Author: Соња Крамарска

Екстремно студеното време во Северна Америка се должи на феноменот наречен „циклонска бомба“, пренесе АФП. Националната метеоролошка служба на САД соопшти дека овој „настан кој се случува еднаш во генерација“ може да стане смртоносен и веќе ги собори рекордите за студено време. Температурите се намалуваат до минус 53ºC во Западна Канада, -38ºC во Минесота и -13ºC во Далас. Снег врне дури и во суптропската северна Флорида. Циклонската бомба е бура која брзо се засилува и се јавува кога воздушниот притисок опаѓа за 20 или повеќе милибари во рок од 24 часа. Ова обично се случува кога топла воздушна маса ќе…

Read More

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи против 12 лица, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, врз основа на расположливите докази донесе наредба за истражна постапка против четири лица за кривично дело „злосторничко здружување“ и „поткуп“, додека останатите пријавени за „злоупотреба на службената положба“ се опфатени во скратена постапка. Причина за истрагата се сознанијата дека на граничниот премин Табановце група полициски службеници на организиран начин барале и примале мито поради што по наредба на обвинител беше спроведена полициска рација. Притоа беа претресени 27 полициски службеници, како и службените простории…

Read More

Генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш е подготвен да посредува кога станува збор за одржување мировен самит за Украина, но само со согласност на сите страни, вклучително и Русија, изјавија од кабинетот на Гутереш. По повод иницијативата на Киев за одржување на самит за Украина, чиј посредник би бил Гутереш, во кабинетот на генералниот секретар било кажано дека може да посредува само доколку сите страни сакаат да биде посредник. Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба вчера изјави дека неговата земја сака да учествува на самит за завршување на војната, но дека не очекува Русија да учествува на тој…

Read More

Во првиот квартал од идната година ќе имаме зголемување на минималната плата, согласно  методологијата што беше направена на самиот почеток на мандатот на оваа Влада, која предвидува дека минималната плата се усогласува 50 проценти со зголемувањето на трошоците за живот и 50 отсто со растот на просечната плата, најави денеска премиерот Ковачевски. „Имаме елемент на зголемување на продуктивноста на трудот и сметам дека економијата може соодветно да одговори на ова зголемување на минималната плата“, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање дали домашната економија во сегашните услови може да издржи нов „минималец“ од 20.000 денари. „Јас бев директно вклучен во…

Read More

Градоначалникот на Пирот, Владан Васиќ, најави дека останува на сила вонредната состојба која беше прогласена синоќа поради истекување на амонијак од вагон-цистерна што излета од шините на пругата Пирот-Димитровград, оценувајќи дека „ситуацијата е под контрола, но не е поправена“. „Најважно е што формиравме комисија од која градскиот штаб за вонредни состојби очекува дополнителни инструкции, односно дали ќе продолжи вонредната состојба, дали децата од утре ќе одат на училиште или ќе се префрлат на онлајн настава и слично. Одлуките ќе зависат од состојбата на теренот, од концентрацијата на амонијак на теренот, од состојбата на цистерните и од тоа што ќе кажат…

Read More

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска изрази уверување дека следната година ќе бидат донесени уставните измени, нагласувајќи оти нема ништо контроверзно во тоа Бугарите, Црногорците и Хрватите да се внесат во Уставот, а забелешките на одредени политички субјекти ги оцени како дневно-политички кореографии во обид да се добие плус некој политички поен. Османи потенцира дека следната недела ќе се интензивираат разговорите за обезбедување двотретинско мнозинство, кое е потребно за да се изгласа потребата за отворање на Уставот. Тој денеска на годишниот брифинг со медиумите истакна дека е крајно нечесно едно од најважните прашања за граѓаните – членството во ЕУ, да…

Read More

По 28 години, на Нова година хрватската куна ќе биде заменета со евро, а ќе бидат уништени повеќе од 500 милиони банкноти и околу 5.200 тони монети. Во последните месеци, бизнисите и граѓаните имале околу 30 милијарди куни во оптек. Тоа е последица на инфлацијата и покажува дека готовината што се чувала во сламени вреќи почнала да се троши. Сепак, побарувачката падна поради промената во евра, вели Тихомир Мавричек, извршен директор на Секторот за готовина на Хрватската народна банка. Повлекувањето на вишоци од куни почна во септември годинава, по туристичката сезона, и ќе продолжи постепено. Рокот за размена на хартиени…

Read More

КФОР денеска соопшти дека го истражува инцидентот што се случи вчера во непосредна близина на патролата на КФОР во областа Зубин Поток, како и дека планира да разговара со сите страни, јави српската радиотелевизија. КФОР на Фејсбук соопшти дека во инцидентот во реонот на Зубин Поток учествувале непознати вооружени лица, како и дека нема повредени или материјална штета, но дека се работи на утврдување на фактите. „Бидејќи се планирани состаноците меѓу сите страни, важно е сите вклучени да избегнуваат каква било реторика или дејствија што можат да предизвикаат тензии. Очекуваме сите актери да се воздржат од демонстрации на сила и…

Read More

На 900 метри надморска височина, во пазувите на планината Баба се наоѓа преспанското село Арвати, каде што живее Руменка Димовска, неуморна жена, која произведува јаболка и подготвува различни овошни преработки од продукти набрани во недопрената природа на нејзиното село. „Нешто најнеблагодарно е да се фрла храна што е произведена со труд и многу љубов. Затоа решив да започнам со сушење на овошје, првенствено на јаболката од нашите овоштарници“, ни открива Руменка, која е членка на Националната федерација на фармери, за тоа како решила да почне да произведува сушено овошје. Јаболката ги суши во сушара, без никакви додатоци, а како што…

Read More

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков денеска е спроведен од затворот од Струга во Кривичниот суд на судење за случајот „Титаник 2“. Тој во струшкиот затвор ја издржува тригодишната казна од случајот „Империја“, јави МИА. Кривичното гонење за тоа дело застарува за четири месеци, односно во април 2022 година. Случајот е во фаза на доказна постапка по вторпат, откако во декември 2019 година Апелацискиот суд Скопје ги укина затворските казни што ги изрече  Кривичниот суд. Мијалков се гони за противзаконско влијание за изборните нерегуларности во 2013 година. Кривичниот суд во 2019 го осуди поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков за…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски му порача на лидерот на Движењето Беса, Билал Касами да не се обидува поддршката за уставни измени да ја условува со барање за предвремени избори затоа што тој не функционира под уцени, а изборите ќе се случат во редовниот термин во 2024 година. „Не функционирам под уцени, изборите ќе бидат во 2024 година, а прашањето за уставни измени е сериозно и државничко прашање затоа што е заокружување на процесот на отворање на кластерите во преговорите со ЕУ. Сега зависи од нас и ова прашање е прашање на принципи дали некој го поддржува европскиот пат или не. Повикувам…

Read More

Утрово имаше дојава за подметнати бомби во две битолски основни училишта „Стив Наумов” и „Тодор Ангелевски”. Наставата е прекината, а вработените и учениците евакуирани. Полицијата ги истражува случаите. Дојави за бомби имаше во половина од основните училишта и пред една недела, но се покажаа дека се лажни. МВР информираше дека дојава за подметната бомба има и во седум скопски училишта, без да прецизира кои. И до две основни училишта во Тетово беа испратени пораки за подметнати бомби. На удар се најдоа основните училишта „Лирија“ и „Кирил и Методиј“. Веднаш по дојавите, училиштата се евакуирани, а на местото дојдоа екипи на…

Read More