Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов не се сретнал со Генералот на НАТО зашто бил на одмор

3
By Соња Петрушевска on August 11, 2018 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 11, 2018 14:18

По поканата за членство во НАТО која Алијансата и ја испорача на Македонија, две делегации на НАТО предводени од Генералот Скапароти и директорот за европски партнерства на НАТО МекКи пристигнаа во Македонија.

Претседателот Иванов кој  ја премолче поканата од НАТО по Самитот во Брисел и немаше обраќање до јавноста, не прими ниту една од овие делегации.

Неделава во посета на Македонија беше Врховниот командант на НАТО за Европа, генералот Куртис Скапароти кој се сретна со премиерот Заев и со министерката за одбрана Шеќеринска, но не и со шефот на државата Ѓорѓе Иванов. Иванов кој е и Врховен командант на оружените сили не присуствуваше ниту на вежбата на припадниците на АРМ, на која беше гостинот од НАТО.

Од Кабинетот на претседателот Иванов, на прашање на НОВА ТВ зошто претседателот не се сретнал со Врховниот командант на НАТО, одговорија дека овие денови му биле единствени на агендата за одмор.

„При најавата на посетата на командантoт на Командата на американските сили во Европа и Врховната команда на НАТО за Европа, генералот Куртис Скапароти, на Република Македонија, од страна на Кабинетот на Претседателот беше укажано дека тие се единствените денови, кога Претседателот на Република Македoнија, согласно неговата агенда, е на одмор“, пишува во одговорот што од Кабинетот на Претседателот беше испратен до НОВА ТВ.

Од Кабинетот на Претседателот не одговорија на прашањето на НОВА ТВ, дали Претседателот летува во Охрид или е надвор од државата, па не можел да стигне на средбата со генералот на НАТО.

 

Генералот Скапароти кажа дека Македонија преку долгогодишното партнерство со НАТО постигна значителен напредок во одбранбените реформи и ја пренесе поддршката на Алијансата во однос на заложбите за владеење на правото, сигурност и безбедност во регионот како и посветеноста на демократијата.

 

Ова беше втора посета на висока делегација на НАТО во Македонија, која не остварува средба со шефот на државата. На 25 јули, делегација од НАТО предводена од директорот за европски и глобални партнерства на НАТО, Џејмс МекКи, допатува во Скопје  за да започнат пристапните преговори, со цел Македонија да стане 30 членка на Северно Атланската Алијанса.

Делегацијата на НАТО тогаш се сретна  со премиерот Зоран Заев, со министрите за внатрешни работи, за надворешни и за одбрана и со нивните тимови, а на средбите, како што рече директорот МекКи, се разговарало„ за политичките, финансиски аспекти, но и за аспекти поврзани со самата безбедност“.

Од Кабинетот на Претседателот не добивме одговор – зошто не се сретнал ниту со оваа делегација, иако во тој период, според расположливите информации, тој не бил на одмор.

Учесници во процесот на интеграција на  земјава во  НАТО за НОВА ТВ велат дека „кога станува збор за НАТО, која е политичка и воена организација, Претседателот Иванов како Врховен командант треба да биде присутен на сите средби, но се забележува тенденција на „заобиколување“. По говорот на Мечкин Камен веќе на сите им е јасно какви позиции ќе застапува шефот на државата, пред клучното референдумско изјаснување кое е тесно поврзано и со влезот на Македонија во НАТО – коментираат учесници во процесот, кои нагласуваат дека и покрај дистанцирањето на шефот на државата Македонија веќе ги започна пристапните преговори со Алијансата, а  позитивни оценки доби и од генералот Скапароти.

На Мечкин Камен, Иванов ги повика граѓаните на пожртвуваност и да се спротистават на Договорот со Грција.

„Како што Илинденците со својата жртва го подготвија патот за партизаните, и како што партизаните со својата жртва го отворија патот за нашата генерација во Република Македонија, така и нашата жртва е некогаш неопходна за да опстои тој дух на Републиката…Лага е дека се гарантира членството во ЕУ и во НАТО, зашто без вистински реформи, борба со корупцијата и партискиот клиентелизам, нема евроатлантски интеграции. И да се смени Уставот, членството не следува по автоматизам“ кажа Иванов.

Последен пат Иванов прими делегација од НАТО на почетокот на годинава кога во посета на Македонија беше генералниот секретар Столтенберг.

 

 

 

Иванов Мечкин Камен НАТО одмор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.