Конгресот на САД. Обраќањето ќе биде во 9 часот по средноевропско време, се вели во писмото испратено до членовите на Претставничкиот дом и Сенатот од спикерот Ненси Пелоси, јавува Си-Ен-Ен. „Конгресот, нашата земја и светот изразуваат почит кон народот на Украина, кој покажа извонредна храброст, издржливост и решителност при руската неиспровоцирана, злобна и незаконска војна“, се вели во писмото. Во писмото се додава: „Конгресот останува непоколеблив во нашата посветеност да ја поддржиме Украина додека се соочува со суровата и ѓаволска агресија на Путин, и да усвоиме закон за попречување…
Актуелната инвазија над Украина не го засени синоќешното 75-то доделување на филмските награди на Британската академија (БАФТА) чии организатори искажаа зборови на поддршка за украинскиот народ, а водителката му покажа среден прст на рускиот претседател Владимир Путин. Многу од учесниците пристигнаа во лондонската Ројал Алберт Хол во темна боја облека во согласност со мрачното расположение од војната во Украина. Оние ѕвезди кои директно се осврнаа на инвазијата најчесто го правеа тоа користејќи сини и жолти панделки, како што носеа британската актерка Џесика Пламер и 13-годишниот Вуди Норман, кои се појавија покрај Хоакин Феникс во „C’mon C’mon“. Бенедикт Камбербач, чиј филм…