Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Позитивните сигнали од Алијанса на Албанците навестуваат можност за проширување на владината коалиција со уште осум пратеници. „Постои можност за влез во Владата. Конкретна понуда нема, но ние сме во постојана комуникација. Гледате како е во Собранието. Мислам дека сме 60-60. Собранието не може да создаде мнозинство без помош на Алијансата. Ако не станеме дел од Владата, тогаш одиме на избори. Нема друго решение. Сепак, приоритет за нас се уставните измени и затоа сме спремни да станеме дел од Владата за да го помогнеме процесот“, рече денеска лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари. Дали ова значи дека Алијанса за…
Полицијата во Флорида соопшти дека осум лица биле застрелани за време на настанот по повод Денот на Мартин Лутер Кинг помладиот, а една од жртвите е во критична состојба. Канцеларијата на шерифот потврди дека сите жртви во пукотницата се возрасни. Пукањето се случило во паркот Илоус Елис вчера попладне во 17:20 часот за време на шоуто за автомобили и семејниот забавен ден, на кој канцеларијата на шерифот соопшти дека присуствувале повеќе од 1.000 луѓе. „Повеќе луѓе беа застрелани. Имаше некаков вид несогласување меѓу две страни, и за жал, тие избраа да го решат тоа со пиштоли“, рече заменик началникот на…
Шведска и Финска мора да депортираат или екстрадираат до 130 „терористи“ во Турција пред турскиот парламент да ги одобри нивните кандидатури за влез во НАТО, рече претседателот Реџеп Тајип Ердоган. Двете нордиски држави аплицираа минатата година за влез во НАТО по руската инвазија на Украина, но нивните кандидатури мора да бидат одобрени од сите 30 земји-членки на НАТО. Турција и Унгарија допрва треба да ги поддржат апликациите. Турција рече дека особено Шведска мора прво да заземе појасен став против она што го гледа како терористи, главно курдски милитанти и група која ја обвинува за обидот за пуч во 2016 година.…
Италија од вчера го слави апсењето на шефот на мафијашката организација Коза Ностра, Матео Месина Денаро, кој 30 години беше во бегство. Младите во Палермо дури одржаа и митинг за поддршка пред касарната на карабинерите „Декла Киеза“ и извикуваа „Палермо е наш, а не на Коза Ностра“ и „Браво, браво“, изразувајќи го своето воодушевување од полицијата. Како што пренесува Гардијан, на еден од последните „кумови“ на мафијата на Сицилија му пресудила една полициска дојава, а тоа е дека во наредните денови ќе посети приватна клиника во Палермо за лекување на тумор. 60-годишниот мафијаш, по кого италијанските власти трагаа од 1993…
Под влијание на изразена циклонска активност со центар над Џеновскиот залив и на серија на влажни воздушни бранови, до самиот крај на оваа седмица времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, вели за НоваТВ метеорологот Славчо Попоски. Локално и повремено врнежите ќе бидат поројни и обилни (над 70 л/м2), со што е можна појава на локални поплави. Особено во четврток локално ќе биде нестабило со интензивен пороен дожд, грмежи и силен јужен ветер. Локално овие процеси би можело да бидат застапени во форма на невреме. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец (над 80 км/час).…
Мора да бидеме искрени и да кажеме дека НАТО преку земјите членки, не директно како организација и до сега даде сериозна помош во Украина. Таа помош беше пресудна во неколку наврати, најрвин беа тоа Бајрактар беспилотните летала, па Џевелините, па Химрас системите и сл. кои правеа пресврти во однос на инцијативата на теренот, вели професорот по безбедност, Методи Хаџи Јанев за „Локално“ во однос на последниот развој на настаните во руско-украинскиот конфликт и најавата за испорака на тешко вооружување за потребите на украинската војска. Според него, тоа се одрази на борбениот ритам и на динамиката со која Украина ја бранеше…
