Министерот за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски во интервју за НОВА вели дека Македонија, во овој период пред влезот во НАТО, е во специјална војна со лажните вести кои доаѓаат од дома и од странски држави.

„Не му е секому пријатно што Македонија конечно е на вистинскиот пат“, вели Поповски, кој зборува и за тоа кој е изворот на лажните вести и на кои медиуми се пренесуваат.

Поповски најавува и стратегија за транспаретност со која сите министерства и Владата ќе мора навремено и точно да објавуваат информации – во спротивно ќе има и казни.

Дебата со новинарските здруженија ќе започне во октомври.