Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Петрушевска
Александар Чичаковски, поранешниот претседател на ДИК е избран за судија во Управниот суд. За Чичаковски гласаа 11 членови на Судскиот совет. Дел од членовите рекоа дека Чичаковски ,,покажал квалитети кога претседавал со ДИК“ и очекуваат тој одговорно да ја извршува и новата функција. Пред изборот, членот на Советот Виолета Богојеска рече дека треба да се изберат судии кои веќе работат во Управниот суд. Досега во овој Суд се избираа лица без никакво искуство, а со новиот закон Управниот суд ќе треба да води и судски расправи. -Како ќе водат расправа кога не знаат како изгледа едно судење“, рече Богојески. За…
По неколкумесечни одолговлекувања, Судскиот совет денеска конечно избра претседатели на десетина судови со кои раководеа в.д. претседатели. На седницата која е во тек, Миле Димовски, судија – кривичар, е избран за нов претседател на Основниот суд во Битола, за кого гласаа 13 од вкупно 14 членови на Судскиот совет. Противкандидат на Димовски беше досегашниот претседател на Судот во Битола Дејан Крстанов кој не доби поддршка за нов мандат. Претседателот на Советот Киро Здравев рече дека Димовски има подолго судиско искуство, за разлика од Крстанов кој е со судиски стаж од 7 години и 15 дена. Против изборот на Димовски гласаше…
Судењето за “Трезор” – денеска почна од почеток, поради истекот на 90 дена од последното рочиште кое се одржа на 1 јули и кога беше сослушан сведок на обвинителството. Претходното рочиште закажано пред три дена на 27 септември беше одложено поради отсуство на обвинетиот Мијалков кој имал здравствени проблеми. Неговиот адвокат Шврговски, во петокот до Судот достави медицинска документација за влошената здравствена состојба на обвинетиот и проблеми со желудникот. Мијалков денеска беше во Судот и напомена дека освен во петокот бил редовен на сите останати судски рочишта. Овој предмет го води Судијката Џенета Бектовиќ а застапници на обвинението се Артан…
Сведочењето на Верушевски не ја оспорува автентичноста на “бомбите”
Министерот за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски во интервју за НОВА вели дека Македонија, во овој период пред влезот во НАТО, е во специјална војна со лажните вести кои доаѓаат од дома и од странски држави
На излегување таа се обиде да ги избегне новинарите и излезе од задниот излез на Обвинителството за организиран криминал, а не од влезот каде што ја чекаа новинарите.
Утринава на распит во Обвинителството била повикана и продавачка во Пјер Карден. Таа била повикана за случајот Рекет, а во врска со сомневањата дека Бојан Јовановски купувал мебел од оваа елитна продавница.
Дика пред да влезе во Обвинителството не сакаше да коментира зошто е повикана.
Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска побарa притворот на поранешната шефица на СЈО Катица Јанева да биде продолжен. Како што дознaва НОВА, предлогот за продолжување на притворот утринава е испратен до Судот. Притворот на Јанева истекува во петок. Таа беше притворена откако Обвинителството ја осомничи за вмешаност во случајот „Рекет“. Адвокатката на Јанева Ирена Фрчковска најава дека ќе бара укинување на мерката притвор за поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева. Таа посочи дека бараат Катица Јанева да се брани од слобода, за што предложиле и други мерки за обезбедување, како и гаранција во недвижен…
Судењето за случајот „Монструм“ утре продолжува со истите обвинители кои и досега го застапуваа предметот Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски – неофицијално дознава НОВА. Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески за овој предмет ги овластил истите обвинители – потврдија за НОВА од Јавното обвинителство. Од таму додаваат дека продолжуваат постапките за распределба на предметите. ЈОРМ нема да дозволи одложување на судските предмети и за тоа судење утре има овластени јавни обвинители кои ќе се појават на судењето, коментираат неофицијално од ЈО. Во случајот со петкратното убиство имаше голем број „бомби“, кои веќе ги преслушале обвинителите, а има и загрозен сведок. Одлуката…
Катица Јанева пријавила само една промена во имотниот лист, потврдија денеска од Антикорупциската комисија. Промената се однесува на купување на едно половно возило. Јанева по завршувањето на мандатот има обврска во рок од 30 дена, до Антикорупциската комисија да достави промена во нејзиниот имот. Случајот со Јанева го води Јавното обвинителство, поради што Антикорупциска нема да се инволвира во овој случај за да не се поклопуваат надлежности. Јанева е во притвор од 21 август. Осомничена е дека ја злоупотребила службената положба и овластувањата и се стекнала со лична корист, со тоа што, најпрво влијаела за ослободување од притвор и враќање на…
Aнтикорупциската комисиjа бара од Службите за општи и заеднички работи да го раскинат Договорот со поранешниот претседател Ѓорге Иванов за закуп на канцелариски простории за кои месечно само за кририја се исплаќаат 1.950 евра. Претседателката на Антикорупциската Билјана Ивановска рече дека од документите кои ги добиле, утврдиле дека Договорот „бил склучен во нетранспарентна постапка“ со лица блиски до корисникот и му овозможуваат на сопственикот да се стекне имотна корист. По завршувањето на мандатот, Иванов закупи канцелариски канцеларии во зградата на Џеваир од 274 метри квадратни. Освен месечната кирија од 1.950 евра, за поранешниот претседател се исплаќаат и плати за тројца…