Јагленосаниот труп на еден член од семејството на А.Е. (63) во куќата која целосно изгоре синоќа во Струмица на улицата „Пиринска“ број 26 сведочи за големата трагедија од пожарот кој избувнал синоќа по 20 часот. Соседите не можат да поверуват дека се случила трагедија и дека во пожарот загинал нивен сосед. „Беше грозно, страшно. Голем оган избувна. Пламенот се гледаше од далеку, од кај училиштето „Маршал Тито“. Дојдоа пожарникарите и соседите со полевање вода го изгаснаа пожарот. Многу, многу страшно беше“, изјави еден сосед. Според информациите од противпожарната единица од Струмица, загинатиот во пожарот е член на семејството кое живеело…
Косовските дипломати го зголемија бројот на средби со своите колеги од земјите за кои Србија тврди дека го повлекле признавањето на независноста на Косово, објави редакцијата на Радио Слободна Европа на албански јазик. На почетокот на јануари, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека девет земји го повлекле признавањето на Косово и дека се очекува и десетта да го стори истото, без да прецизира за која земја станува збор. Според него, деветте земји се Сомалија, Буркина Фасо, Габон, Есватини (Свазиленд), Либија, Гвинеја, Антигва и Барбуда, Света Луција и Малдиви. На 16 јануари, министерот за надворешни работи на Того во Белград објави…
И сопругот на копилотката во авионската несреќа во Непал загинал во авионска несреќа, во 2006 година
Копилотката на паднатиот непалски авион, Ању Кативада, го загубила и сопругот во авионската несреќа што се случи во 2006 година, јавува Би-Би-Си. Таа беше копилот на авионот АТР-72 на Џети ерлајнс кој се урна во завчера во близина на градот Покара во Непал, неколку минути пред слетувањето. Се верува дека сите 72 патници и членови на екипажот загинале во несреќата, откако 70 тела се извлечени, а спасувачите трагаат по уште две лица кои се уште се водат како исчезнати. Нејзиниот сопруг Дипак Покрел, исто така, загинал како копилот на Jeti Airlines во 2006 година, а токму поради него таа одлучила…
Во емисијата „Само анализа“ на ТВ 24, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на прашањето каква е состојбата со дрогата во државата и дали се прават акциски контроли по угостителски објекти, потенцираше дека контролите на МВР се секојдневни, и додека во текот на летото се реализираа преку оперативниот план „Безбедно лето“, сега се прават преку акцијата „Безбеден град“. „Количините кои што се откриваа изминатиот период покажуваат дека откривачката дејност енормно е зголемена. Пред 2,5 месеци имавме уништување на најголемо количество на дрога, околу 10 300 кг, дрога која беше запленета претходниот период. Така 2022 година можеме да ја оцениме…
Владата посветено работи на унапредување и обезбедување на квалитетни услови за образование на секое дете, вели Ковачевски. Тој истакна дека Министерството за образование и наука ги реализирало сите капитални инвестиции, кои, согласно инвестицискиот план, требало да завршат во 2022 година. „За реализација на капитални инвестиции со кои ќе се унапреди квалитетот на условите за следење на настава од страна на учениците, но и за работа на наставниците, во 2022 година беа обезбедени средства во износ од над 16,3 милиони евра. Во 2022 година имаме реализација на буџетот за капитални инвестиции од речиси 94 отсто. Завршена е испораката на мебел за…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска за време на посетата на Украина оствари работна средба со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба. Османи најсилно ја осуди континуираната руска агресија против Украина. Тој потенцираше дека нападите врз цивилни цели немаат никакво оправдување. Изрази осуда за последниот што се случи во Днепар, во кој имаше и цивилни жртви и повредени деца. Османи ја повика Руската Федерација да ја прекине војната и повторно да се посвети на принципите на ОБСЕ, преку дипломатски пат да се решат сите предизвици. Османи, кој е во Украина во својство на шеф на дипломатијата на земјата…