Author: Соња Петрушевска

https://www.youtube.com/watch?v=wdxrmqYOAbw&feature=youtu.be Референдумот е шанса да се отворат вратите и вие да станете дел од европското семејство. Вие сте поканети да станете членка на НАТО и имате можност да пристапите во ЕУ, но предусловот е да се има успешен референдум на 30 септември порача германската канцеларка Ангела Меркел на заедничката прес конференција со премиерот Заев по средбата во Владата која траеше еден час. Меркел е прва германска канцеларка која ја посетува Македонија изминативе 27 години, и тоа на денот кога се  одбележува 8 септември – денот на независноста и во пресрет на референдумот за Договорот со Грција што треба да се…

Read More

Собранието одлучи парите што ги доби од Буџетот за кампања за референдумот да ги додели само на телевизии и на радио станици. Се работи за повеќе од 700 000 евра, колку што останаа на посебната собраниска сметка. Од Владата беа префрлени вкупно 80 милиони денари односно повеќе од 1,3 милион евра. Од овие пари, повеќе од 500 000 евра беа предвидени за кампања против Договорот со Грција, но беа вратени на Буџетот, откако ВМРО ДПМНЕ побара парите да се пренаменат за други цели. И претседателот на Собранието Талат Џафери денеска потврди дека Координативното тело на Собранието за водење на референдумската…

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=agZ0GDaY1dI&feature=youtu.be Австрискиот канцелар Себастијан Курц по средбата со премиерот Заев ги повика граѓаните да излезат на рефeрендумот и да го подржат Договорот со Грција, а со тоа и евроатлантската перспектива на земјата. „За Македонија решавањето на спорот за името претставува голема шанса, но и за целиот регион. Би сакал граѓаните на Македонија да ги поканам да учествуваат на овој референдум и да се изјаснат „За“ решавање на спорот за името и за европската перспектива. Секако тоа е одлука на секој поединец и не е  мое да одлучувам за друг, но како пријател на Македонија кој доаѓа од земја членка на…

Read More

„Илузија е дека можете да ја отфрлите Спогодбата, а да станете членки во НАТО“ – порача Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на завршната прес конференција, пред да замине од Македонија. Тој неколкупати нагласи дека земјава се наоѓа пред „историска“ и „неповторлива“ можност да стане членка на НАТО и на ЕУ , но единствениот пат до таму е да се прифати Договорот со Грција. „Јас знам дека некои во земјава мислат дека можат да кажат „не“ на рефрендумот, но „да“ за членство во НАТО и ЕУ – нема таква алтернатива.Опцијата дека може да се отфрли Спогодбата, а да се влезе…

Read More

-Годинава се навршуваат 55 години од катастрофалниот земјотрес, но годинава и се збогуваме со големиот пријател на Скопје, Торвалд Столтенберг, чии дела скопјани се уште ги паметат, како и неговата несебична помош која ја даде по катастрофалниот земјотрес. Со негова помош се изгради Детската болница во Козле, норвешките бараки и имаше голема заслуга за координацијата на активностите на Црвениот крст на Шведска и Норвешка, рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на именувањето на новата улица во градскиот Парк по таткото на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Столтенбергова ќе се вика улицата пред Стадионот „Филип Втори“ на самиот влез на…

Read More

Без дискусија во Комисијата за избори и именувања, Зоран Ангеловски денеска едногласно е предложен за нови директор на Оперативно техничката агенција (ОТА). Власта и опоцијата посигнале консензус и тој е избран меѓу 14 кандидати. Тој се избира со двотретинско мнозинсвто на пленарна седница на Собранието. Ангеловски претходно работел во Агенцијата за разузнавање од 1998 до 2005 година, а бил и инспектор во Град Скопје. Потоа работел во Телеком. Тој ќе застане на чело на новоформораната Оперативно техничката агенција која ќе има задача да го следи прислушувањето, кое повеќе нема да биде во УБК. Формирањето на оваа агенција беше една од…

Read More

Собранието се уште нема план како ќе ги троши парите од буџетот за референдумот. Парите – 1,3 милион евра денеска биле префрлени на посебната сметка на Собранието. На координацијата на пратеничките групи утринава не било договорено како ќе се распределат парите наменети за кампањата ,,ЗА“ референдумот. Можно е до крајот на неделава да се одржат средби со ДИК и со претставници на Агенцијата за медиуми за да се договори на кој начин ќе се делат парите за кампањата. 41 процент од вкупната сума (повеќе од 500.000 евра) ќе се вратат во буџетот, откако пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ побара парите…

Read More

По дописот што до  претседателот на Собранието Талат Џафери, го достави пратеникот Антонио Милошоски со кое бара да му се обезбедат средства за кампања во рефрендумот, од Собранието објаснуваат дека парите што се издвоени за кампања нема да се делат на секој пратеник одделно, туку Собранието ќе закупи медиумски простор пропорционално врз основа на бројот на вкупниот број на пратеници кои ќе се изјаснат „за“ или „против“. „Водењето на јавна кампања не подразбира  дека Собранието, како овластен предлагач, ќе дели средства поединечно на секој од 120-те пратеници за нивно водење кампања за референдумот на државно ниво. Затоа претседателот Џафери, во…

Read More

Единаестгодишното девојче Ева Крстановска кое боледуваше од лимфобластик леукемија и почина вчера, замина засекогаш без да ја добие шансата да се лекува во странство. Директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев денеска кажа дека Фондот за здравствено осигурување одобрил да ги покрие трошоците за лекувањето на 11 годишното девојче Ева во странство, два дена откако до Фондот било доставено барањето од родителите на девојчето. Кога пациентот е во животно загрозувачка состојба, како што беше малата Ева, Фондот има обврска да одговори на барањето за лекување во странство, во најкраток можен рок, односно во рок од 48 часа. Барањето било испратено…

Read More

-Од доказите кои ќе ги презентираме ќе докажеме дека групата била предводена од Александар Василевски – Нинџа и Никола Митревски Кољо кои заедно го планирале насилниот упад и го координирале, знаејќи дека можат да сметаат на другите обвинети, кажа обвинителката

Read More

Серијата приговори ја започна адвокатката на обвинетиот Митко Пешов која рече дека обвинителството не им ги дало сите „записници од сослушувањето сведоци“ кои се понудени како докази“ и побара одложување на расправата

Read More