Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОН: Гутереш подготвен да посредува на евентуален мировен самит за Украина, но со согласност на сите страни

0
By Соња Крамарска on December 27, 2022 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Фото: unhcr.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 27, 2022 09:51

Генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш е подготвен да посредува кога станува збор за одржување мировен самит за Украина, но само со согласност на сите страни, вклучително и Русија, изјавија од кабинетот на Гутереш.

По повод иницијативата на Киев за одржување на самит за Украина, чиј посредник би бил Гутереш, во кабинетот на генералниот секретар било кажано дека може да посредува само доколку сите страни сакаат да биде посредник.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба вчера изјави дека неговата земја сака да учествува на самит за завршување на војната, но дека не очекува Русија да учествува на тој собир.

Кулеба изјави дека неговата влада сака да се одржи „мировен“ самит во следните два месеци, чиј посредник би бил генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Тој рече дека пред директните разговори на неговата земја со Москва, Русија мора да се соочи со Трибуналот за воени злосторства и додаде дека, сепак, другите земји имаат целосна слобода да разговараат со Русите, како што беше случајот кога беше постигнат договор за извоз на жито меѓу Турција и Русија.

Кулеба, исто така, изјави дека е „апсолутно задоволен“ од резултатите од минатонеделната посета на претседателот Володимир Зеленски на САД и откри дека американската влада направила посебен план ракетниот систем „Патриот“ да биде подготвен да стане оперативен во таа земја за помалку од шест месеци. Обуката обично трае до една година, според Гласот на Америка.

„Секоја војна завршува преку дипломатија“, изјави Кулеба во интервјуто за АП, додавајќи дека секоја војна завршува како резултат на акциите преземени на бојното поле и на преговарачката маса, пренесува Гласот на Америка.

Кулеба рече дека украинската влада би сакала мировниот самит да се одржи до крајот на февруари.

„Обединетите нации би биле најдоброто место за одржување на тој самит, бидејќи не станува збор за услуга за која и да е земја. Поентата е сите да бидат заинтересирани да учествуваат“, рече шефот на украинската дипломатија.

Извор: МИА

Антонио Гутереш Војна во Украина Дмитри Кулеба мировни преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.