Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ердоган: Шведска и Финска мора да екстрадираат до 130 „терористи“ за да добијат турска поддршка за НАТО

0
By Соња Крамарска on January 17, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 17, 2023 14:06

Шведска и Финска мора да депортираат или екстрадираат до 130 „терористи“ во Турција пред турскиот парламент да ги одобри нивните кандидатури за влез во НАТО, рече претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Двете нордиски држави аплицираа минатата година за влез во НАТО по руската инвазија на Украина, но нивните кандидатури мора да бидат одобрени од сите 30 земји-членки на НАТО. Турција и Унгарија допрва треба да ги поддржат апликациите.

Турција рече дека особено Шведска мора прво да заземе појасен став против она што го гледа како терористи, главно курдски милитанти и група која ја обвинува за обидот за пуч во 2016 година.

„Ние рековме, ако не ни ги предадете вашите терористи, не можеме да ја ратификуваме апликацијата за НАТО низ парламентот“, рече Ердоган мислејќи на заедничката прес-конференција што ја одржа со шведскиот премиер Улф Кристерсон минатиот ноември.

„За ова да помине во парламентот, прво треба да ни предадете повеќе од 100, околу 130 од овие терористи“, рече Ердоган.

Финските политичари го протолкуваа барањето на Ердоган како лут одговор на инцидентот во Стокхолм минатата недела, во кој беше закачен ликот на турскиот лидер за време на протест.

„Ова мора да беше реакција, верувам, на настаните од изминатите денови“, изјави финската министерка за надворешни работи Пека Хаависто за јавната телевизија YLE.

Хаависто рече дека не знаела за какви било нови официјални барања од Турција.

Како одговор на инцидентот во Стокхолм, Турција ја откажа планираната посета на Анкара на претседателот на шведскиот парламент, Андреас Норлен, кој наместо тоа дојде во Хелсинки во понеделникот.

„Ние нагласуваме дека во Финска и во Шведска имаме слобода на изразување. Не можеме да го контролираме“, изјави претседателот на финскиот парламент, Мати Ванханен, на новинарите на заедничката прес-конференција со Норлен.

Исто така, во понеделникот шведскиот премиер Кристерсон рече дека неговата земја е во „добра позиција“ да обезбеди ратификација на Турција на нејзината кандидатура за НАТО.

Извор: Еуроактив

НАТО Реџеп Тајип Ердоган Финска Шведска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.