Author: Соња Петрушевска

Адвокатите на Никола Груевски ја искористија и последната можност за жалба пред 8 ноември кога Груевски треба да замине на издржување на казната затвор од две години за случајот „Тенк“. Од адвокатскиот тим на Груевски за НОВА потврдија дека вчера попладне доставиле жалба до Кривичниот совет откако претходно беше одбиена молбата со која бараа да се одложи издржувањето на казната затвор. Со ова, тие го искористија законскиот рок од три дена што го имаа да се жалат до Кривичниот совет. Решението на судијата дека му се одбива молбата беше доставено до адвокатите во петокот, кога беше и донесено, и од…

Read More

Сурија Рашиди од Алијансата за Албанците ја напушти координацијата кај претседателот  на Собранието Талат Џафери на која се договора формирање на собраниско тело за помирување и интеграција. -Не е јасно кој со кого треба да се помири. Се добива впечаток дека се работи за дневно политичка потреба или отворање на мала врата за амнестијата, рече Рашиди. Тој додаде дека Алијансата на Села е за помирување, но околу стратешките цели на државата и за затворање на сите отворени внатрешни прашања. -Ние сме сега во постапка на усогласување на уставните измени и таму ја гледаме вистинската смисла на координативното тело за помирување…

Read More

Од ВМРО ДПМНЕ за НОВАТВ велат дека нема да се дозволи конфискација на имотот затоа што се работи за политички процес во кој за првпат се оневозможува дејствување на една политичка партија. „Ако биде одбиена жалбата до судот, правда ќе бараме и до Европскиот суд за човекови права во Стразбур“, изјавија од партијата

Read More

До петок, судија за извршување санкции во Кривичниот суд има рок да одговори на жалбата што ја поднесоа адвокатите на екс премието Никола Груевски за одложување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“. Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев на брифинг со новинарите кажа дека до Судот денеска пристигнала жалбата од адвокатите која била испратена преку пошта во понеделникот. Доколку жалбата биде одбиена, Груевски има нов рок од три дена да поднесе жалба до Кривичниот совет кој одлучува исто така во рок од три дена. Целата оваа постапка во максимални рокови би требало да заврши за 9 дена, односно до…

Read More

Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ Лука Кржалоски поднесе оставка на својата партиска функција. Во оставката пишува дека „младиот сегмент од популацијата смета дека во последниот период партијата е преокупирана со дневна политика, популизам и задоволување на интересите на мала група луѓе. Покрај тоа што моменталното раководство имаше речиси цела година да излезе со стратегија за горливите прашања, тоа не само што не се случи, туку и ништо не навестува дека ќе пројде до промена на курсот. Дополнително, гледаме дека има континуирано влошување на односите со клучните меѓународни фактори кои, сакале ние да признаеме или не, имаат…

Read More

По Рангелова и Затуровска, оставка од Унијата на жени на ВМРО- ДПМНЕ поднесе и пратеничката Лилјана Кузмановска. Според информации на НОВА ТВ, Кузмановска  поднела оставка од функцијата потпретседател на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ . Од ВМРО- ДПМНЕ за НОВА ТВ велат дека оставката на претседателката на Унијата на жени, Рангелова ,ќе биде разгледана на утрешната седница на Извршниот комитет на партијата и доколку биде прифатена ќе се отвори процес за избор на ново раководство на Унијата на жени. Според истите извори, претседателката на Унијата е таа што треба да го предложи и новиот тим – генерален секретар и…

Read More

Министерката за правда заедно со правни тимови на Владата ќе ги пишуваат нацрт амандманите во кои ќе бидат инкорпорирани и дел од барањата на осуммината пратеници од независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ. По двочасовната средба со осумтемина пратеници од опозицијата кои гласаа за да почне постапката за промена на Уставот, премиерот кажа дека е задоволен од средбата и се надева дека нема да се пробие рокот кој Владата го доби од Парламентот, а тоа е до петок, да се достават нацрт амандманите. -Можам да констатирам дека разговаравме за конкретни насоки коишто ни беа дадени за делот на зајакнување на…

Read More

Осуммината пратеници кои гласаа за уставните измени денеска се појавија во Собранието каде што треба да имаат средба со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и со министерката за правда Рената Тренеска Десковска. Иако дел од нив се обвинети за настаните од 27 април и денеска беа на судењето, предмалку сите тие заедно се појавија во Собранието. На средбата ќе се разговара за нивните предлози како да се подобрат уставните амандмани во однос на македонскиот идентитет и јазик. Во оваа група се пратениците Емилија Александрова, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Владанка Авировиќ, Сашо Василевски, Зеќир Рамчиловиќ, Нола Исмаиловска Старова…

Read More

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска го доставил известувањето од Судот за пресудата на пратеникот Никола Груевски до претседателот на Комисијата за мандатно имунитетни прашања. Претседателот Павле Богоевски сега има рок од 15 дена да закаже седница. Рокот почнува од утре. Според информации на НОВАТВ, во известувањето кое го испратила судијката Добрила Кацарска до Собранието, се наведува дека пратеникот е осуден на правосилна казна затвор од две години. Комисијата за мандатно имунитетни прашања треба да одлучи дали пратеникот Груевски по ваквата пресуда е „недостоен за вршење на пратеничката функција“ што е еден од условите според собранискиот Деловник за одземање на…

Read More

Адвокатите на екс премиерот Никола Груевски оваа недела до Врховниот суд доставиле Барање за вонреден правен лек за преиспитување на пресудата за „Тенк“и Судот да дозволи одложување на затворската казна, се додека не одлучи по вонредниот правен лек, потврдија за НОВА ТВ адвокати кои се дел од тимот кои го застапуваат Груевски. Врховниот суд нема рок до кога треба да ја донесе одлуката. Исто така, адвокатите напоменуваат дека Груевски од денеска од кога го доби упатниот акт за издржување на затворската казна има право да поднесе и молба до Кривичниот суд, според Законот за извршување на кривични санкции да му се…

Read More

Претседателот на Собранието Талат Џафери  ќе ја води комисијата за помирување  која се очекува  да се формира по иницијатива на осумтемина пратеници од опозицијата кои гласаа „за„ уставните амандамни, а за која подршка даде и премиерот Заев. Во оваа Kомисија ќе членуваат координаторите на пратеничките групи и претставници на 8 пратеници. На координацијата кај спикерот Џафери, денеска не присуствувале пратеници на  ВМРО-ДПМНЕ за да се изјаснат дали ќе подржат  формирање на ваква Kомисија, но на прес конференција портпаролот на партијата Наум Стоилковски кажа дека  ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во ова тело и повтори дека партијата ќе поднесе закон за амнестија.…

Read More