Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски прати жалба-Советот одлучува дали на 8 ноември оди во затвор

0
By Соња Петрушевска on November 6, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 6, 2018 14:46

Адвокатите на Никола Груевски ја искористија и последната можност за жалба пред 8 ноември кога Груевски треба да замине на издржување на казната затвор од две години за случајот „Тенк“.

Од адвокатскиот тим на Груевски за НОВА потврдија дека вчера попладне доставиле жалба до Кривичниот совет откако претходно беше одбиена молбата со која бараа да се одложи издржувањето на казната затвор. Со ова, тие го искористија законскиот рок од три дена што го имаа да се жалат до Кривичниот совет. Решението на судијата дека му се одбива молбата беше доставено до адвокатите во петокот, кога беше и донесено, и од тогаш течеше тридневниот рок за жалба.

За жалбата до Кривичен Никола Груевски лично се обратил до претседателот на Собранието Талат Џафери од кого побарал потврда дека тој е член на собраниската Комисија за уставни прашања. Спикерот Џафери денеска рече дека одговорил на барањето на Груевски и до пратеникот, како што велат собраниски извори, била испратена фотокопија од „Службен весник“ дека е член на таа собраниска комисија, со потпис од претседателот на Собранието.

Адвокатите на Груевски бараат извршувањето на казната затвор да се одложи поради неодложни пратенички обврски на Груевски во Собранието каде утре ќе започне расправата по нацрт амандманите во уставната комисија. Истите причини беа наведени и кога адвокатите поднесоа молба до судија за извршување санкции, а која беше одбиена  со образложение дека „Собранието одлучува со мнозинство пратеници“ и дека присуството на Груевски не е неопходно.

Кривичниот совет сега има рок од три дена да одговори на жалбата на Груевски. Овој рок почнува да тече во моментот кога жалбата ќе стигне во Кривичниот совет. Од адвокатскиот тим на Груевски велат дека жалбата била испратена преку пошта. Во судот се очекува да стигне најдоцна утре.

Според упатниот акт,  Груевски треба до 8 ноември (четврток) да се јави во истражниот затвор Шутка на издржување на казната. За утре вечер преку социјалните мрежи е најавен протест за поддршка на Груевски пред Кривичниот суд со почеток во 19 часот.

Груевски жалба затвор Кривичен упатен акт
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.