Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во 2022 година запленети дури 2,4 тони дрога, кривично пријавени околу 800 сторители

0
By Соња Крамарска on January 17, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 17, 2023 09:22
Во емисијата „Само анализа“ на ТВ 24, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на прашањето каква е состојбата со дрогата во државата и дали се прават акциски контроли по угостителски објекти, потенцираше дека контролите на МВР се секојдневни, и додека во текот на летото се реализираа  преку оперативниот план „Безбедно лето“, сега се прават преку акцијата „Безбеден град“.

„Количините кои што се откриваа изминатиот период покажуваат дека откривачката дејност енормно е зголемена. Пред 2,5 месеци имавме уништување на најголемо количество на дрога, околу 10 300 кг, дрога која беше запленета претходниот период. Така 2022 година можеме да ја оцениме како успешна во делот на сузбивањето на недозволената трговија. Имаме околу 2,4 тони запленета дрога во вредност од околу 6 милиони евра на црниот пазар, најголем дел марихуана, но секако и хероин, кокаин, амфетамини, хашиш и околу 20 тони најразлични прекурсори, најдолем дел од спречување на меѓународни транспорти. Секојдневно, секторите за внатрешни работи откриваат случаи на дистрибуција на дрога низ градовите. Во овој период сузбиени се 12 организирани криминални групи со 51 член. Откриени се над 700 кривични дела, а пријавени се околу 800 сторители. Имаме 7 случаи на злоупотреба на контролирано производство на марихуана во правни субјекти со лиценца за производство на медицински канабис во Струмица, Охрид, Битола, Кочани, Куманово и во Струга, при што се откриени  неправилности и запленети се марихуана и стебла „канабис сатива“ и за правните лица и за сторителите преземени се кривично правни мерки. Откриена е една лабораторија за производство на марихуана во Скопје и шест насади со марихуана во Дебар, Струмица, Штип и Битола. Имаме спречено осум меѓународни транспорти, од кои шест на марихуана и по еден на кокаин и хероин. Тоа се најголемиот дел од заплените“, потенцираше Спасовски.

На прашањето околу уличната продажба на дрога, министерот Спасовски рече дека сите сектори за внатрешни работи, редовно спроведуваат акции а како пример наведе дека само во еден ден на подрачјето на Тетово беа приведени 30 лица поради сомнение за нелегална трговија со дрога.

„Сметам дека треба да се преземат и низа други мерки во делот на воспитно – образовниот процес, не само репресивни, сѐ со цел да се подигне јавната свест во делот на консумацијата на дрогата, воспитувањето на децата и младите, нешто што полека, но сигурно го запоставуавме во општеството на сметка на сите овие девијантни појави што ни се случуваат“, рече Спасовски.

запленета дрога МВР Оливер Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.