Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Петрушевска
Во Министерството за правда потврдија дека работната група ги подготвила измените на Законот за Антикорупциска и најавуваат дека во најскоро време тие ќе бидат јавно објавени и за нив ќе се отвори дебата
Во Кривичниот суд денеска се слушаа неколку десетици разговори кои ги водел екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски со повеќе соговорници на 30 мај 2011, на само една недела пред вонредните избори што се одржаа на 5 јуни. Најголем дел се со лица на високи позиции во повеќе институции. Јанакиевски ги координира партиските активности за Гевгелија каде на свој сопартиец му наредува ,,се што е во државна адмимистрација да не оди на работа до избори“, туку да оди од врата до врата и да води пропаганда за ВМРО ДПМНЕ. Во друг разговор тој му се јавува на командирот…
Претседателот на партијата Христијан Мицкоски побарал од сопартијците да се воздржат од објавување на пропагандистички пораки на своите Фејсбук профили, без разлика дали се за „бојкотирам“ или за другата опција, се додека не се дефинира партискиот став
Приватна фирма која била ангажирана за прославата „Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ”, за обезбедување на сценска опрема, бини, системи за озвучување и осветлување, ќе треба да врати околу 30 000 евра во државниот буџет. Од Владата објаснуваат дека „биле потрошени помалку пари од предвидените“ и постапката за враќање на парите е веќе започната. Договорот со фирмата која била ангажирана за бините и озвучувањето бил во во висина од околу 80 000 евра, а се потрошиле 49 000 евра односно по 3200 евра по град. „Договорот за обезбедување на сценска опрема, бини, системи за озвучување и осветлување е…
Меѓу компаниите кои пријавиле до Фондот за иновации дека имаат поврзаност со јавни функционери се и фирми поврзани со поранешни функционери, како што се Веле Самак и Јован Донев.
Според информации на НОВА ТВ, кампањата ќе се води слично како за избори, преку средби со граѓани и митинзи, а ќе бидат вклучени поголемиот дел од министрите
По поканата за членство во НАТО која Алијансата и ја испорача на Македонија, две делегации на НАТО предводени од Генералот Скапароти и директорот за европски партнерства на НАТО МекКи пристигнаа во Македонија. Претседателот Иванов кој ја премолче поканата од НАТО по Самитот во Брисел и немаше обраќање до јавноста, не прими ниту една од овие делегации. Неделава во посета на Македонија беше Врховниот командант на НАТО за Европа, генералот Куртис Скапароти кој се сретна со премиерот Заев и со министерката за одбрана Шеќеринска, но не и со шефот на државата Ѓорѓе Иванов. Иванов кој е и Врховен командант на оружените…
Неофицијално вкупниот број на лица кои заминале во Сирија, се вратиле, биле логистика, идеолози или загинале е 156. Од нив повратници се 83, во затвор во Турција има е лица, во македонските затвори 23, а 57 се на слобода
Дел од спорните гласачи од Пустец и натаму ги има во Избирачкиот список. Електронска проверка на списокот кој од денеска е ставен на јавен увид покажува дека во Избирачкиот спиок и натаму се присутни жители од Пустец. Таков е случајот со 17 жени и мажи кој живеат на иста адреса, улица 29 ноември 116 во Ресен и кои се уште ги има на Избирачкиот список. Од Државната изборна комисија велат дека тие не можат „на своја рака“ да ги избришат овие жители. „Процедурата е следна – граѓаните сами треба да отидат во МВР и да побараат смена на адресата…
Перформансите се очигледно разочарувачки и земјата јасно треба да преземе поодлучна и фокусирана акција во однос на голем број на препораки издадени пред четири и пол години, се вели во најновиот извештај на ГРЕКО – тело на Советот на Европа, основано да го надгледува спроведувањето на антикорупциските стандарди на организацијата од страна на земјите членки. ГРЕКО заклучува дека сегашното многу ниско ниво на почитувањето на препораките е “глобално незадоволително” и бара да види конкрeтни поместувања до средината на 2019 година. Критиките се однесуваат за антикорупциските мерки кои требало да ги спроведат пратениците, судиите, обвинителството и ослободувањето на ДКСК од политички…
Комотното однесување на власта на нецели два месеци пред референдумот и поведението на опозицијата од друга страна навестува неизвесен исход на референдумот. Ситуацијата дополнително се комплицира кога власта која е на удар поради сомнителни тендери, не успева да манифестира неселективност против корупцијата со што би ја зацврстила довербата меѓу граѓаните и гласачите, а политичката сцена ја „окупираат“ маргинални групи кои повикуваат на бојкот. Во ваков политички контекст, дебатата за референдумското изјаснување е сведена на полувистини или на молк кои продуцираат збунетост и емотивни реакции кај граѓаните. Македонија се наоѓа пред исклучителен важен момент и тешко може да се очекува „коцките…
Еден месец по смртта на 13 годишното девојче Елмедина кое се удави во ископ полн со вода во општината Илинден, се уште не е утврдена одговорност. На прашање од НОВА ТВ до каде е постапката и што утврди досегашниот тек на истрага,од Обвинителството одговорија: „Веднаш по настанот е издадена наредба за обдукција на починатото лице, како и насоки за прибирање дополнителни податоци. Побарани се информации за фирмата која ги изведувала градежните работи и за текот на градбата. Во исто време, се прибираат податоци од инспекциските служби и од други надлежни органи за да се утврди евентуална кривична одговорност. Се очекува…