Author: Соња Крамарска

Шпанската полиција разби криминална група за која тврдат дека водела три нелегални фабрики за тутун, каде што украинските бегалци работеле во исклучително лоши услови. Акциите беа спроведени во три региони на Шпанија, во кои беа уапсени 27 лица. Групата наводно шверцувала големи количини тутун претворен во фалсификувани цигари. Фабриките произведуваа повеќе од половина милион кутии цигари дневно, кои се продаваа низ Шпанија и во странство. Полицијата соопшти дека Украинците, кои побегнале од руската инвазија на нивната земја, живееле „набиени“ во монтажни засолништа во фабриките. Работеле долги часови и не излегувале никаде, за да не бидат откриени, бидејќи некои илегално влегле…

Read More

Пендаровски го свика националниот Совет за безбедност. На состанокот што ќе се одржи денес во претседателскиот кабинет, ќе се разговара за безбедносната состојба во државата и евро-атлантскиот регион, а покрај членовите на Советот, на состанокот ќе бидат присутни и директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Зарко Милошевски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски. Состанокот на советот за безбедност следува по новите најновите случувања на релацијата Македонија-Бугарија, состанокот во Тирана, најновите провокации од Бугарија, почетокот на консултациите за уставни измени, хакерскиот напад врз веб страницата на ОБСЕ и напорите на меѓународната…

Read More

„Одржавме заеднички состанок на раководството и пратеничката група на Бугарската Социјалистичка партија. Го добивме третиот мандат и кон оваа задача се однесуваме крајно одговорно. Во четири точки ги идентификувавме најважните приоритети за Бугарија и бугарскиот народ во овие кризи. Тоа се приоритети кои постојат во програмите и во намерите на сите партии, односно баравме она што ќе не обедини, а не она што ќе не раздели“. Ова го изјави лидерката на БСП Корнелија Нинова на вонреден брифинг во парламентот, јави БГНЕС. „Баравме решенија за излез од кризите во кои се наоѓаме, а особено од политичката криза. Ние зазедовме поинаков пристап,…

Read More

По Приштина и во Белград пристигна петчлената делегација на дипломати предводена од специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар. Заедно со нив се и советникот за надворешна политика и безбедност на германскиот канцелар Олаф Шолц, Јенс Плотнер, Емануел Боне, кој е советник на францускиот претседател Емануел Макрон и Франческо Марија Тало, советник на италијанската премиерка Џорџа Мелони. Таканаречената „Големата петорка“ ќе се сретне и ќе разговара со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина и чекорите што ќе…

Read More

СОЊА КРАМАРСКА Немаше медиум во светот кој не објави, на ударно место, дека е уапсен италијанскиот мафиозо Матео Месина Денаро. Веселите, стари, добри Италијани побрзаа да дадат поддршка на социјалните мрежи за апсењето на деценијата. И ним им е преку глава од мафијашите кои го собираат кајмакот.

Read More

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, го осуди синоќешниот напад врз секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид и побара институциите да го расчистат случајот, а напаѓачите да одговараат. „Јас од вчера се занимавам со ова прашање и сум во комуникација со сите институции. Утринава имав можност да имам телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Република Бугарија. Сакам оваа можност да ја искористам остро да го осудам овој напад и да побарам институциите да ги преземат сите мерки за одговорност на лицата кои презеле физички напад поради етнички, културен идентитет на кој било државјанин на Република…

Read More

„Министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, остварил телефонски разговор со својот колега од Република Северна Македонија, Бујар Османи, од кого добил уверување за потребната помош од локалните власти. Привремениот раководител на Генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола и екипа од бугарската амбасада во Скопје се во контакт со повредениот државјанин и се испратени во Охрид“, објави пред малку на својата интернет страница Министерството за надворешни работи на Бугарија. „За жал, нападот од 19 јануари 2023 година е еклатантен пример за тешките последици од системското отсуство на адекватен одговор и посветеност од страна на Северна Македонија, вклучително и…

Read More

Американската вселенска агенција НАСА и производителот на воздухопловни средства „Боинг“ објавија здружување заради развој на идната генерација комерцијални авиони со помалку испуштање јаглерод. НАСА во овој проект ќе инвестира 425 милиони долари во текот на седум години, а „Боинг“ и неговите партнери – околу 725 милиони долари. „Целта се комерцијални авиони што ќе бидат поефикасни околу горивото и ќе имаат бројни придобивки за животната средина, комерцијалната авијација и патниците ширум светот. Ако бидеме успешни, би можеле да ги видиме овие технологии во патничките авиони веќе следното десетлетие“, рече директорот на НАСА, Бил Нелсон. Тој додаде и дека технологиите што се…

Read More

Албанската министерка за образование и спорт Евис Куши најави дека поради лошото време во Албанија ќе биде привремено прекината наставата во 56 училишта. Куши рече дека одлуката е донесена за да се заштитат учениците и наставниците додека не се подобри ситуацијата. Таа информираше дека изгубените часови ќе се надоместат подоцна според календар што ќе го утврди главната дирекција за предуниверзитетско образование. Куши им се заблагодари на родителите и учениците за разбирањето и истакна дека ќе се направи сè што е можно за да се вратат во нормални услови. Во последните 24 часа поројни дождови наврнаа на територијата на цела Албанија. Најпогодени во…

Read More

Делегација предводена од специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак и специјалниот пратеник на САД, Габриел Ескобар, пристигнаа во Приштина околу десет часот, а денеска ќе се сретнат со косовскиот премиер Албин Курти, пренесува Економи онлајн. Покрај Лајчак и Ескобар, во делегацијата се и советникот за надворешна политика и безбедност на германскиот канцелар Олаф Шолц, Јенс Плотнер, како и Емануел Боне, кој е советник на францускиот претседател Емануел Макрон и Франческо Марија Тало, советник на италијанската премиерка Џорџа Мелони. Високите претставници ќе се обидат да го интензивираат дијалогот, во насока на постигнување конечен договор меѓу…

Read More

Дваесет и едно годишниот Х.П. од Охрид синоќа бил нападнат од тројца охриѓани во угостителски објект на кеј „Македонија“, соопшти утрово СВР Охрид. Лицето, како што е наведено, било физички нападнато од С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид, по што му била укажана лекарска помош во Општа болница Охрид. Се работи за секретарот на бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис Трети“. „Според пријавеното од Х.П., во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, а потоа и надвор од објектот, физички бил нападнат од С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид и притоа се здобил со тешки телесни повреди,…

Read More

За 25 години Црна Гора ја напуштиле 140.000 граѓани, 5.000 од нив само лани, а причините за миграцијата, според експертите, се неможноста за заработка, партиските вработувања и општата нестабилност на општеството. „Повеќе од 140.000 луѓе ја напуштија Црна Гора. Тоа е како два Никшиќи, или како Плевља, Херцег Нови, Жабљак и Савник“, изјави Срѓан Периќ од движењето „Пресвртница“. За да се запре овој тренд, на луѓето треба да им се понуди можност самостојно да се реализираат во Црна Гора. „Тоа е можно, но цената што ја плаќаме, во суштина, поради доминацијата на партиите кои буквално одлучуваат за секое работно место, ги демотивира младите“, истакна…

Read More