Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Петрушевска
БЕСА ќе го поддржи новиот Закон за јавно обвинителство ако СЈО остане да функционира како независна институција, а не како што се предлага да биде составен дел од ЈО. „БЕСА е подготвена да даде поддршка на СЈО за оваа институција да продолжи да работи со полн капацитет, да им се продолжи рокот за иницирање на постапки, а „бомбите“ и натаму да бидат користени како докази во постапките“, рече Фадил Зендели од БЕСА. Од партијата коментираат дека доколку СЈО стане дел од Јавното обвинителство, ќе се претопи во Јавното обвинителство кое и досега беше нефункционално. Зендели додаде дека тие како партија…
30 години по неуспешниот референдум за трамвај во главниот град и неколкуте пропаднати проекти за комплетно решавање на сообраќајниот хаос, Скопје се соочува со комплетна девастација на јавниот простор, а движењето низ градот е секојдневно мачење за неговите жители. Метежот по скопските улици, проблемот со паркирањето но и рекордната загаденост предизвикуваат стрес и нервоза кај сите учесници во сообраќајот. Поради ова, решеноста на скопскиот градоначалник Петре Шилегов за изградба на трамвај наиде на одобрување кај експертите за сообраќај, но напоменуваат дека за надминување на горливиот проблем е најдобро да се воведе брз, а не класичен трамвај. „Ако Скопје избере…
Правниот вакуум што се создава од 30 дена, е доволно време за инвеститорите да поднесат барања за градење на веќе утврдените маркички за градби
На земјиштето кај поранешниот ресторан „Имес“ веќе се нудат станови на продажба
Во Собранието денеска се одржа јавна расправа по новиот Предлог – закон за Агенцијата за национална безбедност што треба да ја замени досегашната УБК. Граѓанските организации и експерти по безбедност нагласуваат дека новото законското решение мора да претпри измени за да се спречи можноста од нова злоупотреба на моќта на УБК со неовластено следење и снимање на поединци. Спорен за нив е членот 26 од Законот со кој се нормира „Следење и снимање на телефонски и други електронски комуникации со посебни технички уреди и опрема, без посредство на ОТА и операторите“. Во овој член пишува дека „Мерката за следење и…
Кривичниот совет донесе одлука да се продолжи притворот за Митко Чавков.
Правдата е задоволена, изјави обвинителката Ивана Трајчева, по објавувањето на пресудите за крвавите настани од 27 април. -Од 17 обвинети, за 16 има пресуда и во таа смисла правдата е задоволена, рече Трајчева. За Игор Дурловски, кој беше ослободен од обвинението, обвинителката рече дека тие останале на првичното обвинение и откако ќе ја добијат пресудата од Судот и ќе ги видат околностите врз основа на кои била донесена, ќе оценат дали ќе поднесат жалба. Драгонската казна за Чавков не е изненадување рече неговиот адвокат Сашо Дуковски. Тој не сакаше да ги коментира наводите во пресудата рече дека ,,пресудата била донесена…
Еден од обвинетите за 27 април Александар Василевски Нинџа кој беше осуден на 8 години казна затвор за терористочко побара куќен притвор, истакнувајќи дека нема намера да бега и ако Апелација му ја потврди пресдуата, во целост ќе ја одлежи. Неговиот адвокат Ѕвонко Давидовиќ рече дека Василевски има мало дете кое не го видел затоа што тој беше во притвор од покренување на обвинението. -Тој беше еднствениот од сите обвинети кој кажа што се случило и затоа доби затворска казна под законскиот минимум. Затоа барам куќен притвор за Василевски, рече Давидовиќ. Александар Василевски Нинџа во сведочењето откри повеќе детали, од…
Скопското Обвинителството бара притвор за шест лица за автобуската несреќа кај Ласкарци. Меѓу нив е и сопственикот на „Дурмо турс“, раководителот на фирмата, возачот на автобусот и лица кои дале одобрение за техничката исправност на автобусот и кои се вработени во друга фирма која исто така е во сопственост на газдата на „Дурмо Турс“. Скопскиот обвинител Сашо Рајчев кажа дека истрагата покажала дека причина за несреќата е големата брзина, но и делумната неисправност на сопирачките. Пред несреќата, возачот возел 99 километри на час, иако било дозволено 80. Во автобусот бил инсталиран посебен уред за манипулација на технографот, кој ја мери…
Членовите на собраниската комисија во чија надлежност е следењето на комуникациите денеска повторно ќе извршат надзор во новоформираната Оперативно Техничка Агенција (ОТА) која според Законот, може да ги следи телефонските разговори само со судски налог. Пред посетата на ОТА, претседателот на Комисијата, Емил Димитриев за НОВА вели дека „ општите формулации во Законот за следење на комуникациите создаваат проблеми во пракса“. „На пример, кога ќе одиме во надзор во УБК или во ОТА и бараме одредени документи, има дилема дали можат да ни се дадат на увид. И на лице место спориме – ние велиме дека смееме да гледаме, тие…
Изборот на новиот концесионер на депонијата „Дрисла“ е одложен поради претседателските избори. На предлог на скопскиот градоначалник седницата на Советот беше одложена, поради правните дилеми дали Градот смее да склучува Договори во предизборен период. Шилегов кажа и дека дал налог на градските служби да почнат постапка за раскинување на Договорот со италијанскиот конзорциум и Дрисла да се врати во владение на Градот. Според Шилегов, градот ќе ја преземе Дрисла врз основа на судската пресуда со која поранешниот избор е поништен. Комисијата формирана од градоначалникот го избра Конзорциумот предводен од германската фирма Шолц за иден концесионер на Дрисла. „Изминатиов период многу…
Специјалната обвинителка Катица Јанева е задоволна од Предлог законот за Јавно обвинителство кој вчера помина на владина седница, а со кој се регулира и работата на СЈО. И покрај фактот што „бомбите„ се укинуваат во новите истраги на СЈО, Јанева вели дека нема да има прекин во постапките. „СЈО ќе продложи да работи во институциите на Македонија, доби неограничен мандат и протокот на предметите нема да заврши со ниту едно законско решение. Без разлика дали ние ќе работиме одредени предмети или Обвинителството за организиран криминал или Јавното обвинителство, сите предмети ќе бидат активни“, кажа специјалната обвинителка Катица Јанева на потпишувањето…