Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рашиди од Алијанса за Албанците ја напушти координацијата кај Џафери

0
By Соња Петрушевска on November 6, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 6, 2018 12:08

Сурија Рашиди од Алијансата за Албанците ја напушти координацијата кај претседателот  на Собранието Талат Џафери на која се договора формирање на собраниско тело за помирување и интеграција.

-Не е јасно кој со кого треба да се помири. Се добива впечаток дека се работи за дневно политичка потреба или отворање на мала врата за амнестијата, рече Рашиди.

Тој додаде дека Алијансата на Села е за помирување, но околу стратешките цели на државата и за затворање на сите отворени внатрешни прашања.

-Ние сме сега во постапка на усогласување на уставните измени и таму ја гледаме вистинската смисла на координативното тело за помирување околу стратешките цели на државата,  рече Рашиди.

Џафери денеска одржува координација со потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи и претставниците на политичките партии што не се организирани во пратенички групи, со една точка на дневен ред – формирање  „Интерпартиско парламентарно тело за помирување и интеграција“.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ вчера соопштија дека нема да учествуваат во телото за помирување, затоа што сметаат дека правдата не треба да биде селективна, туку сите што се вмешани во настаните од 27 април 2017 да бидат амнестирани. Тоа беше и еден од заклучоците на координацијата на нивната пратеничка група која ја одржаа вчеравечер.

-Нема да учествуваме во Коодинативното тело за помирување затоа што  сè уште немаме содржина на она што би требало да се случува, и според нас тоа е селективноста во правдата која во изминатиот период ја гледаме. Доколку тоа координативно тело донесе заклучоци, одлука или каков било начин за ослободување или решение на проблемите на сите инволвирани од 27 април, ние како пратеничка група ќе го поддржиме тој процес, одлука, закон или што било, изјави Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Алијанса за Албанците координација Рашиди Тело за помирување џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.