Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рефeрендумот распнат меѓу комоцијата на СДСМ и неодговорноста на ВМРО

0
By Соња Петрушевска on August 7, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 7, 2018 15:41

Комотното однесување на власта на нецели два месеци пред референдумот и поведението на опозицијата од друга страна навестува неизвесен исход на референдумот. Ситуацијата дополнително се комплицира кога власта која е на удар поради сомнителни тендери, не успева да манифестира неселективност против корупцијата со што би ја зацврстила довербата меѓу граѓаните и гласачите, а политичката сцена ја „окупираат“ маргинални групи кои повикуваат на бојкот. Во ваков политички контекст, дебатата за референдумското изјаснување е сведена на полувистини или на молк кои продуцираат збунетост и емотивни реакции кај граѓаните. Македонија се наоѓа пред исклучителен важен момент и тешко може да се очекува „коцките повторно да се наместат како сега“ велат соговорниците на НОВА ТВ.

Професорот Денко Малевски вели дека „процесот е отпочнат и  преку Собранието треба да се доведе до својот логичен крај, а тоа е изјаснувањето  на граѓаните на 30 септември, кое е сега е во рацете на мнозинството кое што ќе гласа „За„ на референдумот.

Во однос на политичката реалност, Малевски вели дека однесувањето на опозицијата покажува дека не се свесни за сериозноста на моментот а на власта и забележува дека не е присутна на терен во клучни моменти за државата.

„Поведението на опозицијата покажува дека тие не се свесни за сериозноста на моментот и за можноста  да предизвикаат многу сериозни проблемите за државата Македонија, доколку се пропушти оваа навистина историска шанса што е пред нас, зашто што  се плашам дека во случај на неуспех коцките тешко  можат одново да се наместат како што се сега во моментот“ вели Малевски.

Во овој контекст, Малевски потсетува дека лесно може да се  променат политичката сили во Грција, интересот на меѓународната заедница но посебно ја нагласува ситуацијата во Косово која може да предизвика влошување на меѓуетничките односи и радикализација на албанското население кое незадоволно од умерената политика која ја водат нивните партии, а не резултира со решенија како што се ЕУ  и НАТО може да се радикализира во барање на други излези – тоа е толку логично и  е неверојатно што опозицијата не ги зема в предвид овие елементи во своите калкулиции, коментира Малевски.

Малевски критички го опсервира и дејствувањето на власта па забележува дека наместо секојдневно да бидат на терен, претставниците на власта се отсутни и ги нема.

„Забележувам дека власта прекомотно се однесува, јас би очекувал  секојдневно да бидат на телевизија да објаснуваат, ама секој ден, не преку еден ден и да не дозволат оваа тишина да завладее. Најверојатно власта вака се однесува зашто има надеж дека на крајот на еден или на друг начин ќе успеаат да го избуткаат рефррендумот, бидејќи има недоразјаснети ситуации околу улогата на референдумот, улогата на Парламентот, односите внатре во партиите и дали финалното решение ќе биде задолжително или конуслтативно. Меѓутоа се заборава дека ова е битка за умовите и срцата на луѓето кои што биле вртени во други насоки претходните години. Треба да се направи драматичен пресврт.Затоа ова поведение мене не ми се бендисува и би требало многу повеќе да се ангажираат“ вели Малевски.

Од Владата најавија дека се подготвува концептот за референдумската кампања која засега се сведува на кратки пароли објавени по социјалните мрежи. Исто така од таму најавуваат дека во референдумската кампања ќе се вклучат и светски лидери кои ќе порачаат дека државава е пред историски одлуки, но илузорно е да се очекува дека посетите сами по себе можат да гарантираат успех на референдумот, ако се има в предвид дека  дел од граѓаните се уште имаат чувство на цинизам кон странците и повеќе ги сакаат локалните босови кои им раскажуваат библиски приказни.

Аферите можат да влијаат врз резултатот на референдумот

Во пресрет на референдумот, власта трпи  критики од јавноста и поради сериозни сомневања за наместени тендери, што секако ја нарушува довербата со гласачите. Леснотијата со која власта се обидува да ги „реши“ скандалите, со нивно поништување но без да има политичка одговорност за носителите на јавните функции е несфатлива и може да влијае и врз одлуката на граѓаните дали ќе го подржат референдумот. Наместо да демонстрира решеност дека нема да толерира корупција, власта си пука во нога – коментираат политички аналитичари за НОВА ТВ.

 „Овие афери можат да влијаат на резултатот на рефрендумот. За вакви постапки, оставки треба да се поднесат веднаш и да им покажат на граѓаните дека нема да дозволат да се толерира корупцијата. Не  е јасно зошто си дозволуваат да си  пукаат во нога пред оваа референдумска трка и со благост да толерираат вакви ситуации“ прашуваат нашите соговорници.

На ваков начин власта сама ги намалува шансите да влече одговорни потези, без баласт од сомнителни афери на некои носители на јавни функции пред решавање на важно прашање за државата и ризикува гласачите да ги игнорираат нивните политички пораки.

ВМРО-ДПМНЕ Малевски референдум СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.